Јагуар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јагуар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Фамилија: Мачки
Род: Пантери
Вид: Јагуар
Биномен назив
Panthera onca
Линеј, 1758
Распространетост (црвена боја - историска распространетост, зелена боја – денешна)

Јагуарот (Panthera onca) е голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната хемисфера. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на централна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.

Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, предатор кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати суперпредатори кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки[2]. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили[3] и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот.

Јагуарот е речиси загрозен вид чија бројност полека опаѓа. Главна закана претставува уништувањето на природното живеалиште, како и раздвојување на популациите. Иако меѓународната трговија со јагуари или нивни делови е забранета, оваа голема мачка се уште е убивана од луѓето, најчесто од страна на ранчери и фармери од Јужна Америка. Територијата на распространетост иако е намалена сепак останува доста голема. Јагуарот е значаен дел од митологијата на бројни староседелски американски култури, вклучувајќи ги и оние на Маите и Ацтеките.

Етимологија[уреди]

Зборот јагуар најверојатно доаѓа од Тупи-Гуарани јазиците, преку португалскиот jaguar [4]. Тупијскиот збор јагуара („ѕвер“, понекогаш преведуван и како „куче“[5][6]) се употребува за било кое месојадно животно [7]. Карактеристичниот збор за јагуар бил јагуарете, со суфиксот –ете кој значи „вистински“[4][7][8].

Неговото таксономско име Panthera onca доаѓа од латинското Panthera кое пак потекнува од грчкиот збор за леопард πάνθηρ. Можно е да има и потекло од санскрит, од pundarikam што значи „тигар“[9].

Onca е од потугалскиот и шпанскиот збор onça, што значи унца.

Во многу земји во централна и јужна Америка, јагуарот е нарекуван el tigre („тигар“).

Таксономија[уреди]

Јагуар во стоечка положба

Јагуарот е единствениот преживеан член на родот Panthera кој го среќаваме во новиот свет. ДНК анализи покажуваат дека лавот, тигарот, леопардот, јагуарот, снежниот леопард и облачниот леопард имаат заеднички предок кој живеел пред 6-10 милиони години [10]. Фосилните остатоци укажуваат на одвојување на Panthera пред само 2-3,8 милиони години [10][11]. Филогенетските истражувања покажале дека облачниот леопард е базичниот вид на оваа подфамилија [10][12][13][14]. Позициите на останатите видови се разликуваат според различни истражувања, па нивната позиција се уште не е целосно разјаснета. Многу истражувања го сместуваат снежниот леопард во родот Пантери [10][12][14], меѓутоа се уште нема консензус дали неговото научно име треба да остане Uncia uncia [1][15] или треба да биде префрлен како Panthera uncia [10][12][13][14].

Базирајќи се на морфолошки докази, британскиот зоолог Реџиналд Покок (Reginald Pocock) заклучил дека јагуарот е најблизок со леопардот [14]. Сепак, ДНК доказите од истражувањата се неубедливи па неговата позиција меѓу останатите видови доста варира [10][12][13][14]. Фосили од изумрени видови од родот пантери како европскиот јагуар (Panthera gombaszoegensis) и американскиот лав (Panthera atrox) имаат карактеристики кои се заеднички за лавот и за јагуарот [14]. Анализи на јагуаровата митохондриална ДНК почетокот на лозата на овој вид го поставиле пред помеѓу 280 000 и 510 000 години, што е подоцно отколку што укажуваат фосилните остатоци [16].

Подвидови[уреди]

Последното таксономско претставување на подвидовите на јагуарот било направено од Покок во 1939 година. Базирајќи се на географското потекло и морфологијата на черепот, тој предложил 8 подвида. Сепак, тој немал доволен број на примероци за да може критички да ги проценува сите подвидови, па и самиот изјавил дека се сомнева во статусот на некои од нив. Подоцнежни анализи укажале на постоење на само три подвида[17].

Скорешните истражувања исто така не успеале да соберат доволно докази за добро дефинирани подвидови[18]. Ларсон во 1997 година ги проучувал морфолошките варијации кај јагуарот и покажал дека има клинална север-југ варијација, но дека предложените подвидови се повеќе отколку што има разлики меѓунив[19]. Генетските истражувања предводени од Еизирик во 2001 година потврдиле дека нема прецизна структура за географски подвидови, иако пронашле некои поголеми георгафски бариери како реката Амазон која ја ограничила размената на гени помеѓу различни популации[16].

Подвидовите предложени од Покок се уште се набројувани при описот на јагуарот[20]. Групирани се во три подвида[17].

