Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Втора кривогаштанска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°07′57.7″N 21°14′20.3″E / 41.132694°N 21.238972°E |
| Место | Годивле |
| Општина | Кривогаштани |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Завршено | 1860 |
| Осветување | 1860 |
| Живопис | 1883 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
| Стил | преродбенички |
Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Годивле, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Годивле, во близина на основното училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната и осветена во 1860 година од страна на митрополитот Венедикт Византиски.[3] Претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Претставува еднокорабна градба со полукружен свод и полукружна апсида со пет слепи ниши однадвор.[3]
Во олтарот како чесна трапеза служи римски архитектонски елемент, а во дворот има дел од мермерен столб и фрагменти од други архитектонски елементи.[4][5]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Целосно е живописана во 1883 година од браќата Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево. Фреските се оштетени.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Ниша со фреска над влезот
- Апсидата
- Помошниот објект
- Камбанаријата
- Главниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 3 „Црква „Свети Атанасиј", село Годивје“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 2016-02-16. Посетено на 13 март 2014.
- ↑ „Aрхеолошки локалитети во околината на Прилеп“. Крале Марко. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 13 март 2014.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 293. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле на Ризницата ?


