Википедија:Избрана статија/2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 52

За оваа седмина била избрана статијата Александар Суворов. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 51
Јане Сандански

Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан паша и Старикот (18 мај 1872 - 10 април 1915) — истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација.

Роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија, во семејството на Иван Сандански. Во текот Руско-турската војна од 1877 година, а неговите родители и соселани биле принуден да избегаат во Горна Џумаја. Знаменосец на една од македонските чети кои во Кресненското востание, бил неговиот таткото. По задушувањето на востанието, семејството Сандански се засолнило во Дупница, каде што го минал детството. Завршил основно училиште и два класа од прогимназијата, подоцна станал кондураџиски чирак и му помагал на својот татко во полските работи. Во 1892 година, бил регрутиран во бугарската армија. По завршувањето на воената служба станал молбописец, кај својот чичко Спас Харизанов, адвокат и поранешен македонски учител.

Во април 1901 година, за првпат, со 8-члена чета агитирал во името на Организацијата. Истата година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестански мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестанската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а на 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци. Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги преставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација, Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но и покрај силниот отпор на Внатрешната организација, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н Горноџумајско востание. Подготовките за востанието во Серскиот револуционерен округ ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Сандански. На Крстовден, 27 септември здружените сили на Јане Сандански и Цончев се нашле пред Свети Врач со намера да го нападнат турскиот гарнизон. Меѓутоа тие биле следени од аскер и башибозук од 2000 души и затоа се утврдиле за да започнат битка. Но одредот на Сандански и Цончев бил обиколен од сите страни и затоа ноќта се повлекле. Планот за напад на гарнизонот во Свети Врач пропаднал, Сандански се повлекол кон Кресна.
Седмица 50

За оваа седмина била избрана статијата Лазар Поп-Трајков. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 49
Macedonia Greece-Republic.jpg

Наметнатиот спор за името Македонија од страна на Република Грција опфаќа неколку прашања главно обединети околу спорот за името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во Македонија, како и ословувањето на македонскиот јазик кој е во употреба во Македонија. Ескалацијата на спорот постигнува такви размери што за неговото решавање се вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште во рамките на организацијата на Обединетите нации.

Спорот, во главно, е плод на несогласувањето на Република Грција да го прифати уставното име Македонија. Привременото решение „поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ) (во англиската верзија "former Yugoslav Republic of Macedonia" (FYROM)), покрај Република Грција, го користат и неколку други земји. Сепак сите членки на Обединетите Нации, и самиот ОН како целина, се согласни да го прифатат решението што ќе произлезе како резултат на меѓусебните разговори на двете земји.

Седмица 48

За оваа седмина била избрана статијата Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка). По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 47
William Hogarth 006.jpg

Вилијам Хогарт (англ. William Hogarth), (10 ноември, 169726 октомври, 1764) е важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар и карикатурист, кој се смета за првиот цртач на стрипови. Неговите дела се разновидни и варираат од одлични реалистични портрети до стриповиден серијал од слики наречен „современи поучни содржини“. Многу негови дела, иако понекогаш горки, ја исмеваат тогашната политика и обичаи.

Хогарт живее во време во кое уметноста станува сѐ повеќе комерцијализирана и гледана по излозите, крчмите и јавните згради. Старите хиерархии се распаѓаат, па затоа и се развиваат нови форми: баладната опера, буржојската трагедија и особено, новата форма на белетристика со име роман со помош на која авторите како Хенри Филдинг доживуваат голем успех. Така, во тоа време, Хогарт добива нова идеја, како што самиот забележува: „сликање и клиширање на современи поучни содржини ... да постапувам со содржините како драмски писател; сликата ми беше сцена“.

Во Англија, пред Хогарт, во ликовната уметност нема комедија. Неговите графики се скапи, и така останува до почетокот на 19ти век, кога препечатени стануваат достапни за пошироката јавност. Хогартовата куќа во Чизик, западен Лондон, денес е музеј со бесплатен влез; тука се наоѓа и една од најпознатите лондонски раскрсници – „Хогартовиот кружен тек“.

