Википедија:Избрана статија/2008/16

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георг Фридрих Хендл
Георг Фридрих Хендл

Георг Фридрих Хендл (герм. Georg Friedrich Händel, англ. George Frideric Handel) (23 февруари 168514 април 1759) е германски британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727. Неговите најпознати дела се Месија, ораториум според текст од Крал Џејмсовата Библија, Музика на вода и Музика за кралскиот огномет. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од Барокот кон Класицизмот.

Хендл бил високо почитуван од другите композитори, како за време на неговиот живот, така и по него. Бах има кажано: „[Хендл] е единствениот човек кој би сакал да го видам пред да умрам, и единствениот човек кој би сакал да бидам, да не бев Бах“. Моцарт пак, се вели дека се изјаснил: „Хендл го разбира ефектот подобро од сите нас. Кога ќе посака, удира како молња“, а пак за Бетовен тој бил „учителот на сите нас“. Подоцна тој над сѐ ја истакнал едноставноста и популарната допадливост на Хендловата музика со исказот: „одете кај него за да научите како да постигнете големи ефекти на така едноставен начин“.