1+1 (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„1+1“
Бијонсе 1+1.jpg
Промоционален сингл од Бијонсе
од албумот 4
Пуштена25 мај 2011
ОбликДигитално спуштање
СнименаСтудиото
(Палмс; Лас Вегас, Невада)
Трајангл Саунд Студио
(Атланта, Џорџија)
ЖанрР&Б, соул
Должина4:32
МаркаColumbia Records
ПеснописецТериус Неш, Кристофер Стјуарт, Бијонсе Ноулс
Продуцент(и)Ноулс, Териус Неш, Трики Стјуарт

1+1“ е песна снимена од американската пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот четврт студиски албум, 4, за кој служи како првата песна. За првпат била прикажана од Ноулс на десеттата сезона од Американски Идол на 25 мај 2011. Настапот во живо на Ноулс бил признат од критичарите поради варијациите во нејзиниот глас. Неколку часа по настапот во живо, „1+1“ била издадена преку Columbia Records како промоционален сингл во САД. Песната била напишана од Териус Неш, Ноулс и Кристофер Стјуарт, кој исто така бил и продуцентот на песната. Оригинално наречена „Nothing But Love“, Териус Неш планирал да ја вклучи песната на неговиот втор студиски албум Love vs. Money (2009).

Забавената пауер балада, „1+1“ е Р&Б-соул песна во која женскиот протагонист ја искажува својата љубов кон нејзиниот љубен. Текстот прави изјава за моќноста на нејзината врска. Насловот на песната е заснован на текстот: „Не знам многу за алгебра, но знам дека еден плус еден е еднакво на два“. „1+1“ била генерално добро прифатена од музичките критиачри кои забележале сличности со сингло на Ноулс од 2009, „Halo“. Песната исто така била пофалена за нејзината ниска инструментација, која има максимален акцент на вокалите на Ноулс пополнети со интензивна емоција. „1+1“ се искачила на табелата за Канадски Хот 100 синглови на 82 место како и на 57 место на Билборд Хот 100.

Позадина[уреди | уреди извор]

„1+1“ е напишана од Ноулс, Териус „The-Dream“ Неш и Кристофер „Трики“ Стјуарт,[1] кој исто така ја продуцирал песната. The-Dream оригинално планирал да ја вклучи песната на неговиот втор студиски албум Love vs. Money (2009).[2][3] Песната оригинално била наречена „Nothing But Love“ и демо верзијата со вокалите на The-Dream била пратена на интернет на 28 мај 2011.[4] Верзијата на The-Dream е многу слична со таа на Ноулс, но неговото демо содржи повече инструментација и позадински вокали. „1+1“ на Ноулс е поемоционална и посилна песна.[5]

Верзијата на Ноулс била издадена на 25 мај 2011 преку iTunes Store во САД како промоционален сингл од 4, следејќи го водечкиот синглRun the World (Girls)“ (2011).[6] Фановите кои го нарачале 4 на iTunes Store добиле бесплатно спуштање на „1+1“ на 25 мај.[2] „1+1“ не бил испратен до радијата, а „Best Thing I Never Had“ служела како вториот сингл од 4, следејќи го „Run the World (Girls)“.[7]

Успех на табелите[уреди | уреди извор]

Песната „1+1“ влегла во Билборд Хот 100 на педесет и седмото место на табелата од 11 јуни 2011, продавајќи 57,000 спуштања таа недела,[7] а на тој начин се појавила и на триесет и третото место на табелата за Хот Дигитални Песни.[8] „1+1“ исто така се искачила на осумдесет и второто место на Канадски Хот 100 на 11 јуни 2011.[9]

Список на песни[уреди | уреди извор]

  • Дигитално спуштање
  1. „1+1“ – 4:32

Кредити и личности[уреди | уреди извор]

Извор:[10]

Табели[уреди | уреди извор]

Табела (2011) Највисока
позиција
Канадски Хот 100[9] 82
САД Билборд Хот 100[7] 57

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Corner, Lewis (May 26, 2011). „Beyonce releases new song '1+1'. Digital Spy. Hachette Filipacchi Médias. Посетено на May 27, 2011.
  2. 2,0 2,1 Jones, Anthony (May 26, 2011). „Beyonce debuts new single "1 + 1". All Headline News. Посетено на May 27, 2011.
  3. Ramirez, Erika (May 26, 2011). „Beyonce Performs New Song, '1 + 1': Watch“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на May 27, 2011.
  4. „Hear The-Dream's Original Demo Version Of Beyonce's "1+1″“. Idolator. Buzz Media. May 28, 2011. Посетено на June 6, 2011. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Kaufman, Spencer (May 28, 2011). „Beyonce's "1+1″ Was Originally The Dream's Demo, "Nothing But Love". PopCrush. Посетено на June 7, 2011.
  6. Corne, Lewis (May 26, 2011). „Beyoncé releases new song '1+1'. Digital Spy. Hachette Filipacchi Médias. Посетено на May 27, 2011.
  7. 7,0 7,1 7,2 Trust, Gary (June 1, 2011). 'Idols' Scott McCreery & Laura Alaina Top Hot 100 Debuts, Adele Still No. 1“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на June 2, 2011.
  8. „Digital Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. June 11, 2011. Посетено на June 5, 2011.
  9. 9,0 9,1 Tuch, Paul (June 3, 2011). „Lady Gaga Scores Second No. 1 Album“. Nielsen SoundScan. Архивирано од изворникот (PDF) на June 6, 2011. Посетено на June 5, 2011.
  10. „Credits“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот на June 25, 2011.