Седмица 46
Maria Sharapova, with 2006 Acura Classic cup.jpg

Марија Јурјевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова) (родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено два Гренд Слема. Таа е последниот освојувач на УС Опен, откако ја победи Жастин Анин во финалето од 2006 година. Во 2004 година, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после нуклеарната несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган.

Нејзиниот талент е забележан од страна на Мартина Навратилова, а прв пат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова оди во САД заедно со нејзиниот татко - Јури - и станува дел од Тениската Академија Ник Болетиери во Бредентон, Флорида. Нејзината мајака, Јелена, која е оневозможена да дојде поради визниот режим, стигнува во САД неколку години подоцна. Оттогаш Шарапова живее во САД но сѐ уште има руско државјанство.

Во 2002 година, Шарапова купува куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.

Седмица 45

За оваа седмина била избрана статијата Мојата борба. По ревизијата извршена на 13.04.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 44
Allen Ginsberg.jpg

Ирвин Ален Гинсберг (3 јуни 19265 април 1997) е американски поет, икона на хипи-движењето од втората половина на дваесеттиот век. Гинсберг е најпознат по своето дело Урлик (1956), една долга поема во која го дава суровиот реалистичен приказ на само-уништувањето на неговите пријатели од Бит генерацијата, како и деструктивните сили на материјализмот и конформизот на американското општество врз човековата личност.

Гинсберг е роден во еврејско семејство во Њуарк, Њу Џерси. Неговиот татко - социјалистот Луј Гинсберг - е поет и средношколски професор. Мајката на Гинсберг, Наоми Ливерџант (која страда од епилепсија и ментални болести од типот на параноја) е активен член на Комунистичката партија на САД и често ги носи своите синови - Ален и Јуџин - на партиските состаноци. Гинсберг подоцна ќе рече: "Мама ги измислуваше нашите приказни за пред спиење и сите изгледаа вака: добриот крал јаваше кон својот замок, ги виде несреќните работници и им помогна.'"

Како тинејџер, Гинсберг почнува да пишува писма до Њујорк Тајмс во врска со политички теми од типот на Втората светска војна и правата на работниците. Кога станува средношколец, патува со автобус, заедно со својата мајка, на нејзината терапија. Патувањето го вознемирува младиот Гинсберг - го спомнува него, заедно со уште неколку други моменти од своето детство во неговата долга автобиографска поема "Кадиш за Наоми Гинсберг (1894-1956)." Додека е во средно училиште, Гинсберг почнува да го чита Волт Витмен; ќе рече дека бил инспириран од страста на неговиот учител за читање.

Седмица 43
Parteiadler der Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei (1933–1945).png

Националсоцијалистичка германска работничка партија (германски: За снимкава Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei  или НСДАП (NSDAP), најчесто ословувана како Нацистичка партија) била десничарска политичка партија во Германија помеѓу 1920 и 1945 година.

Водачот на партијата, Адолф Хитлер, бил назначен за канцелар на Германија од претседателот Паул фон Хинденбург во 1933. По смртта на Хинденбург, Хитлер набрзина воспоставил тоталитаристички режим познат како Третиот рајх, под којшто партијата се здобила со речиси неограничена моќ.

Нацистичката идеологија ја истакнува расната чистота на германскиот народ и ги гонела оние што ги сметала или за непријатели или за „живот невреден за живот“ (Lebensunwertes Leben) (вклучувајќи ги Евреите, Циганите, Словените и хомосексуалците, покрај Јеховините сведоци, умствено и телесно заостанатите, социјалистите и комунистите). Практикувањето на овие верувања донела директно до смртта на приближно 11 милиони луѓе, што е сега познато како Холокауст. Понатаму, Нацистичкиот концепт на Простор за живеење (Lebensraum) и потрагата по создавањето на Голема Германија, биле едни од главните причини за Втората Светска војна, во којашто загинале повеќе од 60 милиони луѓе.

