Црква „Св. Петка“ - Скочивир
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Краварско-бачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 40°58′29.2″N 21°38′15.6″E / 40.974778°N 21.637667°E |
| Место | Скочивир |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Завршено | 1826/1860 |
| Архитектонски опис | |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на влезот од селото во северниот дел на селото, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над југозападниот агол на припратата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е со богат фрескоживопис којшто е во релативно лоша состојба.[3]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта.
Српски воени гробишта
[уреди | уреди извор]На селските гробишта во дворот на црквата се среќаваат и гробови на српски војници кои загинале во Првата светска војна. Гробиштата се наоѓаат во лоша состојба. [4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Надворешност и други објекти
- Поглед на црквата
- Припратата
- Главниот влез
- Спроедниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Камбанаријата над припратата
- Селските гробишта
- Гробови
- Гробови од Првата светска војна
- Црквата во 1917 година
- Внатрешност
- Живописани претстави
- Живописани светци
- Фрескописот на сводот
- Фреска со натпис на грчки јазик
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Скочивир Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Св. Петка село Скочивир – Фото галерија Архивирано на 23 јуни 2019 г.“. Итар Пејо.
- ↑ „Славна историја нашег заборава“. Политика. 26 септември 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Скочивир на Ризницата ?
- ↑ На мермерната плоча на јужната страна на камбанаријата е наведена 1826 година.
<ref> за група именувана како „а“, но нема соодветна ознака <references group="а"/>.