Standing jaguar.jpg
  1. Panthera onca onca: Венецуела
  2. Panthera onca hernandesii (Мексикански јагуар): Западно Мексико
  3. Panthera onca palustris (најголемиот подвид кој тежи над 135 килограми) [21]: регионот Пантанал, Бразил, во должина на реката Парагвај во Парагвај и најверојатно североисточна Аргентина.

Карактеристики[уреди]

глава на јагуар

Јагуарот има набиено и мускулесто тело. Постои голема вариабилност во големината помеѓу индивидуите, меѓутоа како просечна нормална тежина се смета 56-96 килограми. Регистрирани се и големи мажјаци со тежина од 159 килограми[22] (тежина која е слична на онаа на тигрица или лавица), но и мали индивидуи со најмала тежина од 36 килограми. Женките се 10-20% помали од мажјаците. Должината на овие мачки е од 1,62 до 1,83 метри, на кои опашката додава уште 75 сантиметри. До рамениците има висина помеѓу 67-76 сантиметри[23].

Варијации во големината се забележани и во однос на регионите и живеалиштата, односно големината на јагуарите се зголемува одејќи од север кон југ. Истражување на јагуарите од Мексиканскиот пацифистички брег, покажале просечна големина од 30-50 килограми, големина слична на пумата[24]. Спротивно на ова, истражувањето на јагуарите од бразилскиот регион Пантанал, укажале на просечна тежина од 100 килограми. Поголемите тежини се почести кај старите мажјаци[25]. Шумските јагуари најчесто се со потемни бои на крзното и помали во однос на јагуарите кои живеат во поотворени региони. Ова најверојатно се должи на помалиот број на големи хербивори кои би биле плен во шумските региони[26].

Кратките и моќни нозе се адаптирани за качување по дрва, лазење и пливање[23]. Главата е доста голема и има многу моќна вилица. Се смета дека јагуарот има најсилен загриз од сите останати видови мачки, и втор најсилен меѓу цицачите. Оваа адаптација му овоможува да го прегризе оклопот на желките [3]. Kомпаративно истражување на силата на загризот го ставила ова животно на врвот меѓу мачките, заедно со облачниот леопард и пред лавот и тигарот[27]. Било регистрирано и дека „јагуар може да влече бик од 360 килограми на растојание од 8 метри и да ги здроби дури и најјаките коски“[28]. Јагуарот во шумските предели лови животни кои се тешки и до 300 килограми.

Detail Jaguar.JPG

Базичната боја на крзното на јагуарот е жолто-кафена, но може да варира и до црвеникаво-кафена или црна. Крзното му е прошарано со белези во форма на роза (розети), кои имаат главна улога во камуфлажата во густите џунгли. Овие дамки се различни меѓу индивидуите: розетите може да содржат и една или две точки, но и формата на точките може да варира. Дамките на главата и вратот најчесто се полни, како и тие на опашката кои понекогаш се спојуваат и формираат пруга. Стомакот, грлото и внатрешниот дел на нозете се со бела боја[23].

меланистичен јагуар

Кај овој вид присутна е и појавата на меланизам. Оваа форма е доста поретка од стандардната точкаста форма (се среќава кај шест проценти од популацијата[29]). Оваа состојба кај јагуарите во Јужна Америка е предизвикана од доминантна алела [30]. Меланистичните јагуари изгледаат целосно црни, но при набљудување од блиску се забележуваат нивните дамки. Овие јагуари генерално се познати под името црни пантери, но не спаѓаат во посебен вид. Помеѓу јагуарите, како и кај останатите мачки, се среќаваат и ретки албино индивидуи кои ги нарекуваат и бели пантери [26].

Иако јагуарот физички е доста сличен со леопардот, овие две животни можат лесно да се разликуваат по нивните дамки: дамките на јагуарот се поголеми, помалку на број, најчесто потемни и имаат тенки линии или мали точки во средината, карактеристики кои ги нема кај леопардот. Јагуарите се разликуваат и по позаоблената глава и пократките и понабиени нозе[31].

Размножување[уреди]

Mајка го крева младенчето

Женките јагуари достигнуваат сексуална зрелост на две годишна возраст, додека мажјацита на 3-4 години. Се верува дека овие мачки во дивината се парат преку цела година, иако најмногу раѓања има за време на периодите кога има плен во изобилство[32]. Истражувања направени врз мажјаци во заробеништво ја подржуваат оваа теорија, не се забележани варијации на семената течност и на ејакулативниот квалитет. Кај индивидуите во заробеништво има многу слаб успех во размножувањето[33].

Паровите се разделуваат после актот на парење, и само женките се грижат за младите. Носењето трае 93-105 дена, а леглото може да брои и до четири малечки, иако најчесто има само две. После раѓањето на младенчињата, мајката не толерира присуство на мажјаци поради ризикот од канибализам. Ова однесување се среќава и кај тигарот[34].

