Црква „Св. Петка“ - Подареш
Изглед
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Радовишко |
| Парохија | Подарешка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°37′45″N 22°33′21.7″E / 41.62917°N 22.556028°E |
| Место | Подареш |
| Општина | Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
Света Петка — манастирска црква на Подарешкиот манастир „Св. Петка“.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Во крајниот дел од јужната страна, непосредно до апсидата, има врамена вертикална фреска на којашто е прикажана Света Петка. Објектот е изграден од тули, а куполата во целост е обоена во бела боја. Храмот е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Фреска на Света Петка
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Подареш на Ризницата ?


