Kitty Kat (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Kitty Kat“
Песна од Бијонсе од албумот B'Day
Снимен 2006
Жанр Р&Б
Должина 3:55
Куќа Columbia
Текст Бијонсе Ноулс, Фарел Вилијамс, Миријам Макеба, Шон Картер
Продуцент The Neptunes, Бијонсе Ноулс
B'Day список на песни
Ring the Alarm
(5)
"Kitty Kat"
(6)
Freakum Dress
(7)

Kitty Kat“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2006). Била компонирана од Бијонсе Ноулс, Фарел Вилијамс, Миријам Макеба, Шон Картер и Чед Хуго. „Kitty Kat“ е Р&Б песна во средно темпо чиј текст прикажува ситуација во која некоја жена се чувствува потценета од својот маж. Песната била генерално добро прифатена од музичките критичари кои ја забележале како привлечна песна благодаренире на вибрацијата „Не го чувствувам“. Сепак, некои музички критиачри забележале дека продукцијата не се совпаѓа со другите песни на B'Day.

„Kitty Kat“ никогаш не била издадена како сингл но била пуштана на радијата во Р&Б станиците, поради што успеала да се искачи на табелата во САД Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни, каде највисокото место ѝ било шеесет и шестото во мај, 2007. Музичкото видео режирано од Мелина Мацукас и ко-режирано од Ноулс било вклучено во B'Day Anthology Video Album (2007). Долго е само една минута и служи како почеток на видеото за „Green Light“ (2007). Видеото за „Kitty Kat“ ја прикажува Ноулс со очи како мачка, со шминка како и со други модни додатоци. Во некои делови од видеото, Ноулс јава зголемена црна мачка.

Концепција[уреди | уреди извор]

„Kitty Kat“ бил направена во Sony Music Studios, Њујорк Сити и Record Plant Studios, во Лос Анџелес. Содржи пишувачки активности од Ноулс, Фарел Вилијамс, Миријам Макеба и Шон Картер, а продукција од групата The Neptunes, која се содржи од Вилијамс и Чед Хуго.[1] Последните двајца исто така ја продуцирале песната „Green Light“ (2007).[2] Џејсон Голдстеј го направил миксот на „Kitty Kat“ со асистенција од Стив Тол.[1] Во однос на песната, Ноулс им кажала на MTV репортерите: „[Kitty Kat] е многу секси [песна], која зборува за маж кој е надвор со пријателите по цели ноќи, а вие сте оставени сами дома. И звучите како, 'Нема повеќе да го трпам ова. Време е да заминам.'“[3]

Музика и текст[уреди | уреди извор]

23-секунден примерок од „Kitty Kat“, кој ја покажува вибрацијата „Не го чувствувам“.

Проблеми со пуштањето? Помош.

Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од EMI Music Publishing, „Kitty Kat“ е мека[4] Р&Б песна поставена во вообичаено време.[5] Пет-минутната песна[6] е напишана во скалата Де-дур.[5] Песната соджи умерено бавно темпо од 78 отчукувања во минута, а вокалниот капацитет на Ноулс се протега од нотата G♯3 до C5.[5] Спенс Д. од IGN Music забележал дека ритамот е забавен и дека е различен од нејзината претходна работа со The Neptunes, кои практикуваат електро клеш амплификација.[7] Џим ДеРогатис од Chicago Sun-Times забележал дека песната е слична со „баладите на Витни Хјустон[8] додека Енди Келман од Allmusic коментирал дека можеби е земена од некои од првите три албуми на американскиот музички артист, Келис.[9]

Во песната, женскиот протагонист чувствува дека нејзиниот љубовник ја потценува.[4] Ова е демонстрирано во отворачките стихови: „Знаеш дека мразам да спијам сама, ама ти рече дека брзо ќе се вратиш дома. Но душо, тоа беше пред многу време.“[5] Во продолжение таа се запрашува: „А што е со моето тело, тело?/Ти не го сакаш моето тело, тело.“[10] Според Сал Кинкемани од Slant Magazine, женскиот протагонист „буквално го пакува својот полов орган“ и го остава мажот да биде незаинтересиран за неа, што е прикажано во текстот на рефренот: „Да одиме, малечко маче / Мислам дека е време да одииме / Тој не го сака тоа повеќе.“[11] Еб Хајнес од AllHipHop коментирал дека „Kitty Kat“ ги предупредува сите неспокојни момчиња дека и тие стануваат неспокојни.[12]

Прием[уреди | уреди извор]

Критички прием[уреди | уреди извор]

