Википедија:Викиекспедиции 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Shared Knowledge Logo.svg
Викиекспедиции.svg
Wikipedia-logo-v2.svg
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Повардарие — дводневна експедиција (21-23 мај);
  2. Битолско Мариово и Селечка Планина — дводневна експедиција (18-20 јуни);
  3. Бушева Планина и Прилепско Поле — дводневна експедиција (27-29 август); и
  4. Радовишко — дводневна експедиција (25-26 септември).

Прва експедиција[уреди извор]

Повардарие[уреди извор]

Во 2021 година, со смирувањето на третиот бран од пандемијата на коронавирусот, нашите експедиции започнавме да ги реализираме според предвиденото.

Попладнето на 21 мај 2021 година (петок), членовите Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски се упатиле кон градот Демир Капија. Демир Капија била избрана за сместување, поради неговата близина на селата предвидени за посета со оваа експедиција.

Прв ден[уреди извор]

Групна фотографија на учесниците во експедицијата
Карта покриеност на Општина Гевгелија по посетата на експедијата
Карта покриеност на Општина Демир Капија по посетата на експедијата

По појадокот во винаријата „Кралица Марија“, каде што бевме сместени и купувањето на основните намирници, се упативме преку стариот пат Демир Капија-Гевгелија, со цел најпрвин да ги опфатиме преостанатите села од Општина Гевгелија, кои не биле посетени за време на експедицијата во областа Бојмија во 2017 година. Се упативме по стариот регионален пат Демир Капија-Удово, наместо по автопатот. На патот бевме застанати од полициска патрола за редовна сообраќајна контрола, како и поради зголемиот број на мигранти во подрачјето, со што тоа веќе ни беше втора сообраќајна контрола на експедицијата, откако и вечерта пред пристигнувањето во нашето сместување бевме застанати од полиција.

Први на список ни беа селата Петрово и Габрово, до кои води асфалтен пат од селото Миравци. Во Петрово на самиот влез забележавме црква за која немавме податоци дека постои, за која мештаните подоцна ни потврдија дека се работи за црквата „Св. Атанасиј“, кои тие ја именуваат како манастир. Петрово се забележуваше дека некогаш било големо село. Во Габрово најпрвин се упативме кон малото Габрешко Езеро, до кое води земјен пат од самото село Габрово. На сретселото се наоѓа нивната единствена црква, заедно со споменикот за борците од НОБ. Во атарот на селото Габрово го посетивме и туристичкото место „Бел Рај“, кое се наоѓа на Стара Река. Бел Рај станал доста познат поради бројните техно-журки кои се организирале на ова место. На враќањето од Габрово го посетивме и езерото кај Миравци, кое е направено со земјена брана. Во Миравци го најдовме и училиштето, од кое немавме ниту една фотографија. Понатаму, продолживме кон селото Милетково, каде ги фотографиравме селската црква и селското училиште, по што се упативме кон манастирот во Давидово, каде сега има нов асфалтен пат и со што ја заокруживме посетата на преостанатите села од Општина Гевгелија.

Откако го завршивме и последното село во Општина Гевгелија, преку Удово се приклучивме на стариот регионален пат и по пат се обидовме да го фотографираме селото Кошарка, за кое подоцна утврдивме дека куќите покрај патот се само дел од селото, а дека првичното село се наоѓало доста погоре во планината. По патот застанавме само уште помеѓу двата тунели во Демиркаписката Клисура, кои се пресечени од Челевечка Река.

Потоа, наместо кон градот продолживме кон селото Челевец, до кое води мешан земјено-асфалтен пат од селото Корешница. Во селото ги фотографиравме селската џамија и училиштето. Сфаќајќи дека за селото Иберли води целосно различен пат, кој беше целосно земјен, се откажавме од посета на тоа село, како и на првичното село на Кошарка, и се вративме во селото Корешница. Во Корешница брзо се снајдовме бидејќи црквата и џамијата се една до друга, а училиштето е на самото сретсело. Од Корешница се придвиживме кон селото Бистренци, во кое има зачувана католичка црква изградена од доселени Словенци во времето на Кралството СХС. Од православната селска црква, за која водеа повеќе земјени патишта, продолживме и кон некогашната положба на селото Дублино.

Враќајќи се повторно во градот Демир Капија, продолживме кон селото Клисура, до кое може да се стигне преку некогашниот пат Демир Капија-Удово, кој е во лоша состојба и води долж железничката пруга на десниот брег на реката Вардар. Селото Клисура е доста пропаднато и се останати одвај неколку куќи во него, но сепак е зачувана селската црква, селската чешма, а селото добива на значајност по Долината на кактусите, што се наоѓа над селската црква. Ние кога бевме глетката на кактусите не беше особено впечатлива, поради тоа што не беа расцветани. Додека да успееме да ги најдеме самите кактуси потрошивме доста време што со автомобил, што пеш, бидејќи се лошо означени на картите.

Денот го завршивме со посета на селата Бесвица и Барово, до кое води стар земјен пат со многу карпи и камења и поради што движењето беше доста отежнато и патувањето до двете села ни одзема доста време. Двоењето за раселеното село Стрмашево е од овој пат, но се откажавме од посета на ова село, затоа што беше крај на денот и не знаевме што не очекува до него. Селото Бесвица има разрушена џамија, како и стар чинар на самото сретсело, додека во Барово успеавме да ја пронајдеме главната селска црква, иако одвај и да имаше некаков сигнал на нашите мобилни телефони.

Втор ден[уреди извор]

Села покриени со експедициите во Општина Неготино

Вториот ден го започнавме во близина на градот Демир Капија, кога се упативме кон посета на селото Копришница, кое е поврзано со лош земјен пат од селото Дрен. Копришница е напуштено село, во кое се останати одвај неколку куќи и главната селска црква, која е добро уредена и дури има поставено соларни панели на нејзиниот покрив. Над селото се наоѓаат и Копришките Водопади, но ние за жал се откажавме од нивна посета, бидејќи беа оддалечени дополнителни 6 километри од селото. Исто така, над селото се наоѓа и месноста Кинески колиби, длабоко во планината. Откако се симнавме од Копришница застанавме кај Дренското Езеро, мало вештачко езеро над селото Дрен. Потоа, во селото Дрен ги најдовме двете селски цркви, од кои едната е сместена надвор од селото во длабока шума.

Продолживме со посета на месноста Топли Вирови, дел од атарот на селото Чифлик, каде се наоѓа маалото Дошница. Месноста Топли Вирови е сместена на реката Дошница, каде се наоѓаат бројни вирови опградени со големи камења, чија вода брзо се загрева на сонцето во Демиркаписко. Во непосредна близина на маалото Дошница се наоѓа и една од најстарите хидроцентрали во Македонија, ХЕЦ „Дошница“. Откако завршивме со хидроцентралата, сакавме да отидеме до селото Драчевица и иако видовме дека има пат од самата централа, сепак се одлучивме да одиме кон селото од земјениот пат кај Чифлик, што се покажа за полош пат. До Драчевица, исто така, води земјен пат, кој е во подобра состојба отколку оној до Копришница. Драчевица се издига високо на планината, а од патот до селото се пружа убав поглед кон Баровската Клисура на реката Бошава, каде го завршивме првиот ден. Откако се спуштивме од Драчевица, продолживме кон селото Чифлик, кое поседува една црква на самиот пат.

По Чифлик, минувајќи низ Демир Капија, се упативме по стариот регионален пат Демир Капија-Неготино, со цел да го фотографираме последното демиркаписко село Прждево. Селото е сместено во дол помеѓу два рида, делува несредено и нечисто, а топлото време и бројните инсекти ја направи посетата на селото неподнослива. Набрзина ја сликавме селската црква, а од училиштето направивме фотографија од далечина и се упативме кон селата од Општина Неготино.

Преку надвозникот на автопатот и покрај ТЕЦ „Неготино“ се упативме кон малото село Дуброво, а подоцна продолживме кон селото Војшанци, кое поседува подрачно училиште и црква од поново време, бидејќи селото во минатото било муслиманско. Од Војшанци се упативме кон селото Калањево, сместено високо на планината Серта, до кое безмалку до самото село води асфалтен пат. Селото, кое денес е скоро целосно напуштено, поседува повеќе издвоени маала и чешми, а црквата „Св. Петка“ се наоѓа високо на еден рид, до која на крај не отидовме, туку само ја фотографиравме од далечина, мислејќи дека Кирил ја посетил црквата претходно. На спустот кон Војшанци, се упативме кон малото село Липа, кое поседува мало езеро со брана во негова близина.

Откако се вративме повторно во Војшанци, се упативме преку градот Неготино до селото Вешје, со цел јужниот дел на општината да биде целосно опфатена. Во селото ја затекнавме разрушената црква „Св. Илија“, а го пронајдовме и обновеното училиште на влезот во селото.

На крај преку градот се упативме кон селото Црвени Брегови, до кое пристапивме преку земјен пат преку автопатот, каде го фотографиравме училиштето и железничката станица. Како последно село од оваа експедиција ни беше селото Курија.

Исход[уреди извор]

