Црква „Св. Архангел Михаил“ - Скочивир

Координати: 40°58′10.7″N 21°38′33.2″E / 40.969639° СГШ; 21.642556° ИГД / 40.969639; 21.642556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°58′10.7″N 21°38′33.2″E / 40.969639° СГШ; 21.642556° ИГД / 40.969639; 21.642556
Место Скочивир
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено 1967
Архитектонски опис

Свети Архангел Михаил – манастирска црква на Скочивирскиот манастир.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1967, а била реновирана во 1998 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна и над него има застаклен мозаик на којшто е претставен Архангел Михаил, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Пред главниот влез се издига камбанаријата којашто е прилепена до западната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Скочивир Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]