Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско)
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°04′29.5″N 21°32′24.2″E / 41.074861°N 21.540056°E |
| Место | Суводол |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Завршено | 1931 1996 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола – манастирска црква на Суводолскиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека црквата била изградена во 1931 година, по што била срушена во 1994 година и изградена на новото место на манастирот во 1996 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и од обете страни на влезната врата има по една вертикална застаклена фреска — на левата е претставена Богородица со Исус, а на десната Свети Никола. Црквата има и спроеден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Камбанаријата на црквата е со квадратна основа. Рабовите на аглите се истакнати нанадвор и забележителни се тулите од коишто се изградени. Слично како и црквата, камбанаријата е целосно обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Западната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Камбанаријата (лево) и црквата (десно)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско) на Ризницата ?