Со фотографирани 22 нови села, 3 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 500 километри, експедицијата која беше на поголемо географско подрачје од вообичаено можеме да ја прогласиме за успешна.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Барово (Демиркаписко) — село Поглед во Барово.jpg Q2884879 значително подобрена статија
2. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово — црква Црква „Св. Богородица“ - Барово.jpg Q20498590 нова статија
3. Бесвица — село Поглед на Бесвица 3.jpg Q2900015 значително подобрена статија
4. Демиркаписка парохија — црковна парохија Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Демир Капија.jpg Q31360293 значително подобрена статија
5. Бистренци — село Панорама во Бистренци.jpg Q2904791 значително подобрена статија
6. ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Бистренци — основно училиште ОУ „Димче Ангелов Габерот“ - Бистренци.jpg Q108289216 нова статија
7. Црква „Св. Петка“ - Бистренци — црква Црква „Св. Петка“ - Бистренци 8.jpg Q12911917 значително подобрена статија
8. Црква „Св. Јосиф“ - Бистренци — католичка црква Црква „Св. Јосиф“ - Бистренци.jpg Q106925402 нова статија
9. Џамија (Бистренци) — џамија Џамија во Бистренци.jpg Q108288960 нова статија
10. Дублино — историско село Место на историското село Дублино.jpg Q12279189 значително подобрена статија
11. Драчевица (Демиркаписко) — село Поглед на Драчевица.jpg Q3039152 значително подобрена статија
12. Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица — црква Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица.jpg Q20498076 нова статија
13. ХЕЦ „Дошница“ — хидроелектрична централа ХЕЦ „Дошница“ 2.jpg Q20568877 значително подобрена статија
14. Дрен (Демиркаписко) — село Сретсело на Дрен.jpg Q3039334 значително подобрена статија
15. Црква „Св. Никола“ - Дрен (Демиркаписко) — црква Црква „Св. Никола“ - Дрен 10.jpg Q106936396 нова статија
16. Црква „Св. Илија“ - Дрен (Демиркаписко) — црква Црква „Св. Илија“ - Дрен.jpg Q20575529 значително подобрена статија
17. Дренско Езеро — езеро Панорама на Дренско Езеро.jpg Q108536656 нова статија
18. Клисура (Демиркаписко) — село Куќа во Клисура.jpg Q657863 значително подобрена статија
19. Црква „Св. Никола“ - Клисура — црква Црква „Св. Никола“ - Клисура 10.jpg Q12911880 значително подобрена статија
20. Црква „Св. Талалеј“ - Клисура — црква Црква „Св. Талалеј“ - Клисура 6.jpg Q12911954 значително подобрена статија
21. Старата Река — река Старата Река.jpg Q20940101 нова статија
22. Долина на кактусите — месност Долина на кактусите.jpg Q108583583 нова статија
23. ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Корешница — основно училиште ОУ „Димче Ангелов Габерот“ - Корешница.jpg Q108546073 нова статија
24. ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Прждево — основно училиште ОУ „Димче Ангелов Габерот“ - Прждево.jpg Q108546102 нова статија
25. ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Челевец — основно училиште ОУ „Димче Ангелов Габерот“ - Челевец.jpg Q108546124 нова статија
26. Копришница — село Патоказ за Копришница.jpg Q3135622 значително подобрена статија
27. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Копришница — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Копришница 9.jpg Q108601561 нова статија
28. Корешница — село Поглед на Корешница 3.jpg Q3084612 значително подобрена статија
29. Црква „Вознесение Христово“ - Корешница — црква Црква „Вознесение Христово“ - Корешница 6.jpg Q20568968 значително подобрена статија
30. Џамија (Корешница) — џамија Џамија во Корешница.jpg Q106936775 значително подобрена статија
31. Валандовска Котлина — поле Валандовско Поле.jpg Q12905422 подобрена статија
32. Кошарка (село) — село Куќи во Кошарка.jpg Q3073200 значително подобрена статија
33. Прждево — село Поглед на Прждево 2.jpg Q3072887 значително подобрена статија
34. Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево.jpg Q12911747 нова статија
35. Црква „Св. Атанасиј“ - Чифлик — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Чифлик.jpg Q12911746 нова статија
36. Челевец — село Челевец.jpg Q3135774 значително подобрена статија
37. Џеват-турканова џамија (Челевец) — џамија Џеват-турканова џамија.jpg Q108754639 нова статија
38. Челевечка Река — река Челевечка Река.jpg Q20940071 подобрена статија
39. Топли Вирови — месност Топли Вирови на Дошница 5.jpg Q108765684 нова статија
40. Клисурски манастир — манастир Црква „Св. Талалеј“ - Клисура 6.jpg Q108764735 нова статија
41. Чифлик (Демиркаписко) — село Сокак низ Чифлик.jpg Q3072852 значително подобрена статија
42. Габрово (Гевгелиско) — село Патот низ Габрово.jpg Q3094160 значително подобрена статија
43. Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово.jpg Q20500048 нова статија
44. Габрешко Езеро — езеро Габрешко Езеро.jpg Q108799482 нова статија
45. Давидово — село Поглед на Давидово.jpg Q3019136 подобрена статија
46. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово.jpg Q15763086 значително подобрена статија
47. Црква „Св. Илија“ - Давидово — црква Црква „Св. Илија“ - Давидово 10.jpg Q12911831 значително подобрена статија
48. Давидовски манастир — манастир Давидовски манастир 5.jpg Q108812539 нова статија
49. Миравска парохија — црковна парохија Викиекспедиција Бојмија 129.jpg Q23000031 нова статија
50. Милетково — село Куќи во Милетково.jpg Q3134962 значително подобрена статија
51. ПУ „Климент Охридски“ - Милетково — основно училиште ОУ „Климент Охридски“ - Милетково.jpg Q108845233 нова статија
52. Црква „Св. Петка“ - Милетково — црква Црква „Св. Петка“ - Милетково.jpg Q20499334 нова статија
53. Миравци — село Тревник во Миравци.jpg Q3084593 подобрена статија
54. Бел Рај — месност Стара Река кај Бел Рај 2.jpg Q108847526 нова статија
55. Миравци (езеро) — езеро Езеро Миравци 2.jpg Q108847261 нова статија
56. ОУ „Климент Охридски“ - Миравци — основно училиште Влезот во ОУ „Климент Охридски“ - Миравци 2.jpg Q12909187 значително подобрена статија
57. Стара Река (Милеткова) — река Стара Река кај Бел Рај.jpg Q20936169 подобрена статија
58. Црква „Св. Атанасиј“ - Петрово — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Петрово.jpg Q108834727 нова статија
59. Црква „Вознесение Христово“ - Петрово — црква Црква „Вознесение Христово“ - Петрово 11.jpg Q20501010 нова статија
60. Петрово — село Зграда во Петрово.jpg Q743033 значително подобрена статија
61. Вешје — село Панорама на Вешје.jpg Q3073706 значително подобрена статија
62. Црква „Св. Илија“ - Вешје — црква Црква „Св. Илија“ - Вешје.jpg Q20498484 нова статија
63. Војшанци — село Поглед на Војшанци.jpg Q3072562 значително подобрена статија
64. Црква „Св. Петка“ - Војшанци — црква Црква „Св. Петка“ - Војшанци.jpg Q12911919 значително подобрена статија
65. ПУ „Страшо Пинџур“ - Војшанци — основно училиште ОУ „Страшо Пинџур“ - Војшанци.jpg Q108888781 нова статија
66. Дуброво — село Куќи во Дуброво.jpg Q3037836 значително подобрена статија
67. Курија — село Поглед во Курија 2.jpg Q3086030 значително подобрена статија
68. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курија — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курија 4.jpg Q12911693 значително подобрена статија
69. ПУ „Гоце Делчев“ - Курија — основно училиште ОУ „Гоце Делчев“ - Курија.jpg Q108916097 нова статија
70. Црвени Брегови — село Поглед на Црвени Брегови.jpg Q3073625 значително подобрена статија
71. ЖС „Црвени Брегови“ — железничка станица ЖС „Црвени Брегови“.jpg Q108975498 нова статија
72. ПУ „Страшо Пинџур“ - Црвени Брегови — основно училиште ОУ „Страшо Пинџур“ - Црвени Брегови.jpg Q108974589 нова статија
73. Габрешка Река — река Габрешка Река.jpg Q20939823 значително подобрена статија
74. Црква „Св. Атанасиј“ - Липа — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Липа 7.jpg Q109062279 нова статија
75. Црква „Св. Петка“ - Калањево — црква Црква „Св. Петка“ - Калањево.jpg Q109062284 нова статија
76. Удово — село Поглед на Удово.jpg Q3135055 подобрена статија
77. Калањево — село Панорама во Калањево.jpg Q3073212 значително подобрена статија
78. Петрушка Река — река Петрушка Река.jpg Q20933130 нова статија
79. Бошава — река Бошава кај Демир Капија 2.jpg Q2908304 подобрена статија
80. Баровска Клисура — клисура Долина на Бошава 2.jpg Q109248191 подобрена статија
81. Тимјаничка парохија — црковна парохија Црква „Св. Атанасиј“ - Липа 7.jpg Q19882966 подобрена статија
82. Липа (село) — село Поглед на Липа.jpg Q3073609 значително подобрена статија
83. Липово Езеро — езеро Липово Езеро 2.jpg Q109289693 нова статија
84. Демир Капија — град Поглед на Демир Капија.jpg Q1014699 подобрена статија
85. Винарска визба „Вила Марија“ — винарска визба Стара зграда на винарската визба „Вила Марија“ 2.jpg Q61119897 значително подобрена статија
86. Бошавија — област Поглед на Демиркаписко.jpg Q109335378 нова статија
87. Дошница — река Дошница.jpg Q3402803 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција[уреди извор]

Битолско Мариово и Селечка Планина[уреди извор]

За втората експедиција долго време ја следевме временската прогноза, бидејќи јуни се погоди да биде особено нестабилен. Така, иако имаше најави за локални врнежи во одреден дел од викендот, се одлучивме да појдеме на 18 јуни кон Битола, како најблизок град до селата кои биле предвидени за посета во експедицијата.

Се одлучивме да се сместиме во новоотворен хотел во самото средиште на градот, како и поради тоа што нудеше појадок, со што ни се скратуваше времето за поаѓање.

Прв ден[уреди извор]

Посетени села за време на експедицијата во Општина Новаци

Првиот ден се одлучивме да започнеме со најоддалечените села од областа, односно да појдеме длабоко во Битолско Мариово. Од Битола до селото Градешница има 55 километри возејќи по добар асфалтен пат на делови обновен во поново време, особено после Рапеш.

Како прво село во кое влеговме беше Будимирци, односно историското село Трново со својот Трновски манастир, сместено надвор од денешното село Будимирци. Како и до Будимирци, така и до манастирот, води земјен пат, кој е во релативно добра состојба и на моменти добро израмнет. Будимирци оддава впечаток на Галичник поради неговата местоположба и со своите две реки, Трновчица и Бела Река, дефинитивно треба да го посетите.

По Будимирци влеговме во селото Градешница, каде буквално имавме многу работа, бидејќи селото поседува многу цркви раштркани насекаде низ селото. Најпрвин застанавме на влезот во селото, каде поминува Градешка Река, која ја имаме посетено во текот на 2015 година на нашата експедиција во Мариово. Веднаш потоа е црквата „Св. Димитриј“, која претставува културно наследство на Македонија и е навистина добро зачувана. На сретсело ги сретнавме моторџиите кои првпат ги видовме во селото Будимирци. На сретселото се наоѓа статуата на коњ изработена од куршуми од Првата светска војна, спомен-чешмата за загинатите во НОБ, како и преубавата црква „Св. Никола“, која поседува извонреден фрескоживопис. Потоа, продолживме кон месноста Темнички Вир, каде пронајдовме уште три помали цркви, каде што се претпоставува дека имало римски вили во минатото. Откако се вративме на сретсело, се упативме високо над селото до Бренскиот манастир наречен по месноста каде што се наоѓа. Оттаму, продолживме по земјениот пат до црквата „Св. Атанасиј“, која делува голема, но која е целосно празна во внатрешноста и делува недовршено.

По деталното прочешлување на селото Градешница, преминавме во селото Старавина, кое до 2004 година претставувало општинско седиште за селата од битолскиот дел на Мариово. Во селото и денес се наоѓаат бројни општествени објекти, како и воени објекти. Селото поседувало и големо училиште, кое денес пропаѓа и е целосно обраснато. На влезот во селото се наоѓа Горна црква, недоизградена спомен-капела како онаа на Кајмакчалан, започната за време на Кралството Југославија. Во самото село е сместена главната селска црква, до која се наоѓа и обновената спомен-куќа за Калеш Анѓа. Посетата на селото ја заокруживме со посета на новиот Старавински манастир сместен на рид надвор од селото, на местото каде патот се исклучува за селото Будимирци.