Седмица 42


Жан-Никола Артур Рембо (20 октомври 185410 ноември 1891) е француски поет, роден во Шарлевил. Иако сѐ што напишал е во период од само три години (од неговата 16-та до 19-та година), неговото влијание на модерната литература, музика и уметност е огромно, распространето и од непроценлива вредност.

Уште додека Рембо е жив, Гароти ќе го нарече „водач на декадентската школа“. Во „Манифестот на надреализмотАндре Бретон ќе напише: „Рембо е надреалист во практиката на животот и другаде“. За католички расположениот Клодел тој е „мистик во дива состојба“, за Ками - „авантурист на апсурдот“, за Сартр - „еден егзистенцијалистички поет“. Пол Валери пак ќе го смета Рембо за еден од своите два омилени поети (покрај неговиот учител Стефан Маларме). Боб Дилан ќе рече дека неговото животно мото се врти околу Рембоовото „Je est un autre“ (Јас - тоа е некој друг). Ван Морисон ќе му посвети една прекрасна песна „Tore Down a la Rimbaud“, а Пати Смит ќе ја препее неговата поезија на англиски. Џим Морисон и Пабло Пикасо од Рембо ќе направат слика на архетипен бунтовник.

Повеќе од еден век по неговата смрт, Рембо не престанува да биде причина за бројни дискусии и контроверзии во литературниот свет.

Седмица 41


Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи.

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на Македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7-ми век, со локалното население. Потврда за овој став се разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат само 20-25% словенски гени, додека останатите 75% ги оквалификуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените.

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго. Македонскиот народ исто така има голема улога во создавањето на словенската писменост - имено солунскиот словенски дијалект се зема како основа за создавањето на старословенската азбука, и прави огромен придонес за општословенската и европската култура.

Седмица 40

Народно Ослободителниот Фронт (НОФ) е политичка и воена организација на Македонците од Егејска Македонија (Грција). Организацијата е активна во периодот од 1945 до 1949 година, односно непосредно пред и за време на Граѓанската Војна во Грција.

По ослободувањето на Грција, и потпишувањето на договорот од Варкиза за разоружување на ЕЛАС, почнува да излегува на површина тензијата меѓу левите сили и владата подржана од Велика Британија околу прашањето за властта во пост-воена Грција. Заради дијаметрално спротивните позиции на двете страни, нема никакви знаци за постигнување на консензус за возможна политичка стабилизација на државата.

Додека КПГ седи на преговарачка маса со цел по демократски пат да постигне дел од своите цели во рамките на политичкиот дијалог, во Северна Грција се активираат десничарски банди, кои, потпомогнати од владини сили, го тероризираат етничкото Македонско население, обвинувајќи го за автономистичка и сепаратистичка дејност. Иако за време на окупацијата “Батаљоните за сигурност“ (Тагмата Асфалиас) се соработници со фашистите, британската интервенција и Грчката влада не ги расформираат, ниту ги гонат, туку напротив - им ги опростуваат гревовите направени во Втората светска војна и ги искористуваат како орудие за борба против левичарите и етничките малцинства. Така, на пример, ЕДЕС на Наполеон Зервас потпомогнат од единици на Тагмата вршат геноцид и егзодус на етничкото албанско население во јужен Епир и Чамерија. Истото го прават и во десетина Македонски села во Костурско и Воденско...

Седмица 39

За оваа седмина била избрана статијата Срби. По ревизијата извршена на 13.04.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 38


Леонард Норман Коен (роден на 21 септември 1934 година во Квебек) е канадски кант-автор, поет и романсиер. Коен ја објавува својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956, а својот прв роман во 1963 година.

Раните песни на Леонард Коен (најголем дел од кои се дел од албумот Songs of Leonard Cohen од 1968) се под влијание на европските фолклорни мелодии и се испеани со специфичен висок баритонски глас. 1970тите се период во кој неговата музика ќе остави длабок печат врз развитокот на попот, кабаретскиот стил и светската музика, притоа останувајќи исклучително оригинална и некомерцијална. Од 1980тите до денес, Коен, во интерпретацијата на своите песни користи многу подлабок глас (бас-баритон), најчесто придружен од синтисајзер и женски вокален хор.

