Џамија (Калаузлија, Радовишко)
Изглед
| Џамија (Калаузлија) | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Координати: 41°40′10.9″N 22°29′42.7″E / 41.669694°N 22.495194°E | |
| Место | Калаузлија |
| Општина | Општина Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Местоположба | |
| Архитектура | |
| Минариња | 1 |
Џамија (Калаузлија) — џамија во селото Калаузлија.[1]
Местополоба
[уреди | уреди извор]Џамијата се наоѓа во источниот дел на селото.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на џамијата има четириаголна основа. Влезот се наоѓа на северозпадната страна кон којашто е дограден трем. Објектот е обоен во бела боја, додека цоклето на северозападната страна е во светлосина боја. Покриен е со кров од ќерамиди. Џамијата има едно минаре со кружна основа и со едно шерефе. Минарето под шерефето има светлозелена основа којашто е украсена со бели ленти, додека шерефето и делот над него се во бела боја. Покриено е со црн лимен кров.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 85. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Џамија (Калаузлија, Радовишко) на Ризницата ?
