Прејди на содржината

Црква „Св. Петар“ - Кајмакчалан

Координати: 40°55′50.16″N 21°47′9.96″E / 40.9306000° СГШ; 21.7861000° ИГД / 40.9306000; 21.7861000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°55′50.16″N 21°47′9.96″E / 40.9306000° СГШ; 21.7861000° ИГД / 40.9306000; 21.7861000
Место Кајмакчалан
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар
Архитектонски опис

Свети Петарцрква и спомен-капела подигната на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, на самата македонско-грчка граница.

Овој комплекс претставува културно наследство на Македонија, прогласен со одлука од 5 јануари 1953 година.[1]

Црквата е особено посетувана од скијачи поради близината на скијачкиот центар „Кајмакчалан“ на грчката страна, како и од страна на планинари и велосипедисти.

Именување

[уреди | уреди извор]

Оваа црква понекогаш во грчката јавност е именувана како „Св. Илија“.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Спомен-капелата започнала да се гради во 1928 година на највисоката точка на планината Ниџе, врвот Кајмакчалан. На тоа место се одвивала една од најжестоките битки за време на Првата светска војна.

Комплексот е подигнат по наредба и аманет на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, во чест на српската војска за сојузничкиот триумф над централните сили.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Подот е направен од бетон, а во средината се наоѓа крст направен од топовски гранати. На мала масичка стои книга за впечатоци во која се потпишуваат сите посетители.

Околу самата црква (спомен-капела) биле подигнати и костурница, камбанарија, молитвен дом, болницата на докторот Арчибалд Рајс и стражарска куќа.

Над влезната врата на црквата стои запишано: „На моите големи јунаци храбри и верни кои со своите гради ја отворија вратата на слободата и останаа овде како вечни стражари на прагот на татковината“.

Во еден агол на црквата стои урна во која се наоѓа срцето на познатиот швајцарски доктор Рајс. На урната е запишано: „Овде во оваа урна на врвот на Кајмакчалан спие златното срце на Швајцарецот Рајс, српски пријател од најтешките денови на војниците во борбата за правда и вистина“.

Камбанарија

[уреди | уреди извор]

Покрај самата црква, одвоено, е соѕидана и камбанарија на која стои црковното ѕвоно. Црковното ѕвоно во 1921 година го подарил големиот научник Михајло Пупин со следната посвета: „На делата на загинатите херои на Кајмакчалан 1921; Божествени звуци пренесете ја славата на загинатите јунаци и раскажувајте им на потомците за нивните големи дела“.

Патувајќи, ѕвоното стигнало до село Брод, но тоа било задржано од мештаните и било поставено на нивната црковна камбанарија, која во тоа време немала ѕвоно. Тоа и денес таму се наоѓа. Во 1980 година била направена копија на оригиналното ѕвоно кое било поставено на камбанаријата на црквата на Кајмакчалан.

Воена болница

[уреди | уреди извор]

Само на 2 километри оддалеченост од врвот била изградена Воена болница во која биле лекувани ранетите војници на фронтот. Од оваа некогашна болница сега се останати само урнатини.

Подолу од Воената болница е изградена воена караула „Д-р Рајс“, која била користена од војската на поранешна СФР Југославија.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Bitola, Babam (2017-11-21). „Спомен капелата од Битката на Кајмакчалан“. Бабам Битола (англиски). Посетено на 2020-07-18.
  2. „Црквата на Пророкот Илија“. Kaimak Inn. Посетено на 2020-07-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]