Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци
Свети Петар и Павле | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°05′27.9″N 21°28′24.6″E / 41.091083°N 21.473500°E |
| Место | Горно Агларци |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Петар и Павле |
| Архитектонски опис | |
Свети Петар и Павле – главна селска црква на селата Горно и Долно Агларци.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена непосредно од десната страна на патот кој ги поврзува селата Долно и Горно Агларци.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Христовото распнување, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто се претставени Свети Петар и Павле. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а дрвениот иконостас содржи икони во два реда над ѓаконските порти и царските двери.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошни објекти. Камбанаријата е со квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една отворена монофора на секоја страна. Во целост е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Припратата на западната страна
- Припратата на јужната страна
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Апсидата
- Внатрешноста
- Камбанаријата
- Помошен објект
- Помошен објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Горно Агларци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци на Ризницата ?