Еб Хајнес од AllHipHop ја опишал „Kitty Kat“ како привлечна песна.[12] Норман Мајерс од Prefix Magazine напишал дека B'Day е спакуван со песни кои се изделуваат како „'Freakum Dress' продуцирана од Рич Харисон и Neptunes-вооружаната 'Kitty Kat'.“[13] Одбирајчи ја „Kitty Kat“ како една од четирите топ песни на албумот, Спенс Д. од IGN Music додал дека песната ги забавува работите, дозволувајќи ѝ на „кристално чистите вокали“ на Ноулс да „забават и да отстапат во приспивна песна која е разиграно сензуална.“[7] Енди Келман од Allmusic ја опишал „Kitty Kat“ како „измамувачки слатка, песна обоена со виножито“ каде - звукот направен од вид на мачки е дел од комуникацијата на мачките - се повеќе во вид на „отпуштања на канџите.“[9] Џон Парелес од Њујорк Тајмс ја нарекол песната „воздишувачка“.[10] Сал Кинкемани од Slant Magazine забележал дека „Kitty Kat“ била единствената „единствената песна која се одделила од среднто темпо“ дури на самиот крај на албумот.[11] Дерил Стердан, пишувајќи за канадскиот вебсајт Jam!, рекол дека песната е токму за тоа што мислите дека е.[14] Тома Инскип од Stylus Magazine коментирал дека е забележлива продукцијата од The Neptunes на „Kitty Kat“. Тој ги пофалил „Р&Б клавијарутире кои работат со вибрацијата 'Јас не го чувствувам'.“[15]

Фил Харисон од Timeout рекол дека „Kitty Kat“ се чувствува како да е „малку разводенета покрај убавиот и магичниот климакс.“[16] Мајк Џозеф од PopMatters бил помалку имресиониран, давајќи ѝ на песната негативен преглед: „Здодевната 'Kitty Kat' е само трошење на четири минути од времето. Фарел Вилијамс, кој ја продуцирал песната, мора да знае дека неговите славни денови се две години зад него.“[6] Ова било повторено и од Дејв де Силви од Sputnikmusic кој напишал: „Другите придонеси на Фарел во албумот ја вклучуваат и за жал обичната 'Kitty Kat,' побавна песна која дава понатамошна доверба на гледиштето дека тој не може да се справи надвор од неговата удобна зона.“[2]

Успех на табелите[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што не била издадена како сингл, „Kitty Kat“ за првпат се искачила на шеесет и деветтото место на табелата во САД за Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни на 5 мај, 2007.[17] Наредната недела се подигнала на шеесет и шестото место што воедно станало и највисоката позиција на песната.[18] Останала на табелата осум недели. бклучувајќи го и повторното влегување во јули, 2007.[19]

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Ноулс со очи како мачка и шминка како леопард во музичкото видео за „Kitty Kat“

Музичкото видео за „Kitty Kat“ било режирано од Мелина Мацукас и ко-режирано од Ноулс за B'Day Anthology Video Album, кој бил издаден истиот месец.[20] Било првото од осумте видеа снимени во две недели за албумот.[21] Музичкото видео за „Kitty Kat“ е долго само една минута и служи како почеток на музичкото видео за „Green Light“. Од друга страна, Мелина рекла дека полудневното снимање за „Kitty Kat“, било интересно.[20] За концепцијата на видеото, Ноулс рекла:

„Имавме зголемена мачка [во видеото], која беше многу слатка! Морав да се преправам дека беше таму, бидејќи бев пред зелена сцена — пред огромна дрвена крава, а тие донесоа маче. И користевме шминка од леопард и палто од мачка за да изгледам како мачка. Јас сум човек-мачка...“

Мелин кажала дека земањето на мачка било тежок чекор. Таа им кажала на MTV: „Таа беше најголемата дива. Тие мачки се луди. Имавме тренери за животни, но мачката не можете да ја истренирате.“[20] За да добие ефект дека Ноулс ја јава мачката, Мелина користела голема бластична крава пред која настапувала Ноулс.[3] Видеото оригинално требало да биде негово музичко видео како што е прикажано на делот со снимки од зад сцените на B'Day Anthology со Ноулс која носи повеќе облека и повеќе сцени се прикажани.[3] Започнува со Ноулс која има очи како мачка, шминка како леопард и модни додатоци. Во некои делови од видеото, Ноулс игра со згоемена топка со розева боја, а потоа исто така игра со зголемена црна мачка. Видеото заврпува со Ноулс која ја става зголемената мачка на синџир и веднаш после тоа, започнува музичкото видео за „Green Light“.

