Црква „Св. Илија“ - Вешје
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Демиркаписка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°23′02″N 22°07′52″E / 41.38389°N 22.13111°E |
| Место | Вешје |
| Општина | Неготино |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | XIX век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Илија — главна селска црква во неготинското село Вешје, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа надвор од самото село, со срушен покрив и целосно во разрушена состојба.[3] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на височинка над селото, до која се пристапува по земјен пат од самото село.
Историја
[уреди | уреди извор]Нема податоци кога точно е подигната црквата, но се претпоставува дека е во втората половина на XIX век.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата претставува трикорабна градба. Има отворени тремови на јужната и западната страна, а од истите тремови има и влезови за во црквата.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата е целосно фрескоживописана.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]На парапетната табла од иконостасот има запис на кој пишува „Из руки Глигур Петревич зог/раф/дебрели се/ло/Тресанче 1878“. Овој запис веројатно се однесува на авторството на иконите на иконостасот, а исто така и на фреските во црквата.[2] Според други извори, иконите потекнуваат од 1879 година насликани од Петре Пачаров, ученик на Дичо Зограф.[4]
Иконите од црквата се водат како културно наследство според Националниот конзерваторски центар. По разрушувањето на црквата, иконите биле чувани во старото училиште во селото, а во 2019 година биле преземени од страна на Музејот на град Неготино.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез
- Срушената црква
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Споредниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-13.
- 1 2 „Музеј на град Неготино“. www.muzejnegotino.mk. Посетено на 2021-10-13.
- ↑ „Изложба на икони и иконостаси од црквите и манастирите во Општина Неготино | Министерство за Култура“. Посетено на 2021-10-13.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Вешје на Ризницата ?


