Анаконди

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Анаконда)
Анаконди
Зелена анаконда (E. murinus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Удави
Потсемејство: Удави
Род: Анаконди
Wagler, 1830[1]
Типски вид
зелена анаконда (Eunectes murinus)
(Linnaeus, 1758)[1]
Синоними

Boa Linnaeus, 1758
Draco Oken, 1816

Анакондите (науч. Eunectes) се род на големи неотровни удави. Можат да се најдат во тропскиот дел на Јужна Америка, во Колумбија, Венецуела, Гвинеја, Еквадор, Перу, Боливија, Бразил и на островот Тринидад.

Видови анаконди[уреди | уреди извор]

Најпознати видови се зелената анаконда (Eunectes murinus), позната по тоа што е една од најголемите змии во светот. Зелените анаконди можат да пораснат и повеќе од 5,21м во должина и да достигнат тежина од 97,5 кг. Други анаконди се: жолтата анаконда (Eunectes notaeus), темноточекстата анаконда (Eunectes deschauenseei) и боливиската анаконда (Eunectes beniensis), откриена во 2002 год. во поплавените рамници на провинцијата Пандо во Боливија. Тоа бил првиот идентификуван нов вид на анаконда од 1936 год. и станал четвртиот познат тип во согласност со WWF.

Сите четири видови се водни змии што ловат други водни животни, вклучувајќи риби и речна живина. Постојат некои информации дека некои домашни животни,како козите и понијата,се плен на анакондите и дека ловат близу до водата. Средбите помеѓу луѓето и анакондите можат да бидат опасни, но тие обично не ловат луѓе. Сепак, заканите од анакондите се познати од стриповите, филмовите и авантуристичките приказни прикажани во Амазонската џунгла. Анакондите имаат навлезено во јужноамериканскиот фолклор, кадешто понекогаш се прикажани како митски суштества наречени Encantados. Локалните општества и некои европски истражувачи имаат дадено информации за гигантски анаконди, легендарни змии со многу големи размери отколку оние потврдени од самите видови.

Во 2016 година, медиумите објавиле дека во пештерата Алтамира во Бразил била најдена мрша од анаконда, долга 10,6 метри и тешка повеќе од 400 килограми. Претходно, најдолгата анаконда со прецизно утврдени димензии имала 5,5 метри и била тешка околу 100 килограми.[2]

Анакондата како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Анаконда“ (Anaconda) - песна на британската рок-група Sisters of Mercy од 1983 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 McDiarmid RW, Campbell JA, Touré T. 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, vol. 1. Herpetologists' League. 511 pp. ISBN 1-893777-00-6 (series). ISBN 1-893777-01-4 (volume).
  2. „Анаконда од 10 метри и 400 кг пронајдена во Бразил“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 24.
  3. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– Some Girls Wander By Mistake (пристапено на 2.12.2019)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:SIA