Црква „Св. Никола“ - Зовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Поглед на црквата во Зовиќ.jpg

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Координати 41°07′06.6″N 21°42′45″E / 41.118500° СГШ; 21.71250° ИГД / 41.118500; 21.71250Координати: 41°07′06.6″N 21°42′45″E / 41.118500° СГШ; 21.71250° ИГД / 41.118500; 21.71250
Место Зовиќ
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1862
1927 (обновена)
Ктитор Венедикт
Богдан Секилковиќ и Ангеле Ангелевиќ
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Никола — главна селска црква во селото Зовиќ.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во близина на сретселото.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1862 година, многу подоцна од помалата црква „Св. Атанасиј“. Според податоците кои може да се прочитаат на плочата која е исклесана на ѕидот веднаш лево од вратата, на црковнословенски е запишан следниот натпис:

Во селото Бзоиќ овој свештен храм на нашиот отец Свети Николај, се изгради од православните христијани во времето на преосвештениот архиепископ Пелагониски г.г. Венедикт Византиски. 1862 Октомврија 30.

Објектот на црквата бил многу оштетен во текот на Првата светска војна. Црквата била обновена во 1927 година по враќањето на селаните кои биле раселени за време на војната. Постои податок на камени релјефни плочи, вграден во фасадите на црквата, каде што се наведени имињата на дедо Богдан Секилковиќ и дедо Ангеле Ангелевиќ како ктитори на црквата. Тие потекнувале од селото и како поимотни и угледни луѓе ја потпомагале обновата на црквата. Во знак на благодарност кон нив биле изработени камените релјефни плочи на коишто се прикажани во локална народна носија.[2] Во 1958 година, црквата била малтерисана, а покривот и трпезаријата биле поправени.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Таа е еднокорабна и е засводена со полукружен свод.[1] Кон западната и јужната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажан Свети Никола. Црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со фреска на којашто е претставена Света Недела. Објектот е изграден од камен. Внатрешноста е зографисана и изобилува со икони.[1] Фрескописот е дело на локални зографи.[2]

Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешност и други објекти
Внатрешност

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Зович“. Мој Роден Крај.
  2. 2,0 2,1 Црква „Свети Никола“, село Зовиќ, XIX век“. Rural Adventure.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]