Црква „Св. Никола“ - Клисура
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Демиркаписка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°23′03″N 22°17′30″E / 41.38417°N 22.29167°E |
| Место | Клисура |
| Општина | Демир Капија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | XIX век |
| Живопис | 1879 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Никола — главна селска црква во демиркапиското село Клисура, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во некогашното Средно Маало, а над нејзе се простира познатата Долина на кактусите.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена источно од селото, во негова непосредна близина.[2] До црквата може да се стигне преку асфалтен пат, кој започнува од самото сретсело во Клисура.
Историја
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]Архитектонски, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. Средишниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено-сива боја. Корабите се создадени со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата е изградена галерија. Главниот влез на црквата е од јужната страна, а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била фрескоживописана во 1879 година, што е испишано на натписот на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. Живописот бил изработен од браќата Вангел, Никола и Коста од Крушево.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Оградата на црквата
- Камбанаријата
- Припратата
- Летниковец во дворот
- Припратата
- Страничен поглед
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-09-16.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 16 септември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Клисура на Ризницата ?