Кратко откако се вративме на регионалниот пат свртевме по земјениот пат кон селото Груништа. Патот не е препорачлив за ниски возила. На самиот влез во селото се наоѓа Грунишкиот манастир, мал манастир подигнат во 1926 година од извесен Ристе. До главната селска црква „Св. Димитриј“ имавме мака да го пронајдеме вистинскиот пат преку долот поради големата вегетација, но сепак на крајот успеавме да дојдеме до нејзе.

Откако се вративме повторно на асфалтниот регионален пат, скршнавме за познатото село Зовиќ, во кое се наоѓа Камениот мост под кој поминува Градешка Река, каде можеби е и поубава отколку во Градешница. Селото всушност е посетено по вторпат од наша страна, откако во 2015 година го посетивме пеш за време на експедицијата во Мариово. Овојпат се задржавме повеќе да го најдеме и посетиме историското село Чебрен од кое е останат самиот Чебренскиот манастир, до кој води исклучително лош земјен пат. На половина пат го оставивме возилото и двајца членови пеш се упатиле до манастирот. Манастирот е сместен на самиот брег на Црна и иако полуразрушен, и денес може да се види неговата монументалност, која ја поседувал во минатото како еден од главните духовни центри.

Откако заврши епопејата до Чебренскиот манастир, повторно се вративме на асфалтниот пат, но само за кратко, бидејќи моравме повторно да се исклучиме по земјен пат за селото Брник. Селото е едно од ретките во државата, до кое никогаш не ни била спроведена електрична енергија. Сепак, во селото се наоѓа зачувана црквата „Св. Димитриј“, а во самото село уште постојат десетици куќи. Во близина на селото се наоѓа и слабо познатиот Брнички Водопад, до кој поради немање време не отидовме, иако заслужува поголемо внимание од целокупната јавност.

Откако се вративме на асфалтниот пат, конечно имавме лесно село за посета, а тоа е селото Рапеш. Веднаш на сретсело се наоѓа самата црква, која интересно носи две имиња.

Од Рапеш продолживме кон селото Маково, кое исто како Рапеш се наоѓа на самиот регионален пат, и брзо ги пронајдовме двете селски цркви. Како последно село за првиот ден беше селото Орле и денот го затворивме со посета на неговата селска црква, која е доста голема и интересна, доминирајќи на ридот надвор од селото.

Втор ден[уреди извор]

Вториот ден го започнавме со посета на општинското седиште, Новаци, започнувајќи со посета на Новачкиот манастир, кој се наоѓа пред влезот на селото. Изграден во поново време, но оддава впечаток со својот убав и одржуван двор, како и големата манастирска црква. Одминувајќи го Новаци, продолживме кон селата Долно и Горно Агларци, кои ги делат основното училиште и селската црква, сместени на подеднаква оддалеченост од двете села. Откако влеговме и поединечно во двете села, продолживме кон селото Добромири, во кое ги фотографиравме селската црква и основното училиште. Откако се вративме повторно во Новаци, продолживме со фотографирање на самото село, односно централното училиште, општинските установи сместени во Новаци, како и главната селска црква „Св. Атанасиј“, сместена до самото училиште.

Од Новаци продолживме по регионалниот пат за Мариово, овојпат да дојдеме до селата Арматуш и Мегленци. Иако живо село, Арматуш не поседува други објекти, додека во Мегленци се наоѓа мало езеро и селска црква. До двете села води асфалтен пат.

Кратко откако се вративме на регионалниот пат, скршнавме повторно десно кон Суводолскиот манастир, претходно фотографирајќи куќи во атарот на некогашното село Суводол. Во атарот на селото влегува и вештачкото Суводолско Езеро. Преку браната на езерото води патот за селото Паралово, но бидејќи беше поставена рампа се збунивме и продолживме преку патот за механизацијата за јагленокопите за РЕК „Битола“, со што имавме среќа што не заглавивме во калта од камионите. Во Паралово веднаш се упативме кон Параловскиот манастир, кој е еден од поубавите во Македонија и во кој се наоѓа гробот на Ѓорѓи Сугарев. Од манастирот се пружа одличен поглед на долниот дел на Пелагонија. Спуштајќи се од манастирот, дојдовме и до главната селска црква во Паралово. Подоцна, поучени од доаѓањето, се вративме преку браната на езерото, што е официјалниот пат за селото.

Само по кратко растојание на регионалниот пат скршнавме десно кон селото Долно Орехово, од каде води земјен пат за селото Грумази, во кое имавме потешкотија да ја пронајдеме селската црква и до која на крај повторно дојдовме пеш. За нејзиното име има различни мислења според тоа што е запишано во литературата и тоа што беше на терен забележано од нас. Самото село Грумази е скоро целосно раселено, иако имаше доста раздвиженост во поглед на земјоделска механизација на патот до него и назад. Во Ореховскиот манастир се одлучивме да направиме пауза за денот, но бевме принудени да ја скратиме, поради тоа што надоаѓаше невреме. Скоро во услови на дожд ја фотографиравме главната селска црква и самото село и моравме да го промениме планот за посета на денот.

Следејќи ги временските услови на лице место, одлучивме да се упатиме кон селото Бач на крајниот југ без никакво стопирање попатно. Во Бач направивме и мала пауза засолнувајќи се идеално со возилото за да прекине дождот кој уште траеше. За време на паузата можевме да ја проследиме неделната трка на Формула 1. Бач, кое некогаш било општинско седиште, поседува бројни општествени установи и се гледа дека било богато село во минатото. Од него продолживме кон селото Добровени, во кое се наоѓаат српски воени гробишта околу селската црква.

Од Добровени се придвиживме кон селото Скочивир, долж текот на Црна, каде најпрвин ги посетивме српските воени гробишта, а подоцна и самото село. Селото е скоро целосно напуштено. Во него се наоѓа поранешна касарна на АРМ, која сега се употребува како планинарски дом. Надвор од селото се наоѓа Скочивирскиот манастир, кој е еден од најсредените во овој дел и е доста посетуван. Кај манастирот е поставен и крст. Во непосредна близина на селото се наоѓа излетничкото место „Коњарка“, сместено на истоимената река, до кое води нов асфалтен пат и е уредено од страна на општината.

По кратката пауза на излетничкото место се упативме кон селото Живојно, сместено на самиот југ на нашата држава и непосредно до границата со Грција. Во селото се наоѓаат рушевини од минаре, а во него има две цркви, при што манастирската црква доминира на ридот над селото.

Откако завршивме со селото Живојно, продолживме кон селата кои за време на невремето само ги поминавме. Започнавме од селото Брод, кое во Првата светска војна било особено значајно бидејќи кај него се водела Битката на свиокот на Црна. Во непосредна близина на селото се наоѓа ископот Брод-Гнеотино. На пат кон селото Гнеотино, најпрвин стигнавме до новиот Гнеотински манастир, кој е во изградба и е подигната само манастирската црква. Во самото село има стара селска црква. По Гнеотино, следуваше селото Рибарци, каде некогаш се наоѓало Рибарско Блато, дел од Пелагониското Езеро, по кое селото и го добило своето име. Ова село беше последно на нашиот список за оваа експедиција.

Исход[уреди извор]