Неговото творештво најчесто ги истражува религијата, осаменоста, сексуалноста и сложените меѓучовечки односи. Коеновата музика и поезија има влијаено врз многу уметници и повеќе од илјада препеви и преработки на неговото творештво се досега забележани. Член е на Куќата на славните канадски музичари, како и на Куќата на славните канадски текстописци; носител е и на медалот Редот на Канада, највисокото признание што може да го добие еден канаѓанин.

Седмица 37
Станислав Лем, писател, филозоф, футуролог и теоретичар на научна фантастика

Станислав Лем (Лавов, 12 септември 1921Краков, 27 март 2006) бил полски писател, сатиричар, философ и футуролог. Тој е еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател. Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат философските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената. Иако неколку специфични теми се појавуваат во сите негови дела, опусот на Лем може да се подели на два главни циклуси. Првиот вклучува донекаде традиционална научна фантастика каде што како мотиви се јавуваат технолошкиот напредок, патувањето во вселената и туѓинските светови, какви што се „Еден“ (1959; Eden), „Враќање од ѕвездите“ (1961; Powrót z gwiazd), „Соларис“ (1961; Solaris), „Непобедливиот“ (1964; Niezwyciężony), „Гласот на господарот“ (1968; Głos pana) и „Сказни за пилотот Пиркс“ (1968; Opowieści o pilocie Pirxie). Вториот циклус го сочинуваат мрачни алегориски раскази или сказни какви што се „Ѕвездени дневници“ (1957; Dzienniki gwiazdowe), „Сеќавања пронајдени в када“ (1961; Pamiętnik znaleziony w wannie) и „Киберијада“ (1965; Cyberiada).

Седмица 36

Мевлана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми (персиски: مولانا جلال الدین محمد رومی, турски: Mevlânâ Celâleddin Mehmed Rumi, арапски: جلال الدين الرومي, скратено: إبن الرومي'), i, (30 септември, 120717 декември, 1273), е персиски исламски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Византиското царство два века пред тоа.

Роден е во Балх (денешен Авганистан), а умрел во Коња (денешна Турција). Родното место и јазик укажуваат на персиско потекло. Поезијата му е на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик.

Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и урду и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот.

Седмица 35
Визуелизација на концептот на непрекинатост
Во математиката непрекинатоста на функциите е концепт, или поточно, својство кое ги опишува функциите и нивното однесување во точка или околина. Тесно поврзан со поимот на непрекинатост е поимот гранична вредност на функција - лимес.

Структурно, концептот на непрекинатост на функција претставува своевиден вовед во ε-δ (епсилон-делта) излагањето на математичката анализа, практика која понатаму се обопштува на широка палета поими.

Изучувањето на непрекинатоста и непрекинатите пресликувања е од клучно значење за природните и техиничките науки зашто процесите во природата се одвиваат непрекнато.

Првата строга и прецизна дефиниција на поимот непрекинатост на функција дал францускиот математичар Огистен Луј Коши. Неговата дефиниција е првата која ја дефинира непрекинатоста независно од други математички поими.

Седмица 34
Елементи на векторот

Вектор — поим во математиката што означува секоја величина која во себе носи информација за количество (квантитет) и квалитет. Наспроти векторите, во математиката стојат скаларите кои носат информација само за количество. Така, грубо речено, на пример, величината: три килограми е скаларна, додека величината: три килограми јаболка е векторска. Но, под квалитет во математиката може да се подразбираат и некои својства кои не чинат смисла за нематематичарите. Така на пример, отсечките може да ги сметаме за вектори, ако ги насочиме, т.е. ако условно кажеме каде почнува, а каде завршува отсечката. Во овој случај квалитетот е насоката, а за квантитет би ја зеле должината на отсечката. Од друга страна секој скалар може да го сметаме за вектор со квалитет еднаков на нула, при што смислата на квалитетот во овој случај е философска, т.е. имплицитна. Во физиката векторски величини се, на пример, брзината, забрзувањето, силата, импулсот и сл.

