Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°07′14.4″N 21°42′39.8″E / 41.120667°N 21.711056°E |
| Место | Зовиќ |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Завршено | XVII век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на врв од рид во непосредна близина на селото.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Според своите архитектонски и ликовни крактеристики, црквата потекнува од поствизантиски период, односно од XVII век.[2] Во поново време, со помош од месното население до црквата е изградена трпезарија, поставен е крст, а донесена е и електрична енергија.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[1] Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. Објектот е граден од камен и варов малтер, а прекриена е со кров од црвени ќерамиди.[2]
Внатрешноста на црквата е зографисана. Иако црквата претрпела оштетувања низ годините, денес се сочувани вредни површини фрескоживопис, како што е претставата во олтарниот простор позната како Богородица со епитетот Платитера – Знамение од XVII век. Според иконографскиот тип, Богородица Знамение е облик на Богородица Ширшаја со молитвено издигнати раце. На сиво-сината заднина на фреската со бели грчки букви е испишан епитетот на Богородица. Претставата е работена според текстот на пророкот Исаија, според кој Богородица претставува отелотворение на црквата. Ваквата претстава на Богородица е значаен тематско-времеследен показател затоа што сведочи за присуството на пошироката сфера на византиската во постарата уметност.[2]
Во дворот на црквата се наоѓа помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Икона на Свети Атанасиј
- Фреска во црквата
- Претстава на Богородица Знамение
- Фреска со натпис
- Фреска со крст
- Претстава на Свети Никола
- Претстава на Свети Василиј
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Зович Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- 1 2 3 „Црква „Свети Атанасиј“, село Зовиќ, XVII век[мртва врска]“. Rural Adventure.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ на Ризницата ?



