Пантери
Пантери Период: ран плиоцен до денес | |
---|---|
Од горе надолу: лав, тигар, јагуар и леопард | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Потсемејство: | Големи мачки |
Род: | Пантери Oken, 1816 |
Типски вид | |
Felis pardus Linnaeus, 1758 |
Пантерите (науч. Panthera) се род од семејството мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на потсемејството големи мачки (Pantherinae). Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“[1].
Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки одлики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните одлики на гркланот[2].
Еволуција
[уреди | уреди извор]Како поголемиот дел од семејството мачки, и родот Пантери бил тема на многу дебати и таксономски промени. База на родот се смета дека е изумрениот вид Viretailurus schaubi, кој понекогаш се смета и за ран член на родот Пума. Пантерите најверојатно се развиле во Азија, меѓутоа нивните корени сѐ уште се нејасни. Одделувањето на големите од другите мачки – Felinae се проценува помеѓу шест и десет милиони години[3]. Според фосилните остатоци одвојувањето на пантерите било пред само 2 до 3,8 милиони години[4].
Морфолошките и генетските истражувања укажуваат дека тигарот е првиот од денешните видови што се одвоил од лозата[5]. Снежниот леопард на почетокот бил ставен на основата на родот пантери, но новите молекуларни истражувања укажуваат дека тој треба да припаѓа на овој ред, па дури и дека постои можност да е сестрински вид на леопардот[5]. Поради ова, многу научници го ставаат во пантери[3][5][6], но сè уште не постои консензус за тоа дали треба да остане во посебниот род Uncia [7][8], или треба да биде префрлен како Panthera uncia[3][5][6][9]. Преисториската мачка, која го носи името Европски јагуар (Panthera gombaszogensis) и најверојатно е доста блиска со денешниот јагуар, се смета дека за првпат се појавила во денешна Оливола, Италија пред околу 1,6 милиони години.
Облачниот леопард (Neofelis nebulosa), од кој во 2007 година е одвоен посебниот вид Борнејски облачен леопард (Neofelis diardi), не е вклучен во родот Пантери[3][5][6][9].
Таксономија
[уреди | уреди извор]Постојат многу подвидови на четирите вида пантери, сепак голем број од подвидовите на леопардот и лавот се дискутабилни. Неодамна било предложено дека сите потсахарски популации на леопарди всушност припаѓаат на истиот подвид на леопард, како и сите потсахарски популации на лавови кои припаѓаат на еден подвид. Овие тврдења се засноваат на недоволните генетски разлики меѓу нив. Некои од предисториските лавовски подвидови се опишани по историски докази и фосили. Можно е овие да биле различни видови.
Црниот пантер не е посебен вид, туку само заедничко име за црните (меланистични) единки од овој род, најчесто јагуари или леопарди.
Видови и подвидови
[уреди | уреди извор]Род пантери (Panthera)
- † Panthera crassidens - најверојатно идентичен со друг таксон
- † европски јагуар (Panthera gombaszoegensis)
- лав (Panthera leo)
- † американски лав (Panthera leo atrox)
- североисточен конгоански лав (Panthera leo azandica)
- катаншки лав (Panthera leo bleyenberghi)
- † европски лав (Panthera leo europaea)
- конгоански лав (Panthera leo hollisteri)
- европски пештерски лав (Panthera leo fossilis)
- јужноафрикански лав (Panthera leo krugeri)
- Panthera leo kamptzi
- † атласки лав (Panthera leo leo)
- † Пештерски лав (Panthera leo melanochaita)
- масајски лав (Panthera leo massaica)
- источноафрикански лав (Panthera leo nubica)
- Panthera leo melanochaita
- Panthera leo nyanzae
- азиски лав (Panthera leo persica)
- † Panthera leo sinhaleyus
- † евроазиски пештерски лав (Panthera leo spelaea)
- сенегалски лав (Panthera leo senegalensis)
- † Берингов пештерски лав (Panthera leo vereshchagini)
- Јагуар (Panthera onca)