Со фотографирани 25 нови села, 2 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 700 километри, како и рекордно подигнати 736 фотографии, експедицијата беше и повеќе од успешна.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Трновчица — река Трновчица 4.jpg Q61120613 подобрена статија
2. Бела Река (Ниџева) — река Бела Река (Ниџева) 2.jpg Q61121162 значително подобрена статија
3. Трновски манастир (Мариово) — манастир Трновски манастир 6.jpg Q109408122 нова статија
4. Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци — црква Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци.jpg Q109408674 нова статија
5. Црква „Св. Никола“ - Будимирци — црква Црква „Св. Никола“ - Будимирци 11.jpg Q20499026 нова статија
6. Градешка Река — река Градешка Река.jpg Q12905849 подобрена статија
7. Црква „Св. Никола“ - Градешница — црква Црква „Св. Никола“ - Градешница.jpg Q109409341 нова статија
8. Црква „Св. Димитриј“ - Градешница — црква Црква „Св. Димитриј“ - Градешница.jpg Q20498005 значително подобрена статија
9. Црква „Вознесение Христово“ - Градешница — црква Црква „Вознесение Хрисово“ - Градешница 2.jpg Q109409728 нова статија
10. Црква „Св. Антониј“ - Градешница — црква Црква „Св. Антониј“ - Градешница.jpg Q109409741 нова статија
11. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница 6.jpg Q109409761 нова статија
12. Бренски манастир — манастир Бренски манастир.jpg Q108900933 нова статија
13. Црква „Св. Илија“ - Градешница — црква Црква „Св. Илија“- Градешница.jpg Q43937927 нова статија
14. Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница 9.jpg Q109409881 нова статија
15. Арматуш — село Поглед на Арматуш.jpg Q2862113 значително подобрена статија
16. Бач — село Пат низ Бач.jpg Q2891106 значително подобрена статија
17. Брник — село Патоказ до Брник.jpg Q2925816 значително подобрена статија
18. Брод (село) — село Поглед на Брод.jpg Q3078088 значително подобрена статија
19. Будимирци — село Поглед на Будимирци.jpg Q2921481 значително подобрена статија
20. Гнеотино — село Панорама на Гнеотино.jpg Q3073911 значително подобрена статија
21. Горно Агларци — село Куќи во Горно Агларци 2.jpg Q3111342 значително подобрена статија
22. Градешница — село Сокак низ Градешница.jpg Q2916581 значително подобрена статија
23. Грумази — село Куќи во Грумази.jpg Q3117296 значително подобрена статија
24. Груништа — село Поглед на Груништа.jpg Q3074183 значително подобрена статија
25. Горна црква — црква Црква „Св. Архангел Михаил“ - Старавина.jpg Q81917590 нова статија
26. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина 4.jpg Q20499949 нова статија
27. Старавински манастир — манастир Старавински манастир 2.jpg Q22894270 нова статија
28. Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара) — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина 3.jpg Q109600095 нова статија
29. Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина 9.jpg Q109600177 нова статија
30. Куќа на Калеш Анѓа — куќа Куќа на Калеш Анѓа.jpg Q109600248 нова статија
31. Пешта (Старавина) — археолошко наоѓалиште Поглед на Пешта во Старавина.jpg Q20569800 значително подобрена статија
32. Планинарски дом „Старавина“ — планинарски дом Планинарски дом во Старавина 2.jpg Q109616265 нова статија
33. Грунишки манастир — манастир Црква „Св. Петка“ - Груништа 3.jpg Q109610595 нова статија
34. Црква „Св. Петка“ - Груништа — црква Црква „Св. Петка“ - Груништа.jpg Q109610673 нова статија
35. Црква „Св. Димитриј“ - Груништа — црква Црква „Св. Димитриј“ - Груништа 6.jpg Q20498022 нова статија
36. Добровени — село Поглед на Добровени.jpg Q3033421 значително подобрена статија
37. Добромири — село Поглед на Добромири 2.jpg Q3033405 значително подобрена статија
38. Долно Агларци — село Поглед на Долно Агларци 2.jpg Q3034200 значително подобрена статија
39. Црква „Св. Никола“ - Зовиќ — црква Црква „Св. Никола“ - Зовиќ.jpg Q20499552 значително подобрена статија
40. Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ.jpg Q20500176 значително подобрена статија
41. Камен мост (Зовиќ) — мост Камениот мост во Зовиќ.jpg Q20569559 подобрена статија
42. Фреска на Свети Ѓорѓи (Зовиќ) — фреска Карпа со фреска во Зовиќ.jpg Q109638982 нова статија
43. Црква „Св. Димитриј“ - Брник — црква Црква „Св. Димитриј“ - Брник 8.jpg Q20497948 нова статија
44. Рапешки мост — мост Рапешки Мост.jpg Q109643962 нова статија
45. Рапешко Езеро — езеро Рапешко Езеро.jpg Q109643997 нова статија
46. Црква „Св. Петка“ - Рапеш — црква Црква „Св. Петка“ - Рапеш.jpg Q109643928 нова статија
47. Долно Орехово — село Поглед на Долно Орехово 2.jpg Q3034227 значително подобрена статија
48. Живојно — село Куќи во Живојно.jpg Q645239 значително подобрена статија
49. Зовиќ — село Панорама на селото Зовиќ.jpg Q3408424 значително подобрена статија
50. ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш.jpg Q109682145 нова статија
51. Маковска Река — река Маковска Река кај Рапеш 2.jpg Q20933755 нова статија
52. Маковски манастир — манастир Маковски манастир 4.jpg Q109683304 нова статија
53. Црква „Св. Петка“ - Маково — црква Црква „Св. Петка“ - Маково.jpg Q109683333 нова статија
54. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково — црква Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково.jpg Q20499777 нова статија
55. Црква „Св. Недела“ - Орле — црква Црква „Св. Недела“ - Орле 3.jpg Q109683554 нова статија
56. Старавинска парохија — парохија Црква „Св. Никола“ - Градешница 11.jpg Q109683588 нова статија
57. Маково — село Поглед на Маково 4.jpg Q3136357 значително подобрена статија
58. Новачки манастир — манастир Новачки манастир 2.jpg Q109732930 нова статија
59. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци 11.jpg Q109732956 нова статија
60. ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Горно Агларци.jpg Q109732979 нова статија
61. Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци — црква Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци.jpg Q20498461 нова статија
62. ПУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири.jpg Q109733028 нова статија
63. Црква „Св. Никола“ - Добромири — црква Црква „Св. Никола“ - Добромири.jpg Q20499481 нова статија
64. ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци 4.jpg Q12909230 значително подобрена статија
65. Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци 7.jpg Q20500305 нова статија
66. Мегленско Езеро — езеро Мегленско Езеро 2.jpg Q109744175 нова статија
67. Црква „Св. Никола“ - Мегленци — црква Црква „Св. Никола“ - Мегленци 11.jpg Q109744210 нова статија
68. Суводолски манастир (Битолско) — манастир Суводолски манастир.jpg Q109744258 нова статија
69. Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско) — црква Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско) 8.jpg Q109744332 нова статија
70. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово.jpg Q109744371 нова статија
71. Параловски манастир — манастир Параловски манастир.jpg Q12289932 нова статија
72. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово 10.jpg Q109744580 нова статија
73. Суводолско Езеро — езеро Суводолско Езеро 3.jpg Q109744622 нова статија
74. Црква „Св. Никола“ - Грумази — црква Црква „Св. Никола“ - Грумази.jpg Q109744720 нова статија
75. Ореховски манастир — манастир Долноореховски манастир.jpg Q109744736 нова статија
76. Црква „Св. Филип“ - Долно Орехово — црква Црква „Св. Филип“ - Долно Орехово.jpg Q109744762 нова статија
77. Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово — црква Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово.jpg Q109744774 нова статија
78. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач 12.jpg Q20497823 значително подобрена статија
79. ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Бач.jpg Q109747846 нова статија
80. Црква „Св. Димитриј“ - Добровени — црква Црква „Св. Димитриј“ - Добровени 6.jpg Q109747898 нова статија
81. Српски воени гробишта (Добровени) — гробишта Српски воени гробишта во Добровени.jpg Q38684998 нова статија
82. Мегленци — село Поглед на Мегленци 2.jpg Q3136028 значително подобрена статија
83. Новаци — село Поглед на Новаци со ТЕЦ Битола.jpg Q3086082 значително подобрена статија
84. Орле — село Поглед на Орле 3.jpg Q3073887 значително подобрена статија
85. Паралово — село Поглед на Паралово 3.jpg Q3074368 значително подобрена статија
86. Рапеш — село Поглед на Рапеш.jpg Q3074160 значително подобрена статија
87. Црква „Св. Петка“ - Скочивир — црква Црква „Св. Петка“ - Скочивир.jpg Q64786267 нова статија
88. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Скочивир — црква Црква „Св. Архангел Михаил“ - Скочивир 7.jpg Q109830408 нова статија
89. Скочивирски манастир — манастир Скочивирски манастир.jpg Q20497242 нова статија
90. Српски воени гробишта (Скочивир) — гробишта Српски воени гробишта во Скочивир 3.jpg Q61128303 нова статија
91. Коњарска Река — река Коњарска Река 6.jpg Q12907859 значително подобрена статија
92. Коњарка (излетничко место) — излетничко место Излетничко место „Коњарка“.jpg Q61361172 подобрена статија
93. Планинарски дом „Скочивир“ — планинарски дом Планинарски дом „Скочивир“ 2.jpg Q109852199 нова статија
94. Црква „Вознесение Христово“ - Живојно — црква Црква „Вознесение Христово“ - Живојно.jpg Q20501005 нова статија
95. Живојнски манастир — манастир Живојнски манастир.jpg Q109852237 нова статија
96. Црква „Св. Илија“ - Живојно — црква Црква „Св. Илија“ - Живојно 4.jpg Q109852248 нова статија
97. Црква „Св. Никола“ - Брод — црква Црква „Св. Никола“ - Брод.jpg Q20499017 нова статија
98. Црква „Св. Стефан“ - Гнеотино — црква Црква „Св. Стефан“ - Гнеотино.jpg Q109852271 нова статија
99. Гнеотински манастир — манастир Црква „Св. Стефан“ - Гнеотино 7.jpg Q109852279 нова статија
100. Црква „Св. Никола“ - Гнеотино — црква Црква „Св. Никола“ - Гнеотино.jpg Q109852292 нова статија
101. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци 8.jpg Q20497722 нова статија
102. ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци — училиште ОУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци.jpg Q109852310 нова статија
103. Кољо Добровенски — револуционер Гроб на Кољо Добровенски.jpg Q12283393 подобрена статија
104. Славко Лумбарковски — партизан Споменик на Славко Лумбарковски.jpg Q12293964 подобрена статија
105. Новачка парохија — парохија Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци 2.jpg Q109864669 нова статија
106. Краварско-бачка парохија — парохија Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач 5.jpg Q109865062 нова статија
107. Рудник „Суводол“ — рудник Рудникот Суводол.jpg Q12910805 значително подобрена статија
108. Рибарци (Битолско) — село Поглед на Рибарци 2.jpg Q634139 значително подобрена статија
109. Скочивир — село Поглед на Скочивир 3.jpg Q3074116 значително подобрена статија
110. РЕК „Битола“ — претпријатие ТЕЦ Битола.jpg Q7276338 значително подобрена статија
111. ТЕЦ „Битола“ — електрана ТЕЦ „Битола“.jpg Q109894770 нова статија
112. Сливица — село Поглед на Сливица.jpg Q3074240 значително подобрена статија
113. Чебренски манастир — манастир Черенски манастир 2.jpg Q12299027 значително подобрена статија
114. Старавина — село Поглед на Старавина 2.jpg Q3074395 значително подобрена статија
115. Суводол (Битолско) — село Куќи во Суводол.jpg Q3074149 значително подобрена статија
116. Чебрен — историско село Чебренски манастир.jpg Q12299026 значително подобрена статија
117. Црква „Св. Димитриј“ - Чебрен — црква Црква „Св. Димитриј“ - Чебрен.jpg Q20498407 нова статија
118. Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен — црква Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен.jpg Q20501017 значително подобрена статија
119. Рапешки манастир — манастир Рапешки манастир.jpg Q109984100 нова статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Трета експедиција[уреди извор]

Бушева Планина и Прилепско Поле[уреди извор]

Третата експедиција ја одржавме дури кон крајот на август, откако членовите завршија со летните одмори. Го одбравме викендот за време на Голема Богородица и на 27 август август појдовме кон Крушево, средишна точка за посета на двете области.

По препорака го одбравме новоотворениот хотел „Св. Никола“ во самото средиште на градот и не погрешивме, бидејќи хотелот со своите соби и појадокот навистина се покажа во одлично светло.

Прв ден[уреди извор]

Посетените села во Општина Крушево по извршената експедиција

По појадокот и пронаоѓањето на продавница за храна и пијалаци во текот на денот, продолживме кон првото село, а тоа како по правило е секогаш најоддалеченото село од областа. Во случајот тоа беше селото Пуста Река, некогаш доста големо и развиено село. Благодарение на обновата на регионалниот пат Крушево-Долно Дивјаци, до селото се стигнува по исклучително убав асфалтиран пат кој води низ самата крушевска Корија. Откако ќе заврши регионалниот пат кај Долно Дивјаци продолжува потесен асфалтиран пат до селото. Во Пуста Река првин се упативме кон манастирот „Св. Илија“, кој е на патот за селото Цер. До манастирот патот е земјен, но е во добра состојба. Во самото село ја фотографиравме селската црква, стариот мотел, поранешното основно училиште, како и два споменици.

Од Пуста Река, продолживме кон малото Горно Дивјаци, кое воодушевува за зачуваната архитектура, амбарите, низите тутун на куќите, како и некогашната училишна зграда во селото. Низ селото тече мал поток, кој треба да се премине за да се дојде до селската црква „Св. Димитриј“. До селото води асфалтен пат, кој се исклучува од патот до Пуста Река. Кога завршивме во селото, се вративме по патот назад, но само кратко потоа скршнавме лево по земјен пат кон возобновената црква „Св. Ѓорѓи“.

Потоа продолживме кон поголемото село Долно Дивјаци, кое ние еднаш веќе го имаме посетено во рамки на областа Железник, но сега му посветивме поголемо внимание и застанавме да ја фотографираме селската црква, која тогаш не сме ја доловиле.

