Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци
Свети Димитриј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Подарешка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°34′56.6″N 22°29′08.9″E / 41.582389° СГШ; 22.485806° ИГДКоординати: 41°34′56.6″N 22°29′08.9″E / 41.582389° СГШ; 22.485806° ИГД |
Место | Смиланци |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | по 1920 |
Осветување | по 1920 |
Архитектонски опис |
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Смиланци.[1]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена во јужниот дел од селото, на десната страна од Смиланска Река.
Историја[уреди | уреди извор]
Нема точни податоци за тоа кога црквата започнала да се гради, кога била изградена, како и кога и од кој архијереј била осветена. Сепак, се претпоставува дека изградбата и осветувањето биле по 1920 година.[2]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Во средишниот дел на апсидата има ниша во којашто е впишан крст. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има крст и празна ниша, а црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Автор на иконите во црквата е познатиот зограф Гаврил Атанасов, а тие се сметаат за едни од неговите најдобри дела.[3]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, трпезарија, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна дрвена конструкција во облик на пресечен конус којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Подарешка парохија[мртва врска]“. Брегалничка епархија.
- ↑ „Гаврил Атанасов — Зограф“. За луѓето од Малешевијата.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци на Ризницата ?