Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата „Св. Атанасиј“ над селото Сулдурци

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоРадовишко
ПарохијаОраовичко-воиславска
Местоположба

Карта

Координати41°34′57″N 22°29′8.88″E / 41.58250°N 22.4858000°E / 41.58250; 22.4858000
МестоСулдурци
ОпштинаРадовиш
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Атанасиј
Изградба1841
Архитектонски опис

Свети Атансиј — црква која се наоѓа во селото Сулдурци, во близината на Радовиш.

Сместена е на врвот на ридот веднаш над последните куќи од селото, самите мештани ја нарекуваат манастирче. Според натписот на ѕидот веднаш десно влезната врата црквата е изградена во 1841 година. Таа претставува стариот црковен храм на Сулдурци, кое во минатото се наоѓало погоре во неговата близина, заради што и денес тоа како селска слава го задржало празнувањето на нејзиниот светец-патрон Свети Атанасиј, иако во самото село има новоизградена поголема црква посветена на Свети Илија. Во моментот на црквата се изведуваат градежни зафати за нејзина обнова, при што се поставени нови армирани бетонски столбови и покрив. Секоја година на 15 мај се одржува селската слава „Св. Атанасиј - летен“ која се прославува со црковно-народен собор околу манастирчето за што се изградени покриена трпезарија и помошни обејтки.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]