Пред да се вратиме во Крушево, застанавме најпрвин кај селската црква на Арилево, која е буквално на самиот пат. Црквата е оградена со ѕидини, каде се наоѓаат и селските гробишта на Арилево. Во црквата не бевме пријатно пречекани од посетителите/мештаните, дури и бевме обвинети дека ние сме биле тие што ја ограбиле црквата, настан што се случил неделата претходно. Откако некако се разбравме, продолживме кон самото село Арилево, кое е доста мало и освен старото училиште нема други значајни објекти. На крајот, ја посетивме и новата црква „Св. Атанасиј“, до која се доаѓа по земјен пат.

Откако завршивме со Арилево, не чекаше долго кружење до Острилци преку Крушево, село кое повеќе припаѓа на соседната област Железник. Пред да се вратиме во Крушево, наминавме во манастирот „Св. Преображение“, како и поставениот крст во близина за да уживаме во одличната панорама на Пелагонија, но и на Бушева Планина. На самиот влез во селото Острилци се наоѓа селската црква „Св. Ѓорѓи“. Откако брзо завршивме со Острилци, знаевме дека ќе имаме авантура до раселеното село Бирино, до кое води земјен пат од кај споменикот за Мечкин Камен. Иако го замислувавме за доста полош земјен пат, особено земајќи в предвид должина од околу 8 километри, сепак патот беше во доста добра состојба и успешно дојдовме до селото Бирино, кое некогаш било големо како град. Денес, таму се останати одвај неколку куќи, како и селската црква „Св. Илија“, каде и најдовме мештани од селото, кое и не прошетаа низ неколкуте преостанати куќи.

По паузата во Бирино, повторно се вративме во Крушево, овојпат посетувајќи ги низинските села од општината. Прво на ред беше селото Алданци, кое низ историјата секогаш било мешано село. Така, во самото село се наоѓа џамија, додека кај основното училиште е изградена голема и убава црква „Св. Илија“. Од Алданци, продолживме кон поголемото село Норово, во кое иако се обидовме не можевме да го најдеме селското училиште. Од Норово првин се упативме кон Селце, село во чиј атар се наоѓа и манастирот „Св. Преображение“, кој го посетивме претходно. Во селото ја пронајдовме селската црква „Св. Петка“, но иако се обидовме безуспешен ни беше обидот да ја фотографираме куќата на Веле Марков. Куќата беше означена на картите на Гугл, но најверојатно стануваше збор за погрешна ознака, бидејќи таков објект не постоеше на таа ознака.

Посетените села во Општина Долнени по извршената експедиција

По Селце продолживме кон Житоше, некогашно општинско седиште, во кое денес постои и гимназија. Селото некогаш се двоело на Долно и Горно Житоше и поседува три џамии, од кои таа на сретсело е убава стара џамија. Покрај гимназијата, селото поседува и големо основно училиште, како и други општествени установи. Надвор од селото се наоѓа Житошкиот манастир, кој иако вака се нарекува повеќе припаѓа на селото Локвени од каде му е и пристапниот пат. Поради тоа и манастирот го оставивме да го посетиме следниот ден.

По Житоше следуваше големото село Лажани, кое поседува повеќе верски објекти (една црква и две џамии), како и повеќе општествени објекти. Црквата е надвор од селото и беше целосно заклучена и имавме ограничени можности да ја фотографираме. Од Лажани се упативме кон селото Борино, кое има две џамии, а во непосредна близина се наоѓаат две мали вештачки езера. Иако веќе еднаш се придвиживме кон основното училиште во Борино да го фотографираме, не сфативме дека тоа е патот и за соседното село Белушино, поради што мораше низ Борино да поминеме повторно. Во Белушино стои дека се наоѓа средновековна црква „Св. Никола“, но ние не успеавме да ја пронајдеме, иако бевме подолго време таму. Ги фотографиравме џамијата и селското училиште кои се сместени на крајот од селото.

По овие две села продолживме до селата Јакреново и Саждево, кои буквално се едно до друго и кои брзо ги поминавме. Покрај што и двете села имаат џамии, во Саждево на сретсело се наоѓа основно училиште за учениците од двете села.

Како крај на денот ни беше селото Кошино, во кое првпат кога влеговме знаевме дека има две цркви, но иако влеговме во селото ние не можевме ниту една да пронајдеме. Откако го фотографиравме училиштето и дел од селото, еден мештанин, за кој иако немавме верба во тоа што го говори, сепак ни помогна да ги пронајдеме и двете цркви. На враќање од втората црква, други мештани ни потврдија дека правилно ни кажал човекот и дополнија дека имале и трета црква над селото, до која сепак рековме дека нема да одиме, бидејќи веќе беше пред заоѓање.

На враќањето кон Крушево, некако веќе по навика, бевме застанати од полициска контрола, но брзо не пуштија.

Втор ден[уреди извор]

Посетените села во Општина Кривогаштани по извршената експедиција

Вториот ден го започнавме веднаш по појадокот во хотелот и го напуштивме Крушево, симнувајќи се во рамницата. Овојпат започнавме со посета на селото Врбоец, збиено село, во кое повторно се уверивме за грешките во списокот на верските објекти низ Македонија. Имено, во селото имавме податоци дека има три цркви со различни имиња, а утврдивме дека се работи за две цркви посветени на Голема и Мала Богородица, едната сместена во самото село, а другото над селото.

Од Врбоец, многу брзо стигнавме до Свето Митрани, каде лесно ги пронајдовме двете селски цркви и основното училиште. Од него продолживме кон колонистичката населба Милошево, кое повремено се водело како маало на Пресил. Во селото нема никакви општествени или верски објекти, освен споменикот за загинатите мештани од бугарските фашисти. Од Милошево продолживме во селото Пресил, каде повторно нашите податоци покажуваа дека селото поседува две цркви, но иако имавме и добар поглед на селото од едната црква, ние не можевме да ја пронајдеме втората црква.

Во селото Бучин, кое се наоѓа на раскрсница на патиштата помеѓу Пелагонија и Железник, имавме доста за посета. Најпрвин се упативме кон Бучинскиот манастир, сместен помеѓу двата железнички тунела на непостоечката железничка линија Бакарно Гумно-Сопотница, каде направивме и мала пауза. Потоа се упативме во самото село Бучин, каде нѐ пречека Стариот камен мост, кој за жал е оставен да пропаѓа. Бучин е уредено село со повеќе општествени објекти, а поседува и централно училиште. До самото училиште се наоѓа главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“. По мало истражување во самото село ја пронајдовме и местоположбата на третата црква „Св. Димитриј“, движејќи се буквално низ ниви и јазови од Црна Река. Црквата е изградена во насока на возвишението Кале, каде се наоѓал средновековниот град Будимград, но и древниот град Алкомена.

Со Бучин ја завршивме посетата на Општина Крушево и преминавме во соседната општина, Кривогаштани. Селата во Општина Кривогаштани беа полесни за посета, бидејќи се рамничарски, но и се доста близу едно од друго. Првин го посетивме селото Воѓани, каде направивме фотографии од повеќе општествени објекти и од селската црква. Веднаш до Воѓани, се наоѓа селото Бела Црква, во кое се наоѓа основното училиште за двете села. Исто така, ја фотографиравме и селската црква. Кратко по Бела Црква, влеговме во селото Обршани, во кое направивме неколку фотографии од селото и од селската црква, како и од манастирот во близина на селото.

По Обршани, продолживме кон селото Пашино Рувци, кое покрај селската црква, поседува голем манастир во негова близина. Токму кај овој манастир се решивме да направиме пауза и да одмориме. Кога сакавме да продолжиме откривме дека една од гумите на нашето возило е полуиздишана и тогаш откривме дека во нејзе влегол штраф. Така, пред да продолжиме со експедицијата првин најдовме една бензинска пумпа кај Обршани за да ја допумпаме гумата. По ова фотографиравме уште неколку објекти во самото Обршани и продолживме кон селото Боротино, кое поседува црква „Св. Марина“, што е ретко име за селски цркви во нашата држава. Од него, повторно се вративме во Обршани и продолживме кон селото Крушеани, кое поседува основно училиште и две цркви.

По Крушеани, следно ни беше општинското средиште Кривогаштани, кое поседува бројни општествени објекти и четири селски цркви. Во самото село најдовме и вулканизер, кој за кратко време ја среди гумата со што можевме да бидеме мирни и да продолжиме со ред со експедицијата. Иако имаше четири цркви, во селото лесно ги пронајдовме сите тие цркви.

Од Кривогаштани продолживме кон север и отидовме кон селата Кореница и Годивле. Кореница е мало село, во кое училиштето е веќе затворено. Селската црква им се наоѓа надвор од селото и беше лесно воочлива. До Годивле брзо пристигнавме, каде работи основно училиште, а селото поседува и селска црква. Пред да се вратиме на регионалниот пат помеѓу Кривогаштани и Житоше, на самата раскрсница бевме повторно застанати од полициска контрола.

Како последно село од Општина Кривогаштани беше селото Подвис, кое поседува селска црква и основно училиште.

До Подвис се наоѓа селото Локвени, кое во минатото било на Општина Житоше, а денес влегува во рамки на Општина Долнени. Во селото е зачувана стара селска црква, која иако е во рамки на самото село, тешко се пристапува поради изградбата на нови куќи и нивните дворови. Во селото во поново време е подигната џамија. Над него се наоѓа возобновениот Житошки манастир, кој во минатото бил доста познат и богат и припаѓал на соседното село Долно Житоше. Иако во минатото бил разрушен, тој денес повторно е подигнат и се градат и конаци. Кај манастирот ја завршивме и оваа експедиција.

