Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово
Изглед
Свети Теодор Тирон | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°04′00.9″N 21°33′35.8″E / 41.066917°N 21.559944°E |
| Место | Долно Орехово |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Теодор Тирон |
| Завршено | 1850 |
| Архитектонски опис | |
Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Долно Орехово.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1850 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставен Теодор Тирон. Објектот во целост е обоен во бела боја и покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна конструкција којашто се состои од четири бетонски столбови над коишто има пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Влезот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Гробиштата
- Гробови
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Долно Орехово Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово на Ризницата ?