- † Panthera palaeosinensis - најверојатно предок на тигарот
- † Panthera pardoides
- Леопард (Panthera pardus)
- индокинески леопард (Panthera pardus delacouri)
- индиски леопард (Panthera pardus fusca)
- севернокинески леопард (Panthera pardus japonensis)
- шриланечки леопард (Panthera pardus kotiya)
- јавански леопард (Panthera pardus melas)
- арапски леопард (Panthera pardus nimr)
- амурски леопард (Panthera pardus orientalis)
- африкански леопард (Panthera pardus pardus)
- персиски леопард (Panthera pardus saxicolor)
- † европски леопард (Panthera pardus sickenbergi)
- занзибарски леопард (Panthera pardus adersi)
- † Panthera (Viretailurus) schaubi
- † Panthera schreuderi – најверојатно синоним на европскиот јагуар[10]
- Тигар (Panthera tigris)
- сибирски тигар (Panthera tigris altaica)
- јужнокинески тигар (Panthera tigris amoyensis)
- † балиски тигар (Panthera tigris balica)
- индокинески тигар (Panthera tigris corbetti)
- малајски тигар (Panthera tigris jacksoni) [11]
- † јавански тигар (Panthera tigris sondaica)
- суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae)
- бенгалски тигар (Panthera tigris tigris)
- † тринилски тигар (Panthera tigris trinilensis)
- † Panthera Toscana – најверојатно синоним на европскиот јагуар
- † Panthera youngi
Изумрените видови се означени со †
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „"Panther"“. Online Etymology Dictionary. Douglas Harper. Посетено на 12 ноември 2007.
- ↑ Nowak, Ronald M. (1999). Walker's Mammals of the World. Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-5789-9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Johnson, W.E., Eizirik, E., Pecon-Slattery, J., Murphy, W.J., Antunes, A., Teeling, E. & O'Brien, S.J. (2006). „The Late Miocene radiation of modern Felidae: A genetic assessment“. Science. 311: 73–77. doi:10.1126/science.1122277. PMID 16400146.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Turner A (1987) New fossil carnivore remains from the Sterkfontein hominid site (Mammalia: Carnivora). Ann Transvall Mus 34:319–347
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Yu L & Zhang YP (2005). „Phylogenetic studies of pantherine cats (Felidae) based on multiple genes, with novel application of nuclear beta-fibrinogen intron 7 to carnivores“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 35 (2): 483–495. doi:10.1016/j.ympev.2005.01.017.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Dianne N. Janczewski, William S. Modi, J. Claiborne Stephens, and Stephen J. O'Brien (1996). „Molecular Evolution of Mitochondrial 12S RNA and Cytochrome b Sequences in the Pantherine Lineage of Felidae“. Molecular Biology and Evolution. 12 (4): 690. Посетено на 6 август 2006.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Uncia uncia“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2002. Посетено на 11 мај 2006.
- ↑ Felid Taxon Advisory Group: Alan H. Shoemaker (1996) Taxonomic and Legal Status of the Felidae Архивирано на 30 март 2008 г.
- ↑ 9,0 9,1 Johnson WE & Obrien SJ (1997). „Phylogenetic reconstruction of the Felidae using 16S rRNA and NADH-5 mitochondrial genes“. Journal of Molecular Evolution. 44: S98–S116. doi:10.1007/PL00000060.
- ↑ O'Regan, H & Turner, A (2004). „Biostratigraphic & palaeoecological implications of new fossil felid material from the Plio-Pleistocene site of Tegelen, the Netherlands“. Palaeontology. 47 (5): 1181–1193. doi:10.1111/j.0031-0239.2004.00400.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
- ↑ Luo SJ, Kim JH, Johnson WE, Walt Jvd, Martenson J; и др. (2004). „Phylogeography and Genetic Ancestry of Tigers (Panthera tigris)“. PLoS Biol. 2 (12): e442. doi:10.1371/journal.pbio.0020442.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
|
„Пантери“ на Ризницата ? |