Исход[уреди извор]

Со фотографирани 30 нови села, 2 повторно посетени и поминати над 600 километри, експедицијата беше доста успешна.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Алданци — село Куќи во Алданци.jpg Q2832254 значително подобрена статија
2. Норовска Река — река Норовска Река низ Алданци.jpg Q20941265 нова статија
3. ПУ „Никола Карев“ - Алданци — основно училиште ОУ „Никола Карев“ - Алданци.jpg Q109998918 нова статија
4. Џамија (Алданци) — џамија Џамија во Алданци.jpg Q109998273 нова статија
5. Црква „Св. Илија“ - Алданци — црква Црква „Св. Илија“ - Алданци 6.jpg Q20498449 нова статија
6. Прва крушевска парохија — црковна парохија Sv. Nikola vo Kruševo 011.JPG Q31360166 значително подобрена статија
7. ПУ „Никола Карев“ - Белушино — основно училиште ОУ „Никола Карев“ - Белушино.jpg Q109999011 нова статија
8. ПУ „Никола Карев“ - Борино — основно училиште ОУ „Никола Карев“ - Борино.jpg Q109999175 нова статија
9. ПУ „Никола Карев“ - Врбоец — основно училиште ОУ „Никола Карев“ - Врбоец.jpg Q109999296 нова статија
10. ПУ „Никола Карев“ - Саждево — основно училиште ОУ „Никола Карев“ - Саждево.jpg Q109999750 нова статија
11. Арилево — село Поглед на Арилево.jpg Q2413208 значително подобрена статија
12. Белушино — село Поглед на Белушино.jpg Q2895088 значително подобрена статија
13. Џамија (Белушино) — џамија Џамија во Белушино.jpg Q110061138 нова статија
14. Црква „Св. Атанасиј“ - Арилево — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Арилево 4.jpg Q110054168 нова статија
15. Црква „Св. Никола“ - Арилево — црква Црква „Св. Никола“ - Арилево.jpg Q110053251 нова статија
16. Втора крушевска парохија — црковна парохија Св. Богородица, Крушево 06.JPG Q31360170 значително подобрена статија
17. Бирино — село Поглед на Бирино.jpg Q2904497 значително подобрена статија
18. Црква „Св. Илија“ - Бирино — црква Црква „Св. Илија“ - Бирино 11.jpg Q110069711 нова статија
19. Борино — село Поглед на Борино 2.jpg Q2910903 значително подобрена статија
20. Стара џамија (Борино) — џамија Стара џамија во Борино.jpg Q110088922 нова статија
21. Нова џамија (Борино) — џамија Нова џамија во Борино.jpg Q110088940 нова статија
22. Борински Езера — езеро Борински Езера.jpg Q110089212 нова статија
23. Бучин — село Игралиште во Бучин.jpg Q2922590 значително подобрена статија
24. Стар мост (Бучин) — мост Стар мост на Црна Река во Бучин.jpg Q110165841 нова статија
25. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Бучин — основно училиште ОУ „Кирил и Методиј“ - Бучин 2.jpg Q20567782 значително подобрена статија
26. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин 9.jpg Q20497832 нова статија
27. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин.jpg Q110160092 нова статија
28. Црква „Св. Димитриј“ - Бучин — црква Црква „Св. Димитриј“ - Бучин.jpg Q110159785 нова статија
29. Бучински манастир — црква Бучински манастир.jpg Q110160387 нова статија
30. Врбоец — село Поглед на Врбоец.jpg Q3075238 значително подобрена статија
31. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Врбоец — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Врбоец.jpg Q110198477 нова статија
32. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Врбоец — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Врбоец.jpg Q110199511 нова статија
33. Прва кривогаштанска парохија — црковна парохија Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани 8.jpg Q53067358 нова статија
34. Горно Дивјаци — село Поглед на Горно Дивјаци.jpg Q3075197 значително подобрена статија
35. Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјаци — црква Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјаци.jpg Q110216979 нова статија
36. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горно Дивјаци — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горно Дивјаци 4.jpg Q110219630 нова статија
37. Дивјачки манастир — манастир Горнодивјачки манастир.jpg Q110224762 нова статија
38. Бучинска парохија — црковна парохија Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин 9.jpg Q52737452 нова статија
39. Долно Дивјаци — село Поглед на Долно Дивјаци.jpg Q3034197 значително подобрена статија
40. Црква „Св. Никола“ - Долно Дивјаци — црква Црква „Св. Никола“ - Долно Дивјаци 7.jpg Q110227110 нова статија
41. Јакреново — село Поглед на Јакреново.jpg Q3075323 значително подобрена статија
42. Стара џамија (Јакреново) — џамија Стара џамија во Јакреново.jpg Q110246986 нова статија
43. Нова џамија (Јакреново) — џамија Нова џамија во Јакреново.jpg Q110247000 нова статија
44. Милошево — село Панорама на Милошево.jpg Q3075331 значително подобрена статија
45. Норово — село Поглед на Норово 2.jpg Q3074692 значително подобрена статија
46. Џамија (Норово) — џамија Џамија во Ноово.jpg Q110249226 нова статија
47. Острилци — село Сретсело на Острилци.jpg Q3075220 значително подобрена статија
48. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Острилци — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Острилци 6.jpg Q22695340 нова статија
49. Пресил — село Поглед на Пресил 2.jpg Q3084688 значително подобрена статија
50. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил.jpg Q110254749 нова статија
51. Џамија (Пресил) — џамија Џамија во Пресил.jpg Q110254718 нова статија
52. Пуста Река — село Куќи во Пуста Река.jpg Q3075278 значително подобрена статија
53. Црква „Св. Никола“ - Пуста Река — црква Црква „Св. Никола“ - Пуста Река 4.jpg Q110260432 нова статија
54. Црква „Св. Илија“ - Пуста Река — црква Црква „Св. Илија“ - Пуста Река.jpg Q110263272 нова статија
55. Пусторечки манастир — манастир Црква „Св. Илија“ - Пуста Река 3.jpg Q110263307 нова статија
56. Саждево — село Поглед во Саждево 2.jpg Q3075361 значително подобрена статија
57. Џамија (Саждево) — џамија Џамија во Саждево.jpg Q110263534 нова статија
58. Свето Митрани — село Поглед во Свето Митрани 2.jpg Q3074734 значително подобрена статија
59. Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани — црква Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани 13.jpg Q20501014 значително подобрена статија
60. Црква „Св. Никола“ - Свето Митрани — црква Црква „Св. Никола“ - Свето Митрани.jpg Q110246976 значително подобрена статија
61. Селце (Крушевско) — село Поглед на Селце.jpg Q3075287 значително подобрена статија
62. Црква „Св. Петка“ - Селце — црква Црква „Св. Петка“ - Селце.jpg Q61119479 значително подобрена статија
63. Црква „Св. Преображение“ - Селце — црква Црква „Св. Преображение“ - Крушево.jpg Q12908379 значително подобрена статија
64. Селечки манастир (Крушевско) — манастир Манастир „Св. Преображение“ - Крушево.jpg Q110291207 нова статија
65. Локвени — село Поглед на Локвени 2.jpg Q3074817 значително подобрена статија
66. Црква „Св. Троица“ - Локвени — црква Црква „Св. Троица“ - Локвени.jpg Q110314635 нова статија
67. Хаџи-јакупова џамија (Локвени) — џамија Хаџи-јакупова џамија 2.jpg Q110314660 нова статија
68. ПУ „Лирија“ - Локвени — основно училиште ОУ „Лирија“ - Локвени.jpg Q110314324 нова статија
69. ОУ „Лирија“ - Житоше — основно училиште ОУ „Лирија“ - Житоше.jpg Q12909200 значително подобрена статија
70. Лажани — село Поглед на Лажани.jpg Q2507299 значително подобрена статија
71. Црква „Св. Никола“ - Лажани — црква Црква „Св. Никола“ - Лажани.jpg Q60178292 значително подобрена статија
72. Ропотовска парохија — црковна парохија Црква „Св. Троица“ - Ропотово 4.jpg Q20574489 подобрена статија
73. Стара џамија (Лажани) — џамија Стара џамија во Лажани.jpg Q110369845 нова статија
74. Нова џамија (Лажани) — џамија Нова џамија во Лажани.jpg Q110369909 нова статија
75. ОУ „Мирче Ацев“ - Лажани — основно училиште ОУ „Мирче Ацев“ - Лажани.jpg Q20568773 значително подобрена статија
76. ПУ „Мирче Ацев“ - Кошино — основно училиште ОУ „Мирче Ацев“ - Кошино.jpg Q110370163 значително подобрена статија
77. Црква „Св. Никола“ - Кошино — црква Црква „Св. Никола“ - Кошино.jpg Q50330208 значително подобрена статија
78. Црква „Св. Атанасиј“ - Кошино — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Кошино.jpg Q110371695 нова статија
79. Кошински манастир — манастир Кошински манастир.jpg Q110371805 нова статија
80. Кошино — село Панорама на Кошино.jpg Q3075308 значително подобрена статија
81. Житоше — село Поглед на Житоше.jpg Q3074920 значително подобрена статија
82. Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Житоше 4.jpg Q37944358 значително подобрена статија
83. СОУ „Преродба“ - Житоше — средно училиште СОУ „Преродба“ - Житоше.jpg Q110390894 нова статија
84. Стара џамија (Горно Житоше) — џамија Џамија во Горно Житоше.jpg Q110390951 нова статија
85. Нова џамија (Горно Житоше) — џамија Нова џамија во Житоше.jpg Q110390973 нова статија
86. Џамија (Долно Житоше) — џамија Џамија во Долно Житоше.jpg Q110391005 нова статија
87. Житошки манастир — манастир Житошки мансатир.jpg Q110401370 нова статија
88. Бела Црква — село Поглед во Бела Црква.jpg Q2894177 значително подобрена статија
89. ОУ „Јонче Смугрески“ - Обршани — основно училиште ОУ „Јонче Смугрески“ - Обршани 2.jpg Q20567143 значително подобрена статија
90. ПУ „Јонче Смугрески“ - Бела Црква — основно училиште ОУ „Јонче Смугрески“ - Бела Црква.jpg Q110408201 значително подобрена статија
91. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бела Црква — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бела Црква 11.jpg Q110412212 нова статија
92. Обршанска парохија — црковна парохија Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бела Црква 24.jpg Q110412384 нова статија
93. Боротино — село Поглед на Боротино.jpg Q2911262 значително подобрена статија
94. Црква „Св. Марина“ - Боротино — црква Црква „Св. Марина“ - Боротино.jpg Q20498817 значително подобрена статија
95. Малокоњарска парохија — црковна парохија Holy Trinity's Church in Golemo Konjari, Prilep, Macedonia.jpg Q110415895 нова статија
96. Црква „Св. Никола“ - Воѓани — црква Црква „Св. Никола“ - Воѓани.jpg Q110419760 нова статија
97. Црква „Св. Никола“ - Обршани — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бела Црква 24.jpg Q20499229 значително подобрена статија
98. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обршани — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обршани.jpg Q110420426 значително подобрена статија
99. Воѓани — село Поглед во Воѓани.jpg Q3136266 значително подобрена статија
100. Годивле — село Поглед на Годивје.jpg Q3074779 значително подобрена статија
101. Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Годивје.jpg Q20500078 значително подобрена статија
102. Втора кривогаштанска парохија — црковна парохија Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани.jpg Q52737574 значително подобрена статија
103. ОУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани — основно училиште ОУ „Манчу Мантак“ - Кривогаштани.jpg Q20567153 значително подобрена статија
104. ПУ „Манчу Матак“ - Крушеани — основно училиште ОУ „Манчу Матак“ - Крушеани.jpg Q110428850 нова статија
105. ПУ „Манчу Матак“ - Годивле — основно училиште ОУ „Манчу Матак“ - Годивје.jpg Q110428275 нова статија
106. ПУ „Манчу Матак“ - Подвис — основно училиште ОУ „Манчу Матак“ - Подвис.jpg Q110428614 нова статија
107. Кореница — село Поглед на Кореница 2.jpg Q3078517 значително подобрена статија
108. Црква „Св. Никола“ - Кореница — црква Црква „Св. Никола“ - Кореница.jpg Q20499165 значително подобрена статија
109. Црква „Св. Теодор Тирон“ - Кривогаштани — црква Црква „Св. Теодор Тирон“ - Кривогаштани.jpg Q12911951 значително подобрена статија
110. Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани — црква Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани.jpg Q12911809 значително подобрена статија
111. Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани — црква Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани 8.jpg Q12911882 значително подобрена статија
112. Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани — црква Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани.jpg Q110447272 нова статија
113. Кривогаштани — село Поглед на Кривогаштани 2.jpg Q2603928 значително подобрена статија
114. Црква „Св. Никола“ - Крушеани — црква Црква „Св. Никола“ - Крушеани.jpg Q110179961 значително подобрена статија
115. Црква „Св. Атанасиј“ - Крушеани — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Крушеани.jpg Q20500240 значително подобрена статија
116. Крушеани — село Поглед на Крушеани.jpg Q3136271 значително подобрена статија
117. Обршански манастир — манастир Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обршани 6.jpg Q110476104 нова статија
118. Блато (река) — река Канал Блато кај Боротино.jpg Q12905250 нова статија
119. Обршани — село Поглед во Обршани.jpg Q3074771 значително подобрена статија
120. Црква „Св. Атанасиј“ - Пашино Рувци — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Пашино Рувци.jpg Q110491857 нова статија
121. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пашино Рувци — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пашино Рувци.jpg Q50345389 нова статија
122. Пашинорувски манастир — манастир Пашинорувски манастир 3.jpg Q110491995 нова статија
123. Крушевски крст — крст Крушевски Крст.jpg Q110508856 нова статија
124. Бушева Планина — планина Панорама на Бушева Планина.jpg Q12274055 подобрена статија
125. Пашино Рувци — село Панорама во Пашино Рувци.jpg Q3075192 значително подобрена статија
126. Подвис (Прилепско) — село Поглед на Подвис.jpg Q764466 значително подобрена статија
127. Црква „Св. Троица“ - Подвис — црква Црква „Св. Троица“ - Подвис.jpg Q110505669 нова статија
128. Прилепско Поле — поле Панорама на Прилепско Поле.jpg Q20567359 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Четврта експедиција[уреди извор]

