Црква „Св. Троица“ - Козбунар
Изглед
Света Троица | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Радовишко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°43′28.4″N 22°28′57.9″E / 41.724556°N 22.482750°E |
| Место | Козбунар |
| Општина | Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свето Тројство |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на падините на планината Плачковица, од десната страна на патот од Радовиш, на околу 1,6 км од селото Козбунар.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна. Куполата на црквата е со квадратна основа и заоблени агли. На секоја нејзина страна и на заоблените агли има по една монофора. По една монофора има и на апсидата, на полукружните странични крила, како и на крајот од северната и јужната страна. Влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Објектот е обоен во бела боја, акуполата се забележува дека е од тули. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има трпезарија, помошна градба и летниковец.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта од дворот на црквата
- Поглед на црквата
- Северната и западната страна
- Северната страна
- Куполата
- Апсидата
- Припратата со влезот
- Дворот на црквата
- Трпезаријата
- Помошната градба