Најчестото толкување на векторите е геометриското - векторот е насочена отсечка од рамнината или просторот. Ова толкување има многу практична примена во математиката и особено во физиката.

За разлика од скаларите, кај векторите важат поинакви правила за извршување на операциите.

Сите вектори во математиката се разгледуваат во рамките на теоријата на векторски простори, која пак сама по себе е дел од линеарната алгебра.
Седмица 33
Портрет на Вилијам Блек од Томас Филипс, 1807 г.

Вилијам Блејк (англиски: William Blake; 28 ноември 1757 - 12 август 1827) — англиски поет, визионер, сликар и бакрорезец. Сосема непознато во текот на неговиот живот, делото на Блејк денес се смета за единствено, оригинално и особено значајно во историјата на поезијата и ликовната уметнос. Прогласен е за 38-ми најголем Британец во историјата, според анкетата направена од страна на Би-Би-Си во 2002 година.

Според Нортроп Фрај, кој е еден од најзначајните истражувачи на целокупниот поетски опус на Блејк, неговите пророчки книги се "обратно-пропорционално на нивното значење, најнечитаните дела во историјата на англиската литература." Многу ја имаат величано Блејковата оригинална работа во рамките на ликовната уметност и барем еден критичар има речено дека Блејк е „убедливо најголемиот сликар што го има дадено Британија.“ Долго време сметан за несекојдневен лудак поради неговите идиосинкратични и ексцентрични идеи, денес Блејк се цени поради неговата експресивност и креативност, како и поради философската визија која го дефинира целокупното негово дело. Како што и самиот еднаш има речено, „Фантазијата не е состојба: тоа е самото човеково постоење“.

Без разлика на тоа што денес неговата ликовна уметност и поезија се разгледуваат одделно, Блејк најчесто двете ги поврзува во една целина на тој начин формирајќи еден прекрасен склоп кој истовремено им се противи и ги надминува сите конвенции. Иако целиот живот верува во својата способност да зборува со библиските пророци, и и покрај неговата работа во однос на илустрирањето на „Книгата на Јов“, Блејковата несомнена приврзаност кон Библијата е постојано придружена со анимозитет спрема востановената црква, а самите негови верувања се обликувани преку неговата фасцинација со мистицизмот, кој пак ќе биде еден од столбовите на новороденото романтичарко книжевно движење. Конечно, неможноста да се смести Блејк во ниту една хронолошки одредена фаза од развитокот на уметноста, е можеби карактеристиката која најлесно го дефинира.

Седмица 32

За оваа седмина била избрана статијата Ковалентна врска. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 31
Повик за Илинденското востание

Илинденско востание — востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание и избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), кој донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, 2 август 1903 година (нов стил).

По започнувањето на востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили Декларација со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држава кој не ги почитувал елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот договор. Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да ѝ даде автономија.

Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени поголемите населени места Невеска и Клисура, a во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и во Кичевскиот револуционерен реон се воделе жестоки борби.

Во ослободеното Крушево била создадена Крушевската република, со Совет и со Привремена влада, избрани од народот. Привремената влада имала ресори: за внатрешни работи, за финансии, за исхрана, за изградба и за санитет. Посебните дејности ги извршувале специјални служби: за обезбедување и градење опкопи за заштита, за поправка на оружјето и за производство на воени материјали, вклучително и црешево топче. За одбрана Привремената влада извршила мобилизација на машкото население способно за борба и презела мерки за заштита на муслиманските семејства на избеганите државни службеници и на нивните имоти, обезбедувани од Востаничкиот штаб. Во селата со муслиманско население бил упатен повик, познат како Крушевски манифест, во кој се соопштувало дека македонскиот народ се кренал на оружена борба против тиранската власт и насилниците, а не против сиромашното муслиманско население, дека востаниците не се разбојници, туку револуционери па затоа тоа да не се плаши, да остане мирно и дека во автономна Македонија сите ќе имаат еднакви права и слободи.