Радовишко[уреди извор]

Последната експедиција за годинава ја завршивме во Радовишко и за промена од останатите не тргнавме во петок вечерта, туку утрината на 25 септември (сабота), со што дента ни беше понапорна од вообичаено. Повторно бевме истите четворица членови како на претходните три експедиции.

Во оваа експедиција, во половина од селата, особено оние во низинскиот дел, корисникот Тивериополник има спроведено свои посети, но отидовме да ги опфатиме и тие села со цел за сеопфатност.

Прв ден[уреди извор]

Посетени села по спроведената експедиција во 2021 година во Општина Радовиш

Од Скопје тргнавме утрината на 25 септември 2021 година (сабота) во 7 часот, па преку Штип, каде направивме кратка пауза за појадок, многу брзо стигнавме до првото село Дамјан, кое е всушност поделено на руралниот дел (самото село) и урбан дел (населба покрај самиот пат). На патот кон Дамјан ја фотографиравме неговата селска црква, но пропуштивме да ги фотографираме остатоците од некогашниот истоимен рудник. Сепак, отидовме по новиот пат до новиот рудник „Боров Дол“, па дури и продолживме по земјен пат откако видовме дека има знам за манастир, за кој сепак утврдиме дека се работи за црква во селото Горна Враштица, што се наоѓа во Општина Конче. Откако се спуштивме повторно во Дамјан, продолживме кон селото Погулево, кое е мало село и до кое се стигнува по земјен пат. Во него немавме проблем брзо да ја пронајдеме селската црква.

Така, брзо потоа отидовме кон селото Бучим, каде на пат кон него го фотографиравме познатиот истоимен рудник, како и малото Бучимско Езеро. Во селото лесно ги пронајдовме селската џамија и селското училиште.

По ова село, се приклучивме на новиот експресен пат Штип-Струмица кај клучката на Бучим, но сфативме дека направивме грешка, бидејќи нема да можеме да се исклучиме за селото Тополница. Бидејќи патот е уште во градба, сепак имаше можност да се исклучиме како многумина други и со тоа избегнавме кружење. Селото Тополница се наоѓа под браната на големото Тополничко Езеро, кое е всушност големо хидројаловиште на рудникот Бучим.

Од Тополница, се вративме на стариот регионален пат и се исклучивме кај Прналија, каде влеговме во селото и ги фотографиравме селската џамија и училиштето. Од селото, продолживме по макадамскиот пат за селото Супурге, од каде се пружаше поубав поглед на Тополничкото Езеро.

Пред да заминеме од Супурге ја разгледавме можноста преку земјен пат директно да отидеме за Коџалија, но видовме дека се работи за тежок терен, поради што одлучивме да се вратиме на регионалниот пат и откако стигнавме во градот Радовиш, одма на самиот влез свртевме кон селото. Пред да стигнеме во Коџалија, го фотографиравме и селото Али Коч, кое поседува селска џамија и училиште, како и амбуланта. Од селското училиште во Коџалија се пружаше убав поглед на самото село.

Со Коџалија, завршивме со посета на јуручките села и се префрливме на селата на планината Смрдеш, почнувајќи од големото село Ињево, кое всушност го имаме посетено за време на нашата експедиција во 2016 година во соседната област. Сепак, од Ињево имавме доста работи неопфатени со првата посета, со што сега имавме доста работа пред нас. Најпрвин го фотографиравме основното училиште, за подоцна да можеме да се посветиме на селските цркви, вкупно пет, а ние имавме фотографии од само две. Сите цркви во селото се наоѓаат над него, кај самиот Ињевски крст.

По Ињево, следуваше уште едно предизвикувачко село. Селото Воиславци, сместено веднаш до Ињево, имаше фотографии поради посетата на Википедијанец претходно, но сепак имаше уште многу работа во него. Најпрвин и тука ги опфативме објектите во селото, кои не биле фотографирани за време на посетата на Википедијанецот, за да можеме да се насочиме на селските цркви, кое селото ги има вкупно девет (вклучувајќи стари и нови градби). Селската црква „Св. Ѓорѓи“ беше единствената од која имаше фотографии, па затоа нејзе не ја ни посетивме и се насочивме на другите цркви. Две од црквите („Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“) се наоѓаат над селото, додека други две („Св. Јован Крстител“ и „Св. Илија“) пронајдовме во низинскиот дел во насока кон Ињево.

Откако се задржавме долго време во Воиславци, по кратко возење стигнавме во Сулдурци, село целосно посетено за време на експедицијата во 2016 година и во кое имавме задача само да направиме фотографии од селското училиште, поради што брзо завршивме.

Од Сулдурци, исто така по кратко возење стигнавме во селото Калуѓерица, каде направивме подобри фотографии од самото село (бидејќи и ова село беше посетено од истиот корисник како Воиславци), како и од манастирската црква, која не била опфатена од него. Кај Калуѓерица се обидовме да продолжиме по патот кон селото Папавница, но тоа беше осудено на неуспех поради сложениот и предизвикувачки земјен пат.

Како на крај на денот посетивме уште две села, Јаргулица и Покрајчево, од кои имаше веќе фотографии, но направивме нови. Во Злеово веќе беше зајдено сонцето, поради што оставивме тоа село да го фотографираме следниот ден и продолживме кон нашето сместување во Струмица.

Втор ден[уреди извор]

Откако одвај да најдовме место за појадок во Струмица, тргнавме на пат и доста брзо веќе бевме до првото село, Злеово, кое претходниот ден го изоставивме. По Злеово, повторно продолживме кон Покрајчево и Јаргулица, кои минатиот ден ги фотографиравме. На пат кон Покрајчево забележавме црква на ридот над селото, за која немавме никакви податоци во нашите истражувања, но беше очигледно дека се работи за црква, поради што повторно влеговме во селото и продолживме кон црквата. Се покажа дека се работи за понов манастир со црква.

По овие села продолживме кон Подареш, некогашно општинско седиште. И денес, селото е доста големо и урбанизирано. Ги фотографиравме преостанатите општествени установи од кои немаше фотографии, како и двете цркви во самото село. Потоа, продолживме по асфалтниот пат кон селото Смиланци, каде се наоѓаат уште две цркви во атарот на Подареш. Веќе на првата црква, асфалтот прекина и почна макадамски пат. И двете цркви се сместени на самиот пат, со што лесно ги воочивме.

Патот за Смиланци е само делумно асфалтиран, односно само одредени негови делови, па така наизменично по неколку километри се вози на асфалтиран и макадамски пат. Сепак, целиот пат е рамен, без карпи и камења, следејќи ја долината на реката Плаваја, чија долина на моменти е восхитувачка. Уште по втората манастирска црква на Подареш снемавме мрежа и буквално наредните 3 часа ние ќе го поминеме денот без никаков телефонски сигнал и камоли интернет. Селото Смиланци навистина воодушевува со својата архитектура, чии куќи се особено интересни со употребените црвени тули. Се забележува дека некогаш било особено живо село, а денес е дом на одвај неколкумина. Во него ја најдовме селската црква, како и руинираното селско училиште. Дополнително, на влезот направивме фотографии од неколку споменици од илинденскиот период.

На пат за Смиланци сретнавме луѓе со џип со кои се потврдивме дека можеме да стигнеме до радовишкото Ново Село на Плачковица од страната на Смиланци, поради што ние откако завршивме со Смиланци продолживме по земјениот пат долж Смиланска Река, кој иако земјен беше во доста добра состојба. Во моментот кога целосно ја преминавме реката и почнавме да се искачуваме во шума кон Ново Село земјениот пат започна да се влошува поради бројните бразди. Поради сувото време, сепак браздите не беа калливи што ни ја олесни работата. Сепак, браздите на моменти беа доста високи и не го препорачуваме патот за ниски возила, дури и џипови со ниска поставеност. Во Ново Село се изненадивме дека пронајдовме зачувани куќи, како и селска црква, која е во многу добра состојба и се гледа дека е одржувана. Во моментот кога ја фотографиравме не знаевме како се нарекува, но според објави на друштвените мрежи, црквата веројатно го носи името „Вознесение Христово“. Овој момент на посета на Ново Село и откривањето на црквата е моментот кога нашите експедиции се вистинска истражувачка работа. Откако завршивме ни требаше скоро еден час да се вратиме повторно во Подареш.

Од Подареш се упативме кон селото Ораовица, кое е исто така големо село се повеќе општествени објекти. Сепак, тука немавме многу работа, бидејќи истите беа фотографирани, како и селската црква и затоа брзо се упативме кон манастирот „Св. Ѓорѓи“, од кој немаше фотографии. Манастирот иако подигнат во поново време плени со својата големина и уреденост.

Од Ораовица се придвиживме кон приградската населба Раклиш, некогашно село, а денес споена приградска населба со Радовиш. Во Раклиш направивме фотографии од самата населба, а подоцна продолживме кон селото Калаузлија, до кое води асфалтен пат. Во Калаузлија брзо ги најдовме селското училиште и селската џамија, со што брзо можевме да се вратиме назад најпрвин во Раклиш, а подоцна да продолжиме кон Радовиш.

