Црква „Св. Никола“ - Грумази
Свети Никола/Воскресение Христово | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°02′58.4″N 21°34′58.4″E / 41.049556°N 21.582889°E |
| Место | Грумази |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола/Исус Христос |
| Завршено | 1864 1980 (доградена) 2006 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола или Воскресение Христово – главна селска црква во селото Грумази.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1864, по што била срушена во 1924, доградена во 1980 и целосно обновена во 2006 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто е целосно оштетено и не може да се забележи што е прикажано на неа. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има трпезарија и во него се сместени селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Трпезаријата
- Гробиштата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Грумази Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Грумази на Ризницата ?