Кредити и личности[уреди | уреди извор]

Кредитите се земени од B'Day.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 (2006) Album notes for B'Day. Sony Music BMG Entertainment.
  2. 2,0 2,1 Dave de Sylvia (17 септември 2006). „Beyonce - B'Day“. Sputnikmusic. http://www.sputnikmusic.com/review_9192. конс. 5 март 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Vineyard, Jennifer. „Behind the B'Day Videos“. 'MTV News'. MTV Networks. стр. 1. http://www.mtv.com/bands/b/beyonce/videos_07/news_feature_040207/index.jhtml. конс. 5 март 2011 г. 
  4. 4,0 4,1 Frere-Jones, Sasha (25 септември 2006). „Crazy from Love“. The New Yorker. Condé Nast Publications. http://www.newyorker.com/archive/2006/09/25/060925gore_GOAT_recordings. конс. 5 март 2011 г. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Kitty Kat digital sheet music (Digital Download)“, MusicNotes.com. EMI Music Publishing.
  6. 6,0 6,1 Joseph, Mike (11 септември 2006). „Beyoncé - B'Day“. PopMatters. http://www.popmatters.com/pm/review/beyonce-b-day/. конс. 5 март 2011 г. 
  7. 7,0 7,1 D., Spence (5 септември 2006). „Beyonce - B'Day“. 'IGN Music'. News Corporation. http://uk.music.ign.com/articles/730/730624p1.html. конс. 5 март 2011 г. 
  8. DeRogatis, Jim (3 септември 2006). „Spins - Beyonce, "B'day" (Sony)“. Chicago Sun-Times. John Barron. архивирано од оригиналот на 23 октомври 2007. http://web.archive.org/web/20071023221412/http://findarticles.com/p/articles/mi_qn4155/is_20060903/ai_n16710505. конс. 5 март 2011 г. 
  9. 9,0 9,1 Kellman, Andy. „B'Day“. 'Allmusic'. Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/r852067. конс. 5 март 2011 г. 
  10. 10,0 10,1 Jon Pareles (4 септември 2006). „All That Success Is Hard on a Girl (or Sounds That Way)“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr.. http://www.nytimes.com/2006/09/04/arts/04choi.html?_r=2&oref=slogin&ref=music&pagewanted=all. конс. 5 март 2011 г. 
  11. 11,0 11,1 Sal Cinquemani (29 август 2006). „Beyoncé B'Day'“. 'Slant Magazine'. http://www.slantmagazine.com/music/review/beyonce-bday/939. конс. 18 март г. 
  12. 12,0 12,1 Haynes, Eb (20 септември 2006). „B'Day“. 'AllHipHop'. http://allhiphop.com/stories/reviews/archive/2006/09/20/18134780.aspx. конс. 5 март 2011 г. 
  13. Mayers, Norman (5 септември 2006). „Beyonce“. Prefix Magazine. http://www.prefixmag.com/reviews/beyonce/b-day/15442/. конс. 5 март 2011 г. 
  14. Sterdan, Darryl. „Review Album: Beyoncé - B'Day“. 'Jam!'. Sun Media. http://jam.canoe.ca/Music/Artists/B/Beyonce/AlbumReviews/2006/09/07/1811076-sun.html. конс. 5 март 2011 г. 
  15. Inskeep, Thomas (14 септември 2006). „Beyoncé: B'Day“. 'Stylus Magazine'. Todd Burns. http://www.stylusmagazine.com/reviews/beyonc/bday.htm. конс. 5 март 2011 г. 
  16. Harrison, Phil (25 август 2006). „Beyoncé: B'Day“. Timeout. архивирано од оригиналот на 12 февруари 2008. http://web.archive.org/web/20080212004230/http://www.timeout.com/london/music/review/audio/426/beyonce_b-day.html. конс. 5 март 2011 г. 
  17. „R&B/Hip-Hop Songs – Week of May 7, 2007“. Billboard. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/charts/r-b-hip-hop-songs?chartDate=2007-05-07&order=gainer. конс. 7 март 2011 г. 
  18. „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard Hot R&B/Hip-Hop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/song/beyonce/kitty-kat/8338431. конс. 6 март 2011 г. 
  19. „R&B/Hip-Hop Songs – Week of July 14, 2007“. Billboard. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/charts/r-b-hip-hop-songs?chartDate=2007-07-14&order=gainer. конс. 7 март 2011 г. 
  20. 20,0 20,1 20,2 :Vineyard, Jennifer. „Behind the B'Day Videos“. 'MTV News'. MTV Networks. стр. 3. http://www.mtv.com/bands/b/beyonce/videos_07/news_feature_040207/index3.jhtml. конс. JMarch 5, 2011 г. 
  21. „Beyonce releases 'B'Day' video album“. USA Today. Gannett Company. 25 април 2007. http://www.usatoday.com/life/music/news/2007-04-05-beyonce-video-album_N.htm. конс. 5 март 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]