Од Радовиш се упативме високо кон Плачковица, каде најпрвин се навративме во посетеното село Штурово, фотографирајќи го споменикот на влезот во селото и неговото сретсело. Како што продолживме, застанавме да ги фотографираме месностите на некогашните села Чешме Маале и Али Лобаси. Исто така, повторно го посетивме селото Козбунар, од кое имавме фотографија единствено од неговата новоизградена црква. Од Козбунар продолживме до крајот на асфалтираниот пат, кој завршува кај хотелот „Бел Камен“ и продолживме по земјен пат кон селото Шипковица, наше последно село за оваа експедиција. Земјениот пат на моменти беше предизвикувачки, но сепак во релативно добра состојба. На половина пат до селото стигнавме до куќи, кои се наоѓаат околу некогашната Партизанска болница. Од нејзе продолживме во насока кон самото село, но кога дојдовме до него сфативме дека до селото имаме доста пат и поради тоа решивме само да го фотографираме од далечина.

Со ова ние ја завршивме експедицијата и се вративме назад до асфалтниот пат за до Радовиш, завршувајќи ја вечерта во Штип, каде седнавме да јадеме.

Исход[уреди извор]

Со фотографирани 22 нови села, 4 повторно посетени и поминати над 500 километри, експедицијата која беше на измешан низинско-планински терен можеме да ја прогласиме за успешна.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Али Коч — село Поглед на Али Коч.jpg Q2836277 значително подобрена статија
2. Црква „Св. Богородица“ - Дамјан — црква Црква „Св. Богородица“ - Дамјан 7.jpg Q110551774 нова статија
3. Црква „Вознесение Христово“ - Погулево — црква Црква „Вознесение Христово“ - Погулево 2.jpg Q26761683 подобрена статија
4. Маденска Река — река Меденска Река.jpg Q29033137 подобрена статија
5. Џамија (Бучим) — џамија Џамија во Бучим.jpg Q110553966 нова статија
6. Стара џамија (Тополница) — џамија Стара џамија во Тополница.jpg Q110553978 нова статија
7. Џамија (Прналија, Радовишко) — џамија Џамија во Прналија, Радовишко.jpg Q110554021 нова статија
8. Џамија (Супурге) — џамија Џамија во Супурге.jpg Q110554038 нова статија
9. Џумали џамија (Али Коч) — џамија Џумали џамија.jpg Q110554059 нова статија
10. Џамија Хафиз Салих — џамија Џамија Хафиз Салих.jpg Q110554098 нова статија
11. Џамија (Калаузлија, Радовишко) — џамија Џамија во Калаузлија, Радовишко.jpg Q110554130 нова статија
12. ПУ „Никола Карев“ - Бучим — училиште ОУ „Никола Карев“ - Бучим.jpg Q110554188 нова статија
13. ПУ „Никола Карев“ - Прналија — училиште ОУ „Никола Карев“ - Прналија.jpg Q110554214 нова статија
14. ПУ „Никола Карев“ - Тополница — училиште ОУ „Никола Карев“ - Тополница 4.jpg Q110554248 нова статија
15. ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Али Коч — училиште ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Али Коч.jpg Q110554299 нова статија
16. ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Коџалија — училиште ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Коџалија.jpg Q110554268 нова статија
17. ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија — училиште ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија.jpg Q110554315 нова статија
18. Али Лобаси — село Куќа во Али Лобаси.jpg Q2836285 значително подобрена статија
19. Бучим — село Поглед на Бучим 2.jpg Q2922587 значително подобрена статија
20. Воиславци — село Voislavci - Radoviš (9).jpg Q3134585 значително подобрена статија
21. Дамјан — село Панорама во Дамјан.jpg Q3013006 значително подобрена статија
22. Злеово — село Поглед во Злеово.jpg Q3134713 значително подобрена статија
23. Ињево — село ЕкспедицијаЛакавичко 213.jpg Q3134556 значително подобрена статија
24. Јаргулица — село Поглед на Јаргулица.jpg Q3040671 значително подобрена статија
25. Калаузлија (Радовишко) — село Поглед на Калаузлија, Радовишко 3.jpg Q33593 значително подобрена статија
26. Калуѓерица — село Поглед во Калуѓерица.jpg Q3134762 значително подобрена статија
27. Козбунар — село Куќи во Козбунар.jpg Q3134548 значително подобрена статија
28. Коџалија — село Поглед на Коџалија 2.jpg Q3134630 значително подобрена статија
29. Ново Село (Радовишко) — село Куќи во Ново Село, Радовишко.jpg Q3134519 значително подобрена статија
30. Ораовица — село Панорама во Ораовица.jpg Q3134491 значително подобрена статија
31. Погулево — село Поглед на Погулево.jpg Q3134698 значително подобрена статија
32. Подареш — село Поглед на Подареш.jpg Q3134776 значително подобрена статија
33. Покрајчево — село Покрајчево 01.jpg Q3134800 значително подобрена статија
34. Прналија (Радовишко) — село Поглед на Прналија, Радовишко 2.jpg Q3134820 значително подобрена статија
35. Раклиш — село Поглед во Раклиш 2.jpg Q3086012 значително подобрена статија
36. Смиланци — село Куќи во Смиланци 2.jpg Q3134866 значително подобрена статија
37. Сулдурци — село Сулдурци 08.JPG Q3134781 значително подобрена статија
38. Супурге — село Поглед на Супурге.jpg Q3134906 значително подобрена статија
39. Тополница (Радовишко) — село Поглед на Тополница.jpg Q3134792 значително подобрена статија
40. Чешме Маале — село Поглед во Чешме Маале.jpg Q3134788 значително подобрена статија
41. Шипковица (Радовишко) — село Куќи во Шипковица.jpg Q2963868 значително подобрена статија
42. Штурово — село ЕкспедицијаЛакавичко 225.jpg Q2967566 значително подобрена статија
43. Ињевски манастир „Св. Димитриј“ — манастир Ињевски манастир (Св. Димитриј).jpg Q111709670 нова статија
44. Црква „Св. Димитриј“ - Ињево — црква Црква „Св. Димитриј“ - Ињево.jpg Q111709658 нова статија
45. Црква „Вознесение Христово“ - Ињево — црква ЕкспедицијаЛакавичко 217.jpg Q23978279 подобрена статија
46. Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“ — манастир Ињевски манастир (Св. Архангел Михаил).jpg Q111709652 нова статија
47. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ињево — црква Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ињево 6.jpg Q111709616 нова статија
48. Ињевски крст — крст Ињевски Крст.jpg Q111729609 нова статија
49. Параклис „Св. Контантин и Елена“ - Ињево — параклис Параклис „Св. Константин и Елена“ - Ињево 2.jpg Q111709565 нова статија
50. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Ињево — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ињево 8.jpg Q111729681 нова статија
51. Ињевски манастир „Св. Петка“ — манастир Ињевски манастир „Св. Петка“.jpg Q111729716 нова статија
52. Црква „Св. Петка“ - Ињево — црква Saint Petka Church in Injevo.jpg Q24010956 подобрена статија
53. Воиславски манастир „Св. Илија“ — манастир Воиславски манастир (Св. Илија).jpg Q111736764 нова статија
54. Црква „Св. Илија“ - Воиславци (стара) — црква Стара црква „Св. Илија“ - Воиславци.jpg Q111709190 нова статија
55. Црква „Св. Илија“ - Воиславци (нова) — црква Нова црква „Св. Илија“ - Воиславци.jpg Q111737060 нова статија
56. Црква „Св. Петка“ - Воиславци — црква Црква „Св. Петка“ - Воиславци 5.jpg Q111709176 нова статија
57. Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ — манастир Воиславски манастир (Св. Јован Крстител) 2.jpg Q111709162 нова статија
58. Црква „Св. Јован Крстител“ - Воиславци — црква Црква „Св. Јован Крстител“ - Воиславци.jpg Q111709129 нова статија
59. Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир Нова црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци.jpg Q111737694 нова статија
60. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (стара) — црква Стара црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци 3.jpg Q111709120 нова статија
61. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова) — црква Нова црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци 3.jpg Q111709112 нова статија
62. Црква „Св. Илија“ - Сулдурци — црква Црква „Св. Илија“ - Сулдурци.jpg Q23939035 подобрена статија
63. Калуѓерички манастир — манастир Калуѓерички манастир 4.jpg Q111709099 нова статија
64. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Калуѓерица — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Калуѓерица.jpg Q111709096 нова статија
65. Црква „Св. Димитриј“ - Подареш — црква Црква „Св. Димитриј“ - Подареш 9.jpg Q61120650 значително подобрена статија
66. Покрајчевски манастир — манастир Покрајчевски манастир 2.jpg Q111709010 нова статија
67. Црква „Св. Илија“ - Покрајчево — црква Црква „Св. Илија“ - Покрајчево.jpg Q111708961 нова статија
68. Подарешки манастир „Св. Петка“ — манастир Црква „Св. Петка“ - Подареш 5.jpg Q111738147 нова статија
69. Црква „Св. Петка“ - Подареш — црква Црква „Св. Петка“ - Подареш.jpg Q111738197 нова статија
70. Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ — манастир Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подареш.jpg Q111738213 нова статија
71. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подареш — црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подареш 6.jpg Q111738265 нова статија
72. Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци — црква Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци.jpg Q26761694 значително подобрена статија
73. Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Радовишко) — црква Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Радовиш) 8.jpg Q111738289 нова статија
74. Ораовички манастир — манастир Ораовички манастир.jpg Q111738296 нова статија
75. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица 12.jpg Q111738312 нова статија
76. Плаваја — река Плаваја.jpg Q20936002 подобрена статија
77. Смиланска Река — река Смиланска Река 2.jpg Q20936145 нова статија
78. Ораовичка Река — река Ораовичка Река.jpg Q20932500 нова статија
79. Партизанска болница (Шипковица) — спомен-куќа Партизанска болница кај Шипковица.jpg Q111745136 нова статија
80. Рудник „Бучим“ — рудник Рудник „Бучим“ 2.jpg Q20942418 значително подобрена статија
81. Бучимско Езеро — езеро Бучимско Езеро 2.jpg Q111748945 нова статија
82. Готен — планина Готен.jpg Q20932155 подобрена статија
83. Тополничко Езеро — езеро Тополничко Езеро.jpg Q22090986 нова статија
84. Рудник „Боров Дол“ — планина Рудник „Боров Дол“.jpg Q111753045 нова статија
85. Црква „Св. Троица“ - Козбунар — црква Црква „Св. Троица“ - Козбунар 9.jpg Q24010975 подобрена статија
86. Ињевско-конечка парохија — парохија Црква „Вознесение Христово“ - Ињево 9.jpg Q23713804 подобрена статија
87. Ораовичко-воиславска парохија — парохија Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица.jpg Q23713805 подобрена статија
88. Подарешка парохија — парохија Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци 7.jpg Q23713823 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]