Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова)
Успение на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Радовишко |
| Парохија | Ораовичко-воиславска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°35′10.1″N 22°27′10.8″E / 41.586139°N 22.453000°E |
| Место | Воиславци |
| Општина | Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Изградба | 1968 |
| Архитектонски опис | |
Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.
Историја
[уреди | уреди извор]Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1968 година од страна на Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум. Црквата била осветенаво 1980 година од страна на Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена припрата, а над него има ниша со фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Црквата има и споредни влезови на јужната и северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Внатрешноста на храмот не е живописана, а иконите биле изработени од зографот Дончо од Секирник во 1975 година.[1]
Непосредно до североисточниот агол од црквата се издига камбанаријата којашто над постаментот е отворена од сите страни.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Влезот на јужната страна
- Влезот на северната страна
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Воиславци
- Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
- Воиславски манастир „Св. Илија“
- Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)
- Црква „Св. Илија“ (стара)
- Црква „Св. Илија“ (нова)
- Црква „Св. Јован Крстител“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Димитриј“
- Црква „Св. Теодор“
- Радовишко архијерејско намесништво
- Ораовичко-воиславска парохија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ораовичко-воиславска парохија Архивирано на 2 јули 2022 г.“. Брегалничка епархија.


