Црква „Св. Троица“ - Подвис
Изглед
![]() ![]() Света Троица
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прва кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°23′40″N 21°19′35″E / 41.39444°N 21.32639°E |
Место | Подвис |
Општина | Кривогаштани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | 1924 |
Архитектонски опис |
Света Троица — главна селска црква во прилепското село Подвис, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на врвот на малото возвишение Глајца. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена над селото Подвис.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била подигната во 1921 година на местото на некогашно црквиште.[2] Сепак, според натпис на самата црква истата била подигната во 1924 година и обновена и преосветена во 1999 година.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата претставува еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Селските гробишта
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Помошниот објект
-
Камбанаријата
-
Главниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 „Црква „Света Троица", село Подвис“. OLDPRILEP.COM. 2012-02-05. Посетено на 2022-01-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Троица“ - Подвис на Ризницата ?