Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Подареш

Координати: 41°36′55.7″N 22°32′30.1″E / 41.615472° СГШ; 22.541694° ИГД / 41.615472; 22.541694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Подарешка
Местоположба

Карта

Координати 41°36′55.7″N 22°32′30.1″E / 41.615472° СГШ; 22.541694° ИГД / 41.615472; 22.541694
Место Подареш
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитрија Солунски
Изградба 12 јули 2001
Архитектонски опис
Архит. тип крстокуполен храм

Свети Димитријцрква во селото Подареш.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во северниот дел од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 12 јули 2001 година.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со кружна купола и многуаголна апсида на источната страна. На површината на куполата има осум монофори. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Од левата страна на влезната врата има мермерна плоча со податоци за црковниот одбор којшто ја подигнал црквата, како и врамена фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски, додека од десната страна на влезната врата има врамена фреска на којашто е насликан Свети Георгиј. Храмот има спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се најзабележителни на куполата, како и на рабовите од вратите и прозорците, а остатокот од надворешните ѕидови е обоен во бела боја. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а куполата со лимен кров.

Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени две камбанарии и трпезарии. Од внатрешната страна на влезната порта од дворот има полукружна ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. Првата камбанарија се состои од два дела, од коишто долгиот којшто е значително повисок е со квадратна основа, а горниот во висина на ѕвоното е со осумаголна основа. На секоја страна од долниот дел има по една отворена монофора. Долниот дел во целост е обоен во бела боја, а тули се забекежуваат на рамките од монофорите, додека горниот дел е видливо изграден од тули. Втората камбанарија исто така е со квадратна основа и претставува примитивна метална конструкција со пирамидален лимен кров.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]