Младите јагуари се раѓаат слепи, и прогледуваат по две недели. Младите цицаат само три месеци, но остануваат во дувлото околу шест месеци. Потоа тие излегуваат да ја придружуваат мајката за време на ловот[35]. Остануваат со мајката 1-2 години а потоа си наеѓаат своја територија. Младите мажјаци на почетокот водат номадски живот сè додека не се изборат за сопствена територија. Просечниот животен век во дивината е 12-15 години, додека во заробеништво живеат и до 23 години, поради што се сметаат за едни од најдолговечните мачки [25].

Социјална активност[уреди]

Panthera onca.jpg

Како и повеќето мачки, и јагуарот е самотно животно. Возрасните индивидуи се среќаваат само за време на парењето (иако ретко сепак забележани се и други форми на социјално однесување[34]). Териториите на женките се со големина од 25 до 40 квадратни километри и често се препокриваат. Сепак индивидуите се избегнуваат едни со други. Териториите на мажјаците се речиси двојно поголеми и никогаш не се препокриваат[34][36]. Означени се со траги од гребење, урина и фекалии[37].

Јагуарот и останатите членови на големи мачки се способни за рикање. Рикањето го користат за застрашување на противниците при бранење на територијата или при парењето, како и за меѓусебно комуницирање[38]. Рикањето на јагуарите често наликува на репетитивно кашлање, но можат и да мјаукаат[25]. Борбите за партнер се многу ретки, и дури и во дивината забележано е однесување со кое се избегнува агресивност[37]. Кога се случуваат борби, најчесто се поради територија.

Јагуарот често се опишува како ноќно животно, меѓутоа тој всушност има крепускуларна активност (активен е за време на самрак и на зора). И двата пола ловат, но сепак мажјаците секојдневно поминуваат поголеми растојанија. Јагуарот лови и преку ден доколку му се пружи шанса и важи за доста енергична мачка активно поминувајќи 50-60% од времето[26].

Лов и исхрана[уреди]

Јагуарот е стриктен карнивор кој се храни само со месо. Ова животно е опортунистичен ловец, и неговата исхрана ја сочинуваат 87 животниски видови[26]. Јагуарот претпочита поголем плен како елен, капибара, тапир, американско диво прасе, кучиња, лисици, а понекогаш дури и анаконда и кајман. Сепак, јагуарот лови и било кое друго помало животно вклучувајќи и жаби, глувци, птици, мрзливци, мајмуни желки. Истражување во Белизе, покажало дека главна храна на јагуарите се армадилоси и пака [37]. Некои јагуари напаѓаат и домашна стока како телиња и коњи[39].

Јагуарот има најсилен загриз споредено со останатите мачки
Јагуар во заседа

Иако јагуарот го има прифатено стандардниот метод на убивање кој го користат видовите од пантери (длабок загриз на грлото и задушување), сепак има развиено и негов карактеристичен метод. Тој директно ги пробива слепоочните коски на черепот со песјаците и го продупчува мозокот на пленот. Се претпоставува дека ова е адаптација за кршење на оклопот на желки – после изумирањето на голем дел од видовите во доцниот плеистоцен, оклопните рептили како желките најверојатно биле најчестиот плен на јагуарот[26][38]. Овој метод најчесто се употребува при лов на цицачи, додека кај рептилите како кајманот, јагуарот скока на грбот и го имобилизира пленот кршејќи ги вратните пршлени. Иако е способен да го скрши оклопот на желката, јагуарот едноставно може само да посегне внатре и да го извади месото[34]. При ловење на плен како кучиња, замавнување со шепата за да го скрши черепот е доволен удар.

Јагуарот е животно кое го следи пленот и убива од заседа. Ова мачка најчесто тивко го следи пленот низ шумските патеки пред да се постави во заседа. Јагуарот напаѓа ненадејно и најчесто од место кое е слепа точка на пленот. Овие способности го прават јагуарот суперпредатор во неговата средина. По ловењето, јагуарот може да влезе во вода заедно со пленот, како одличен пливач нема проблем при носење на голем плен. Оваа силна мачка може да качи мртов јунец на дрво за да ги избегне поплавите[34].

Уловениот плен потоа е одвлечкан до некоја грмушка или слично изолирано место. Јагуарот почнува да ги јаде најпрво вратот и градите. Срцето и белите дробови ги конзумира, а потоа ги јаде рамениците[34]. На индивидуа од 34 килограми (што е долна граница кај овој вид) дневно му се потребни околу 1,4 килограми месо[40]. Кај индивидуите во заробеништво кои тежат 50-60 килограми, препорачано е околу 2 килограми месо дневно[41]. Во дивината прехраната е доста нестабилна, мачките трошат многу енергија на следење и ловење па затоа можат да конзумираат и до 25 килограми месо на едно јадење, а потоа да следат периоди на глад[42]. За разлика од останатите видови од родот Panthera, јагуарот многу ретко напаѓа луѓе. Повеќето случаи кога имало вакви напади, било утврдено дека животното било многу старо со оштетени заби или повредено[43]. Понегогаш во зоолошките градини, се случува, доколку животното е уплашено, да се нафрли на чуварите[44].