Седмица 30
Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.
Методија Андонов - Ченто (18 август 1902 - 24 јули 1957) е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Учествувал во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. По враќањето од Вис, се привршуваат подготовките за одржување на АСНОМ на 2 август, кога Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.


Седмица 29

Интегралното сметање, заедно со диференцијалното сметање, е еден од основните и најважни дисциплини на математичката анализа. Значењето на интегралното сметање е од огромна важност, не само за математиката, туку и општо за останатите природни науки.

Интегралното сметање може да се разгледува од различни аспекти. На пример, од една страна, интегрирањето е инверзна операција на диференцирањето; од друга страна пак, интегралот на дадена функција бројно ја/го определува определува плоштината/волуменот на фигура/тело во рамнината/просторот.

Основен поим во теоријата на интегралното сметање е поимот интеграл, а основна задача е решавањето на интегралите и изнаоѓањето на начини за нивното решавање.

Условно, интегралите можат да се поделат на неопределени и определени. Што е разликата помеѓу нив, ќе видиме подолу.

Седмица 28
Holmes by Paget.jpg

Шерлок Холмс (р. 1854 според Вилијам С. Баринг-Гулд) е измислен детектив од доцниот 19-ти и раниот 20-ти век кој за првпат се појавил во 1887 год. Бил измислен од шкотскиот автор и физичар Сер Артур Конан Дојл. Холмс е познат по своето мајсторство во употребата на логика и досетливи набљудувања во решавањето на неговите случаи. Тој е веројатно најпознатиот измислен детектив и еден од најпознатите и лесно распознатливите литературни ликови.

Конан Дојл напишал четири романа и 56 раскази со овој лик. Речиси во сите нив раскажувачот е Холмсовиот пријател и биограф, Др. Џон Х. Ватсон, со исклучок на две во кој самиот Холмс е раскажувачот и уште две кои се напишани во трето лице. Расказите најпрвин излегувале во списанија во продолженија, меѓу кои доста од нив во списанието The Strand, во временски период од четириесет години. Ова бил чест облик на издавање во тоа време: Чарлс Дикенс исто така пишувал за списанија. Расказите покриваат временски период од 1878 до 1903 год. со последен случај во 1914. Треба да се знае дека иако многу од насловите на расказите го носат префиксот,,Авантурите на...", медиумите каде што се издавани не биле доследни на ова. Долгата и кратката верзија варијабилно се употребуваат во оваа статија.

Седмица 27
Benjamin Jonson by Abraham van Blyenberch.jpg

Бенџамин (Бен) Џонсон (англиски: Benjamin "Ben" Jonson) (~11 јуни, 15726 август, 1637) е англиски ренесансен драматург, поет и актер. Бил близок пријател со Вилијам Шекспир, а е најпознат по неговите драми Волпоне и Алхемичарот како и по неговите лирски песни. Џонсон бил неверојатно начитан човек со незаситлив апетит за контроверзии, и со тоа уживал ненадминат опсег на влијание врз Јакобинските и Каролинските драматурзи и поети.

Бен Џонсон е роден во Вестминстер, Лондон и велел дека неговото семејство е со шкотско Погранично потекло, а за ова сведочи неговиот семеен грб. Татко му починал пред тој да се роди, па мајка му се премажила по две години за главен ѕидар. Се школувал во Св. Мартиновиот Сокак, а подоцна бил пратен во Вестминстерската школа, каде еден од неговите наставници бил Вилијам Камден. Џонсон се спријателил со Камден, чии широки академски познавања вршеле влијание врз неговиот стил, сѐ до Камденовата смрт во 1623.

