Фреска на Свети Ѓорѓи (Зовиќ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карпата со фреската

Фреска на Свети Ѓорѓифреска насликана на карпа кај приодот кон Камениот мост во непосредна близина на селото Зовиќ. На карпата е насликан Свети Ѓорѓи.

Историја[уреди | уреди извор]

Фреската потекнува од 1925 година, што е испишано заедно со имињата на дарителите, а претставува остаток од црква којашто во минатото постоела на тоа место. Живописот бил обновен во 2006 година од страна на НУ Завод и музеј Битола.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Живописот со приказот на Свети Ѓорѓи е сместен во правоаголна насликана рамка којашто во горниот дел е залачена. Рамката е насликана со лента од три линии — во средината е црвена којашто е најширока и е ограничена со потенка бела лента од внатрешната и црна од надворешната страна. Во средишниот дел е поставена фигурата на Свети Ѓорѓи со развиорена црвена како ја убива ламјата качен на бел коњ. Фонот на фреската е обоен во светлосина боја. Во долниот дел од фонот е претставен карпест пејзаж, а во горниот дел со бела боја на црковнословенски е испишана кратенка од името на светецот.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 31.

Координати: 41°07′06.9″N 21°43′02.4″E / 41.118583° СГШ; 21.717333° ИГД / 41.118583; 21.717333