Распространетост и живеалиште[уреди]

Јагуар во Белизе

Јагуарот го има во фосилните остатоци веќе 2 милиони години[20] и станал американска мачка поминувајќи го Беринговиот копнен мост за време на плеистоценот. Директен предок на денешните животни се смета Panthera onca augusta, кој бил поголем од денешните мачки[45]. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико, преку централна Америка до јужна Америка, вклучувајќи голем дел од амазонски Бразил[46]. Земјите кои припаѓаат на овие територии на распространетост се Аргентина, Белизе, Боливија, Бразил, Колумбија, Коста Рика, Еквадор, Француска Гвајана, Гватемала, Гвајана, Хондурас, Мексико, Никарагва, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, САД и Венецуела. Јагуарот е изумрен во Уругвај и Ел Салвадор [1].

Вклученоста на САД во териториите на распространетост на јагуарот се должи на повремени набљудувања во југозападот, поточно во Аризона, Ново Мексико и Тексас. Во раните 1900ти, јагуарот бил присутен до Гранд кањон на север и до Јужна Каролина на запад[40]. Јагуарот во САД спаѓа во заштитени видови. Во 2004 година, група истражувачи документирале и фотографирале јагуари во јужните делови во Аризона. За да напредува оваа популација потребна е заштита од убивање, пристапност на плен и конекција со мексиканските популации[47]. На 25 февруари 2009 година бил фатен јагуар во Тускон, Аризона. Му бил ставен радио преносник а потоа бил пуштен во дивината. Подоцна било потврдено дека тоа бил истиот мажјак (познат како Мачо Б) кој бил фотографиран во 2004 година, и се смета дека е најстар јагуар во дивината (со возраст од околу 15 години) [48]. На 2 март 2009 година, Мачо Б, единствениот јагуар забележан во САД во последната деценија e фатен и еутанизиран откако било откриено дека страда од нефункционалност на бубрезите. Некои експерти сметаат дека оваа болест се јавила како последица на стрес поради многу бројните заробувања. Смртта на Мачо Б е сериозен удар за закрепнувањето на популацијата во САД[49].

Jaguar tier 2.jpg

Распространетоста на овој вид во минатото опфаќала голем дел од јужната половина на САД, а на југ покривала многу поголем дел од Јужна Америка. Всушност северниот дел на денешната распространетост е скратен 1000 километри на север, а јужниот околу 2000 километри. Фосили од јагуари кои датираат од пред 40 000-11 500 години се пронајдени во САД, дури до Мисури. Фосилните остатоци ги покажуваат јагуарите тешки и до 190 килограми, многу поголеми од денешните примероци на овој вид[50].

Живеалиштето на јагуарите се дождовните шуми во јужна и централна Америка, отворени, повремено поплавувани мочуришта и суви пасишта. Сепак јагуарите најмногу преферираат густи шуми[26]. Најретко населени се сувите региони како аргентинската пампа, неплодните региони во Мексико и југозападниот дел на САД[1]. Оваа мачка ги населува тропските, суптропските и листопадните шуми. Живеалиштата на јагуарите често се наоѓаат покрај реки, мочуришта и густи дождовни шуми. Живеат и до 3800 метри надморска височина, но најчесто ги избегнуваат планините и не ги населуваат високите делови во централно Мексико и Андите[26].

Заштитен статус[уреди]

Jaguar head shot.jpg

Популациите на јагуар во моментот се во опаѓање. Овој вид се смета за речиси загрозен вид од Меѓународната унија за заштита на природата [1], што значи се смета дека во блиска иднина постои можност да стане загрозен вид. За време на 1960тите забележан е значителен пад на бројноста, поради 15 000 кожи од јагуар кои годишно биле извезувани од бразилска амазонија се до 1973 кога со Вашингтонскиот договор за заштита на видовите била забранета трговијата[51]. Деталните анализи на Wildlife Conservation Society откриле дека јагуарот изгубил 37% од неговата историска распространетост и неговата состојба е непозната во дополнителни 18%. Сепак, веројатноста за преживување е голема во околу 70% од териториите, поточно во амазонскиот басен и соседните Гран Чако и Пантанал [46].

