Американски лав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Panthera leo atrox
Период: Плеистоцен
Panthera leo atrox Sergiodlarosa.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Пантера
Вид: Лав
Подвид: P. l. †atrox
Триномен назив
Panthera leo †atrox
(Жозеф Лејди, 1853)

Американски лав (Panthera leo atrox) — еден од најпознатите исчезнати лавови кои некогаш постоел. Американскиот лав живеел на територијата на денешна Северна Америка во времето на плеистоценот (1,8 милиони - 11 000 г.пр.н.е. ). Овој подвид е тесно поврзан со Евроазискиот пештерен лав. Американскиот лав е еден од најголемите видови мачки, кои некогаш постоеле.

Овој вид на лав живеел до крајот на Ледено доба во Америка[1], на територијата на денешен САД, од Алјаска до Перу. Должината на телото се претпоставува дека била од 1,6 до 2,5 метри[2], висината до 130 см. Овие лавови биле 25% покрупни од денешните африкански лавови, но не биле поголеми од Пештерните лавови, кои денес исто така се исчезнати. Американскиот лав имал тежина од 360 до 500 килограми[3]. Гривната му била посветла и помала од африканскиот лав. Во некои делови, овој лав живеел во ладни климатски услови. Тој веројатно користел пештери како засолниште од студеното време. Американските лавови живееле во отворените рамници и најверојатно се хранеле со американски бизони, елени, северноамерикански коњи (моментално исчезнати), мамути, како и други големи тревопасни животни.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Кристиансен P, Харис JM (2005 г.) Орган, размера на Smilodon (Mammalia: Felidae). J Morphol 266: 369–384 J Morphol 266: 369-384
  • Соркин, Б. 2008 г.: "Биомеханични ограничения за телесна маса в сухоземните бозайници, хищници" 333-347. Lethaia, 41, п
  • Merriam, JC & наличност, В. 1932: В Felidae на Rancho La Brea. Carnegie Institution of Washington Publications 442, 1–231. Карнеги институт във Вашингтон публикации 442, 1-231.
  • Barnett, Ross et al. (2009): Phylogeography of lions (Panthera leo ssp.) reveals three distinct taxa and a late Pleistocene reduction in genetic diversity. Mol. Ecol. Vol.18, p.1668-1677.

Наводи[уреди | уреди извор]