Седмица 26
Тангента на кривата '"`UNIQ--postMath-00000001-QINU`"' во точката '"`UNIQ--postMath-00000002-QINU`"'

Диференцијалното сметање е една од најважните дисциплини на математичката анализа. Основната „намена“ на диференцијалното сметање е испитувањето на својствата на функциите, како на самите функции, така и на широка палета други појави поврзани со нив. Покрај својата чиста, математичка, примена, диференцијалното сметање има особена улога и во други науки како физиката или економската статистика итн.

Основен поим во диференцијалното сметање е поимот извод (или деривација) на функција. Строго математички, изводот се дефинира како однос на нараснувањето на вредноста на функцијата и нараснувањето на аргументот, кога нараснувањето на аргументот тежи кон нула. Од самата дефиниција на изводот следи дека диференцијалното сметање се сведува на пресметки со гранични вредности (лимеси). Нека е некоја функција и нека со го означиме нараснувањето на аргументот на функцијата, а со нараснувањето на вредноста на самата функција. Тогаш со граничната вредност...

Седмица 25

Одри Хепберн (4 мај 1929 - 20 јануари 1993) е англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.

Израсната во Арнхем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора Светска војна, напорно тренира балет пред сосема да се посвети на актерството. Најпрво е забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмско деби има како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добива својот единствен оскар. Таа е една од најпознатите актерки во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати е номинирана за оскар. Меѓу номинациите особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во Појадок кај Тифани (1961). Во 1964 година, Хепберн ја игра Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во Мојата убава дама, адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Седмица 24, 3 јуни 2007 - 10 јуни 2007
Кружница со центар во точка O и радиус r

Во рамките на рамнината, под кружница се подразбира множеството точки (формално поточно: геометриското место на точки) кои се еднакво одалечени од некоја фиксирана точка од рамнината. Точката се вика центар на кружницата, а растојанието од центарот до било која точка од кружницата се вика радиус на кружницата.

Кружницата е една од елементарните рамнински криви. Нејзината конструкција е мошне едноставна, додека нејзиниот изглед е речиси волшебен. Затоа кружницата била позната и проучувана уште од многу одамна.

Математички, кружницата е само специјален случај на елипса, односно елипса чии фокуси и центарот се совпаѓаат. Таа е затворена рамнинска крива, што подразбира дека има определен периметар (обиколка) и заградува дел од рамнината со одредена плоштина.

Кружницата (како и останатите елементарни криви) може да се разгледува на два начини: геометриски (конструктивно) или аналитички. За проучување на одредени работи посоодветен е геометрискиот начин, за други аналитичкиот, но најважно од сѐ е дека тие даваат исти резултати и меѓусебно се надополнуваат. Аналитичкото претставување на кружницата е клучно во нејзиното прочитајте повеќе...

Седмица 23, 16 април 2007 - 3 јуни 2007
Раномузички ансамбл

Движењето за Автентична музичка изведба (историски-доследна или историски-запознаена музичка изведба) е приодот на некои музичари и академци кон истражувањето и изведбата на класична музика на начин на кој таа би била изведувана во времето во кое била компонирана. Ова движење започнало со изведбите на средновековна, ренесансна и барокна музика, но од подоцна ја опфаќа и музиката од класицистичкото, па дури и романтистичкото доба. Двата метода за автентична изведба се употребата на историски инструменти и употребата на историски пишани дела кои даваат увид во практиката на изведување, т.е. стилистичките и техничките елементи на изворната изведба на композициите.

Изведувачите на автентична музика ја пропагираат оваа практика како начин на постигнување на уметнички поефектни изведби на постарата музика. Се смета дека постепените промени во изработката на инструментите и обуката на музичарите резултирале со инструменти и стилови пригодни за музиката од (грубо земено) средината до крајот на XIX век, но не и за постари дела. прочитајте повеќе...