Најголемо влијание на јагуарот има уништувањето на шумите, зголемувањето на кометицијата за храна со човекот[1], ловот, ураганите во северните делови на неговата распространетост и однесувањетоа на фармерите кои го убиваат доколку ја нападне стоката. Спремноста за убивање стока ги натерала фармерите да најмат ловци на јагуари кои ги убиваат овие животни штом ги забележат[25].

Jaguar full.jpg

Јагуарот е заштитен со Апендикс 1 според CITES – секоја меѓународна трговија со јагуари или нивни делови е забранета. Ловот на јагуари е забранет во Аргентина, Белизе, Колумбија, Француска Гвајана, Хондурас, Никарагва, Панама, Парагвај, Суринам, САД, Уругвај и Венецуела. Ловот е ограничен на „проблематични индивидуи“ во Бразил, Коста Рика, Гватемала, Мексико и Перу, додека во Боливија сѐ уште е дозволено спортско ловење на јагуари. Видот нема никаква легална заштита во Еквадор и Гвајана [20].

Денешните напори за зачувување на видот се фокусирани на обучување на фармерите и промовирање на екотуризам [52]. Јагуарот е дефиниран како „вид чадор“ – вид кој има голема распространетост и широк спектар на живеалишта, така што кога е заштитен, влијае и врз поставување заштита на други видови до помала распространетост[53]. Организациите за заштита се фокусираат на обезбедување на поврзани живеалишта на јагуарите, знаејќи дека тоа ќе помогне и на други видови[52].

Поради непристапноста до терените на кои живее јагуарот, проценувањето на популациите е прилично тешко. Во 1991, во Белизе биле проценети помеѓу 600 – 1000 индивидуи. Една година претходно во резерватот Калакмул во Мексико, а 4000 квадратни километри било проценето дека живеат 125-180 индивидуи, со дополнителни 350 во државата Чијапас. Соседниот резерват Маја во Гватемала, на површина од 15 000 километри квадратни содржи 465-550 јагуари[54]. Во 2003 и 2004 година со употреба на GPS телеметрија, евидентирани се 6-7 јагуари на 100 квадратни километри во критичниот регион Пантанал, споредено со 10-11 при употреба на традиционалните методи. Ова покажува дека најупотребуваниот метод за проценка можно е да го зголемува вистинскиот број на индивидуи[55].


Во митологијата и културата[уреди]

Јагуар воин од Ацтеките
„Човек-јагуар“ од Олмек културата

Предколумбовска Америка[уреди]

Во предколумбовска централна и јужна Америка, јагуарот бил симбол на моќ и сила. Меѓу андските култури, јагуарскиот култ бил раширен од раната Чавин култура и бил прифатен во поголемиот дел од денешната територија на Перу до 900 година пне. Подоцнежната Мочика култура од северно Перу го употребувала јагуарот како симбол за моќ на нивните керамики[56].

Во Месоамерика, Олмек (рана и влијателна култура која била развиена речиси во истиот период како и Чавин) развила посебен „човек-јагуар“ мотив на скулптури и фигурини, претставувајќи стилизирани јагуари или луѓе со јагуарски карактеристики. Во подоцнежната Маја цивилизација се сметало дека јагуарот ја олеснува комуникацијата помеѓу живите и мртвите и дека го заштитува кралското семејство. Маите ги гледале овие моќни мачки како нивни придружници во спиритуалниот свет. Цивилизацијата на Ацтеките исто така го гледала јагуарот како претставник на владетелите и воините. Ацтеките формирале и елитна воена единица позната под името Јагуарски Витези. Во митологијата на Ацтеките, јагуарот се сметал за тотем на моќното божество Тезкатлипока.

Национално животно на Бразил[уреди]

Јагуарот е национален симбол на Бразил. Јагуарот имал колемо значење во Бразил, каде индијанците ја користеле неговата маст. Верувале дека ќе им даде сила, и дека има магична моќ. Маста била и мачкана на телата на млади момчиња за да ги направи силни и да ги заштити од зло.

Денешна култура[уреди]

Јагуарот е и национално животно на Гвајана и се наоѓа на нејзиниот грб[57].

Јагуар е употребено и како име на производ за луксузната марка коли Jaguar.


