Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°02′24.9″N 21°33′38.4″E / 41.040250°N 21.560667°E |
| Место | Паралово |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Георги |
| Завршено | 1860/1878 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи – манастирска црква на Параловскиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1860 или 1878 година, а се петпоставува дека на местото имало средновековна црква.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Ѓорѓи. Непосредно до главниот влез се издига камбанаријата којашто е прилепена до западната страна на храмот. Таа е со квадратна основа и во горниот дел на јужната, западната и северната страна има по една отворена монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на јужната страна, непсоредно до главниот влез на црквата, и над него има празна ниша. Објектот на црквата и камбанаријата во целост е обоено во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.
Црквата е сместена во посебен дел од дворот на манастирот до којшто се влегува преку порта над којашто има бакрорез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата. Во непосредна близина на црквата има мал помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта во делот на црквата
- Црквата со камбанаријата
- Поглед на црквата
- Северната страна
- Влезот на камбанаријата (лево) и главниот влез на црквата (десно)
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Ѕвоното на камбанаријата
- Панорама на црквата
- Помошниот објект
- Црквата помеѓу 1914 и 1918 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Паралово Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово на Ризницата ?