Седмица 22, 31 март 2007 - 16 април 2007
Вилушка - Каспаров против Светскиот тим 1999

Шаховската стратегија и тактика има еволуирано низ вековите преку запаметување на успесите на најдобрите играчи. За најголеми шанси за победа, играчот мора брзо да ги мобилизира сите фигури и да им обезбеди простор за маневар, додека истовремено му онезоможува на неговиот противник да го направи истото. Овој таканаречен „позиционен“ пристап кон шахот е основа на современата шаховска стратегија. Се разбира, доброто позиционирање на фигурите само создава прилики за победа. За завршување на партијата со победа, играчот мора да прави прецизни пресметки на низите од потези (варијации) кои или водат до наполна победа, или до значајна предност, и сето тоа додека му оневозможува на противникот да изведе слични такви низи.

За разлика од позиционите концепти на кои се заснова шаховската стратегија, шаховската тактика му овозможува на играчот да го диктира начинот на кој фигурите се играат, заедно со геометријата на шаховската табла, за веднаш да постигне разни цели, често против волјата на неговиот противник. Овие цели можат да бидат напади врз кралевите за зацрвснување или спречување, смалување (елиминација) на противничките сили на број помал од бројот на сопствените, или создавање на непожелни тешкотии кај противникот на некој друг начин. прочитајте повеќе...

Седмица 21, 20 март 2007 - 31 март 2007

За оваа седмина била избрана статијата ЈСП Скопје. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 20, 11 март 2007 - 20 март 2007
Едгар Алан По

Едгар Алан По (19 јануари 1809 - 7 октомври 1849) е американски поет, раскажувач, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите раскази за макабрата, По останува запаметен како првиот писател на детективска и криминална проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научно-фантастичниот расказ. По умира на 40 годишна возраст. Причината за неговата смрт е непозната, а разни теории се исплетени околу алкохолот, дрогата, болестите од типот на колера, туберкулоза или беснило, па дури и самоубиство (иако најверојатно е само ненамерна грешка предизвикана од обидот за самоубиство на По една година пред неговата смрт).

По е роден како Едгар По во шкотско-ирско семејство во Бостон, Масачусетс, како второ дете на Елизабет Арнолд Хопкинс По и Дејвид По Џуниор, патувачки актери венчани на 14 март 1806 година. Вилијам Хенри Леонард По е негов постар брат, а Розали прочитајте повеќе...

Седмица 19, 25 февруари 2007 - 11 март 2007

За оваа седмина била избрана статијата Ѓорѓи Сугарев. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 18, 1 февруари 2007 - 25 февруари 2007

За оваа седмина била избрана статијата Столпчести габи. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 17, 17 јануари 2007 - 1 февруари 2007

За оваа седмина била избрана статијата Рекански регион. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 16, 10 јануари 2007 - 17 јануари 2007
Октавијан Август во одело на Понтифекс Максимус

Понтифекс Максимус (латински: Pontifex Maximus), што значи „Врховен понтиф“, бил највисокиот свештеник во староримскиот Понтифски Колегијат. Ова била највисоката свештеничка фукнција во римската религија, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за прв пат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно религиозна функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на Бискупот на Рим.

Денес, „Понтифекс Максимус“ е една од титулите на Бикупот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на згради, паметници и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат. прочитајте повеќе...

Седмица 15, 3 јануари 2007 - 10 јануари 2007

За оваа седмина била избрана статијата Бонсаи. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 01, 19 декември 2006 - 3 јануари 2007

За оваа седмина била избрана статијата Версајски дворец. По ревизијата извршена на 20.4.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
2019
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски астероиди  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики
2018
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермет  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC транспортер  • Хозе де Сан Мартин
2017
Оноре де Балзак  • Гравитационен бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
2016
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи Сарај  • Нуклеарна фисија  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
2015
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
2014
Безијеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносен распоред  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаошки јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
2013
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
2012
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
2011
Фердинанд I • Историја на христијанството • Грчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадеира • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
2010
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска унија • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хозе Раул Капабланка • Фердинанд I
2009
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Константинопол (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
2008
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
2007
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
2006
Кочо Рацин • Светско Првенство во Фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
2005
Евтини приказни