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Caso, A., Lopez-Gonzalez, C., Payan, E., Eizirik, E., de Oliveira, T., Leite-Pitman, R., Kelly, M. & Valderrama, C. (2008). „Panthera onca“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 18 јануари 2009. Податоците вклучуваат и објаснување за конзервацискиот статус на овој вид.
  2. Stephen Wroe, Colin McHenry, and Jeffrey Thomason (2006). „Bite club: comparative bite force in big biting mammals and the prediction of predatory behaviour in fossil taxa“ (PDF). „Proceedings of the Royal Society B“ (Royal Society) 272 (1563): 619-625. http://www.bio.usyd.edu.au/staff/research/swroe/Wroeetal2005Biteclub.pdf. конс. 7 август 2006. 
  3. 3,0 3,1 Hamdig, Paul. „Sympatric Jaguar and Puma“. Ecology Online Sweden via archive.org. http://web.archive.org/web/20080201022320/www.ecology.info/ecology-jaguar-puma.htm. конс. 19 март 2009. 
  4. 4,0 4,1 „"Jaguar"“. „Online Etymology Dictionary“. Douglas Harper. http://www.etymonline.com/index.php?term=jaguar. конс. 6 август 2006. 
  5. (шпански)„Breve Vocabulario“. Правен Факултет, Универзитет во Буенос Аирес. http://www.indigenas.bioetica.org/inves44-2.htm. конс. 29 септември 2006. 
  6. (шпански) Díaz, Eduardo Acevedo (1890). „Notas“. „Nativas“. http://es.wikisource.org/wiki/Nativa_:_Notas. конс. 29 септември 2006. 
  7. 7,0 7,1 „"Word to the Wise"“. „Take our word for it, issue 198, стр. 2“. The Institute for Etymological Research and Education. http://www.takeourword.com/TOW198/page2.html#jaguar. конс. 11 август 2006. 
  8. (шпански) „"Yaguareté - La Verdadera Fiera"“. „RED Yaguareté“. http://www.jaguares.com.ar/afiches/index.html. конс. 27 септември 2006. 
  9. „"Panther"“. „Online Etymology Dictionary“. Douglas Harper. http://www.etymonline.com/index.php?term=panther. конс. 26 октомври 2006. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Johnson, W.E., Eizirik, E., Pecon-Slattery, J., Murphy, W.J., Antunes, A., Teeling, E. & O'Brien, S.J. (2006). „The Late Miocene radiation of modern Felidae: A genetic assessment.“. „Science311: 73–77. doi:10.1126/science.1122277. PMID 16400146. 
  11. Turner, A. (1987). „New fossil carnivore remains from the Sterkfontein hominid site (Mammalia: Carnivora)“. „Annals of the Transvaal Museum“ 34: 319–347. ISSN 0041-1752. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Yu L & Zhang YP (2005). „Phylogenetic studies of pantherine cats (Felidae) based on multiple genes, with novel application of nuclear beta-fibrinogen intron 7 to carnivores“. „Molecular Phylogenetics and Evolution“ 35 (2): 483–495. doi:10.1016/j.ympev.2005.01.017. 
  13. 13,0 13,1 13,2 Johnson WE & Obrien SJ (1997). „Phylogenetic reconstruction of the Felidae using 16S rRNA and NADH-5 mitochondrial genes“. „Journal of Molecular Evolution“ 44: S098. doi:10.1007/PL00000060. 
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Dianne N. Janczewski, William S. Modi, J. Claiborne Stephens, and Stephen J. O'Brien (1996). „Molecular Evolution of Mitochondrial 12S RNA and Cytochrome b Sequences in the Pantherine Lineage of Felidae“. „Molecular Biology and Evolution“ 12 (4): 690. http://mbe.oxfordjournals.org/cgi/reprint/12/4/690. конс. 6 август 2006. 
  15. Felid Taxon Advisory Group: Alan H. Shoemaker (1996) Taxonomic and Legal Status of the Felidae
  16. 16,0 16,1 Eizirik E, Kim JH, Menotti-Raymond M, Crawshaw PG Jr, O'Brien SJ, Johnson WE. (2001). „Phylogeography, population history and conservation genetics of jaguars (Panthera onca, Mammalia, Felidae)“. „Molecular Ecology“ 10 (1): 65. doi:10.1046/j.1365-294X.2001.01144.x. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/entrez/query.fcgi?cmd=Retrieve&db=PubMed&list_uids=11251788&dopt=Abstract. конс. 7 август 2006. 
  17. 17,0 17,1 Seymore, K.L. (1989). „Panthera onca“. „Mammalian Species“ 340: 1–9. doi:10.2307/3504096. 
  18. Nowak, Ronald M. (1999). „Walker's Mammals of the World“ (6th издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-5789-9. 
