Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Гнеотино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола/Свети Талалеј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоБитолско
ПарохијаНовачка
Местоположба

Карта

Координати40°59′09.9″N 21°28′55.7″E / 40.986083°N 21.482139°E / 40.986083; 21.482139
МестоГнеотино
ОпштинаНоваци
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола/Свети Талалеј
Завршено1862
1927 (обновена)
Архитектонски опис

Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Гнеотино.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во краниот северозападен дел од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1862 година, а била обновена во 1927 година.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Храмот има влез на северната страна над којшто има натпис на грчки јазик. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е градена од камен и тули. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е без царски двери и содржи еден ред икони над ѓаконските порти.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига непосредно од десната страна до влезната порта од дворот на црквата. Градена е од камен и во нејзиниот горен дел има по една отворена бифора на секоја страна.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Гнеотино Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]