Википедија:Викиекспедиции
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Викиекспедиции — проект на Википедија на македонски јазик, спроведуван од здружението на граѓани Споделено знаење во периодот 2015-2023 и од здружението на граѓани Викимедија МКД од 2024 година.
Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.
Критериуми за избор на област
[уреди извор]Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:
- број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
- број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.
Список на викиекспедиции
[уреди извор]2015
[уреди извор]Во текот на 2015 година биле организирани вкупно шест експедиции со кои биле опфатени следните области:
- Неготино со околината, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука;
- Кратово со околината, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука;
- Мариово, извештајот од оваа уникатна дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Мијачија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Општина Ранковце, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Општина Градско, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
2016
[уреди извор]Во текот на 2016 година биле организирани шест експедиции од вкупно планирани шест експедиции со кои биле опфатени следниве области:
- Лакавичко, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Железник, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Дебрца, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Преспа, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Злетовско-пробиштипско, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Малешевија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
2017
[уреди извор]Во текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Козјачија и Средорек, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Бојмија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Порече, извештајот од оваа тродневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Рекански регион, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Општина Кавадарци, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
- Забелешка: Иако на почетокот биле планирани шест експедиции, на крајот биле спроведени пет експедиции, додека експедицијата за областа Пијанец била преместена за спроведување во 2018 година.
2018
[уреди извор]Во текот на 2018 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Пијанец, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Азот, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Дримкол, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Копачка, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Раец, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
2019
[уреди извор]Во текот на 2019 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Славиште, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Општина Могила, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Охридско, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Општина Долнени, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
2020
[уреди извор]Во текот на 2020 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Кичава и Рабетинкол, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Осоговија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Плачковица и долина на Брегалница, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Овче Поле, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука.
2021
[уреди извор]Во текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Повардарие, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Битолско Мариово и Селечка Планина, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Бушева Планина и Прилепско Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Јуруклак и Радовишко Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
2022
[уреди извор]Во текот на 2022 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Осоговски Планини и Манговица, извештајот од оваа тродневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Дебарско (Општина Дебар и Општина Центар Жупа), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Горни Полог, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Кумановско, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука.
2023
[уреди извор]Во текот на 2023 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Јужна Македонија (Дојранско и Валандовско), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Битолско Поле и Баба, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Кочанско Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
- Тиквеш, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
2024
[уреди извор]Во текот на 2024 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Штипско (Општина Штип), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Долини на Бабуна и Тополка (Општина Чашка), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
- Долен Полог (Општина Тетово и Општина Брвеница), , извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука; и
- Прилепско Мариово (Општина Прилеп), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
2025
[уреди извор]Во текот на 2025 година се планирани четири викиекспедиции:
- Подгорје и Огражден (Општина Ново Село и Општина Босилово), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
Поврзано
[уреди извор]Надворешни врски
[уреди извор]![]() |
„Викиекспедиции“ на Ризницата ? |