  19. Larson, Shawn E. (1997). „Taxonomic re-evaluation of the jaguar“. „Zoo Biology“ 16 (2): 107. doi:10.1002/(SICI)1098-2361(1997)16:2<107::AID-ZOO2>3.0.CO;2-E. http://www3.interscience.wiley.com/cgi-bin/abstract/51449/ABSTRACT?CRETRY=1&SRETRY=0. конс. 7 август 2006. 
  20. 20,0 20,1 20,2 "Guidelines for Captive Management of Jaguars, Taxonomy, pp. 5–7, Jaguar Species Survival Plan
  21. „Brazil nature tours, Pantanal nature tours, Brazil tours, Pantanal birding tours, Amazon tours, Iguassu Falls tours, all Brazil tours“. Focustours.com. http://www.focustours.com/brazil.html. конс. 8 март 2009. 
  22. Burnie, David; Don E. Wilson (2001). „Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife“. New York City: Dorling Kindersley. ISBN 0-7894-7764-5. 
  23. 23,0 23,1 23,2 „"All about Jaguars: ECOLOGY"“. Wildlife Conservation Society. http://savethejaguar.com/jag-index/jag-allabout/jag-aboutecology. конс. 11 август 2006. 
  24. Rodrigo Nuanaez, Brian Miller, and Fred Lindzey (2000). „Food habits of jaguars and pumas in Jalisco, Mexico“. „Journal of Zoology“ 252 (3): 373. http://journals.cambridge.org/action/displayAbstract?fromPage=online&aid=58851. конс. 8 август 2006. 
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 „"Jaguar Fact Sheet"“ (PDF). Jaguar Species Survival Plan. http://jaguarssp.org/pdf/FACT%20SHEET%20with%20graphics.pdf. конс. 14 август 2006. 
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 26,5 26,6 Nowell, K. and Jackson, P. (compilers and editors) 1996. Wild Cats. Status Survey and Conservation Action Plan (PDF). IUCN/SSC Cat Specialist Group. IUCN, Gland, Switzerland. (видете Panthera Onca, стр 118–122)
  27. „Search for the Jaguar“. „National Geographic Specials“. Alabama Public Television. http://www.aptv.org/Schedule/showinfo.asp?ID=76679&Nola1=NAGS. конс. 11 август 2006. 
  28. McGrath, Susan (August 2004). „Top Cat“. National Audubon Society. http://magazine.audubon.org/features0408/belize.html. конс. 11 август 2006. 
  29. Dinets, Vladmir. „First documentation of melanism in the jaguar (Panthera onca) from northern Mexico“. http://dinets.travel.ru/blackjaguar.htm. конс. 29 септември 2006. 
  30. Meyer, John R. (1994). „Black jaguars in Belize?: A survey of melanism in the jaguar, Panthera onca“. „Belize Explorer Group“. biological-diversity.info. http://biological-diversity.info/Black_Jaguar.htm. 
  31. „"Jaguar (panthera onca)"“. „Our animals“. Akron Zoo. http://www.akronzoo.org/learn/jaguar.asp. конс. 11 август 2006. 
  32. "Guidelines", Reproduction, стр. 28–38
  33. Ronaldo Gonçalves Morato, Marcelo Alcindo Barros de Vaz Guimaraes, Fernando Ferriera, Ieda Terezinha do Nascimento Verreschi, Renato Campanarut Barnabe (1999). „Reproductive characteristics of captive male jaguars“. „Brazilian Journal of Veterinary Research and Animal Science“ 36 (5). doi:10.1590/S1413-95961999000500008�. http://www.scielo.br/scielo.php?script=sci_arttext&pid=S1413-95961999000500008&lng=pt&nrm=iso&tlng=en. конс. 8 август 2006. 
  34. 34,0 34,1 34,2 34,3 34,4 34,5 "Guidelines", Natural History & Behavior, стр. 8–16
  35. "Jaguars: Magnificence in the Southwest"“ (PDF). „Newsletter“ (Southwest Wildlife Rehabilitation & Educational Foundation). Spring 2006. http://web.archive.org/web/www.southwestwildlife.org/nwsletter/Spring06Newsletter.pdf. конс. 14 август 2006. 
  36. George B. Schaller, Peter Gransden Crawshaw, Jr. (1980). „Movement Patterns of Jaguar“. „Biotropica“ 12 (3): 161. doi:10.2307/2387967. http://links.jstor.org/sici?sici=0006-3606(198009)12%3A3%3C161%3AMPOJ%3E2.0.CO%3B2-H/. конс. 8 август 2006. 
  37. 37,0 37,1 37,2 Rabinowitz, AR., Nottingham, BG Jr (1986). „Ecology and behaviour of the Jaguar (Panthera onca) in Belize, Central America“. „Journal of Zoology“ 210 (1): 149. http://md1.csa.com/partners/viewrecord.php?requester=gs&collection=ENV&recid=1524401&q=jaguar+&uid=788304424&setcookie=yes. конс. 11 август 2006.  Overlapping male ranges are observed in this study in Belize. Note the overall size of ranges is about half of normal.
