Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Краварско-бачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 40°55′53.2″N 21°33′32.2″E / 40.931444°N 21.558944°E |
| Место | Бач |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | XIX век 1912 (обновена) 1921 (обновена) |
| Осветување | 21 септември 1912 |
| Живопис | 1886 |
| Зограф | Коста Анастасов |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Бач.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во XIX век, а била обновена од егзархистите и осветена на 21 септември 1912 година, односно на празникот Рождество на Пресвета Богородица којшто е и селска слава. Во текот на Првата светска војна, црквата била разрушена, а повторно била обновена во 1921 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата, а над неа се издига и камбанаријата којашто е прилепена до објектот на храмот. Црквата има и спореден влез на јужната страна до којшто е доградена мала камена припрата над чијшто влез има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Храмот има женски оддел којшто е во облик на балкон.[2]
Познато е дека црквата била зографисана во 1886 година од страна на Коста Анастасов од Крушево, а за тоа сведочи и натписот на црковнословенски којшто гласи:
| „ | Сей храмъ Прест Богородица нво вем она се образис г. г. Архіепіск. к иереа. Иліа. ктитор. и приложніцъ г. 1886. из рукь Коста. Анасташіовикъ зуграфа ѿ слафно Крушово мсцъ. 4.[3] | “ |
Внатрешноста денес е без фрески, но со икони на апостоли и светци. Во главниот дел на црквата висат метални кандилници и лустери коишто потекнуваат пред обновувањето.[2]
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има помошен објект, базен за верски обреди и гробови на српски војници.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Влезната порта од дворот на црквата
- Припратата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Јужната страна
- Камбанаријата
- Апсидата
- Помошниот објект
- Базенот за верски обреди
- Гробови на српски војници
- Дворот на црквата
- Дворот на црквата во периодот 1916-1918 година
- Црквата во периодот 1918-1941 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Цркви“. Visit Pelagonia.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 279.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач на Ризницата ?


