Википедија:Избрана статија/2008/13

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елизабета I - кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска.

Елизабета I (англ. Elizabeth I) (7 септември 1533 - 24 март 1603) била кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558г. па се до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Девствената Кралица или Добрата Кралица Бес. Кралицата Елизабета претставувала петти и последен монарх од династијата Тјудори (претходните пет биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I). Владеела околу 45 години, период кој бил обележан со зголемување на Анлгиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и големи религиозни нереди кои беснееле внатре во Англија.

Нејзиното владеење е одбележано како Елизабетино доба или Златното доба на кралицата Елизабета. Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон сите живееле и твореле за време на оваа ера; Францис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Францис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а Англиската колонизација на Северна Америка отпочнала благодарејќи на Сер Волтер Рајли и Сер Хамфри Гилберт. Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и памтам“). Оваа последна нејзина карактеристика, честопати посматрана со нетрпение од нејзините советници, ја има спасено од недолични додворувања и брачни понуди. Баш како и нејзиниот татко Хенри VIII кој бил писател и поет, и Елизабета ги следела неговите стапки. Има врачено Кралски прогласи на неколку значајни организации меѓу кои вредни да се споменат се Колеџот на Тројството во Даблин во 1592. како и на Источноиндиската компанија во 1600.