  38. 38,0 38,1 Emmons, Louise H. (1987). „Comparative feeding ecology of felids in a neotropical rainforest“. „Behavioral Ecology and Sociobiology“ 20 (4): 271. doi:10.1007/BF00292180. http://www.springerlink.com/content/h715034593114546/. конс. 8 август 2006. 
  39. „Jaguar“. „Kids' Planet“. Defenders of Wildlife. http://www.kidsplanet.org/factsheets/jaguar.html. конс. 23 септември 2006. 
  40. 40,0 40,1 „Determination That Designation of Critical Habitat Is Not Prudent for the Jaguar“. „Federal Register Environmental Documents“. 12 јули 2006. http://www.epa.gov/fedrgstr/EPA-SPECIES/2006/July/Day-12/e10644.htm. 
  41. "Guidelines", Hand-rearing, стр. 62–75 (видете табела 5)
  42. "Guidelines", Nutrition, стр. 55–61
  43. „Jaguar“. Catsurvivaltrust.org. 9 март 2002. http://www.catsurvivaltrust.org/jaguar.htm. конс. 8 март 2009. 
  44. „Jaguar: The Western Hemisphere's Top Cat“. Planeta. http://www.planeta.com/planeta/08/0802jaguars.html. конс. 8 март 2009. 
  45. Ruiz-Garcia M, Payan E, Murillo A & Alvarez D (2006). „DNA microsatellite characterization of the jaguar (Panthera onca) in Colombia“. „Genes & Genetic Systems“ 81 (2): 115–127. doi:10.1266/ggs.81.115. 
  46. 46,0 46,1 Eric W. Sanderson, Kent H. Redford, Cheryl-Lesley B. Chetkiewicz, Rodrigo A. Medellin, Alan R. Rabinowitz, John G. Robinson, and Andrew B. Taber (2002). „Planning to Save a Species: the Jaguar as a Model“. „Conservation Biology“ 16 (1): 58. doi:10.1046/j.1523-1739.2002.00352.x.  Detailed analysis of present range and terrain types provided here.
  47. „Jaguar Management“. Arizona Game & Fish,. http://www.gf.state.az.us/w_c/es/jaguar_management.shtml. конс. 8 август 2006. 
  48. „Arizona Game and Fish collars first wild jaguar in United States“. Readitnews.com. http://readitnews.com/get-out-there-arizona-outdoors/outdoor-news-mainmenu-10017/1705-arizona-game-and-fish-collars-first-wild-jaguar-in-united-states. конс. 8 март 2009. 
  49. Hock, Heather (2 март 2009). „Illness forced vets to euthuanize recaptured jaguar“. Azcentral.com. http://www.azcentral.com/community/phoenix/articles/2009/03/02/20090302abrk-jaguar0302-ON.html. конс. 8 март 2009. 
  50. „Jaguars“. „The Midwestern United States 16 000 years ago“. Illinois State Museum. http://www.museum.state.il.us/exhibits/larson/felis_onca.html. конс. 20 август 2006. 
  51. Weber, William; Rabinowitz, Alan (Август 1996). „A Global Perspective on Large Carnivore Conservation“. „Conservation Biology“ 10 (4): 1046–1054. doi:10.1046/j.1523-1739.1996.10041046.x. http://www.blackwell-synergy.com/doi/abs/10.1046/j.1523-1739.1996.10041046.x?journalCode=cbi. 
  52. 52,0 52,1 „Jaguar Refuge in the Llanos Ecoregion“. Светски фонд за природа. http://www.panda.org/about_wwf/where_we_work/latin_america_and_caribbean/country/venezuela/index.cfm?uProjectID=VE0854. конс. 1 септември 2006. 
  53. „Glossary“. „Sonoran Desert Conservation Plan: Kids“. Pima County Government. http://www.co.pima.az.us/cmo/sdcp/kids/gloss.html. конс. 1 септември 2006. 
  54. "Guidelines", Protection and Population Status, стр. 4.
  55. Marianne K. Soisalo, Sandra M.C. Cavalcanti. (2006). „Estimating the density of a jaguar population in the Brazilian Pantanal using camera-traps and capture–recapture sampling in combination with GPS radio-telemetry“. „Biological Conservation“ 129: 487. doi:10.1016/j.biocon.2005.11.023. http://www.procarnivoros.org.br/pdfs/Soisalo_e_Cavalcanti_2006.pdf#search=%22jaguar%20population%20numbers%22. конс. 8 август 2006. 
  56. Museo Arqueologico Rafael Larco Herrera (1997). Katherine Berrin. уред. „The Spirit of Ancient Peru: Treasures from the Museo Arqueologico Rafael Larco Herrera“. New York City: Thames and Hudson. ISBN 9780500018026. 
  57. Guyana, RBC Radio
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Јагуар“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).