Бел Рај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бел Рај

Бел Рај — месност и излетничко место над селото Миравци, во југоисточниот дел на Македонија. Местото е сместено на Стара Река, на која се наоѓаат природни базени помеѓу карпите.[1]

Местото е исто така познато и по забавите, како и место за кампување.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Месноста се наоѓа над гевгелиското село Миравци.

Пристап[уреди | уреди извор]

До месноста може да се дојде преку асфалтен пат од селото Миравци во насока на селата Петрово и Габрово. Месноста катастарски е во атарот на селото Петрово.

Месноста е сместена во кањонскиот дел на Стара Река, сместена веднаш под мостот на реката на асфалтниот пат кој води од Миравци.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Миравци – скриен македонски бисер со највкусен зеленчук и најкрцкави кикиритки (фото)“. CRNOBELO.com. Посетено на 2021-10-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°17′56″N 22°24′38″E / 41.29889° СГШ; 22.41056° ИГД / 41.29889; 22.41056