Бучински манастир
Поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Бучински манастир |
| Други имиња | Манастир „Свети Ѓорѓи“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Посветен на | Свети Ѓорѓи |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | Црква „Св. Ѓорѓи“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | Бучин, Општина Крушево |
| Координати | 41°16′29″N 21°17′33″E / 41.27472°N 21.29250°E |
| Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Бучинска парохија) |
Бучински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Бучин.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа во месноста Манастириште, сместен 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[2] До него може да се дојде по земјен пат, кој е во добра состојба.
Историја
[уреди | уреди извор]Сеќавањата на мештаните се дека манастирот првично бил подигнат кон крајот на XVIII век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толку пати бил повторно обновуван. Последниот пат бил запален до темел.[3]
Манастирот бил обновен на иницијатива на дедо Јонче Мишески врз изгорени темели, обраснати со трева и капини. Дедо Јонче на сон го видел местото каде порано имало манастир, а потоа во 1980-тите години ја иницирал повторната градба на манастирот, за кој собирал пари за изградба по околните села.[3]
Во мај 2021 година дел од покривот на манастирската црква бил украден, а воедно биле искршени сите врати од конаците.[4]
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
[уреди | уреди извор]Црквата е единствениот храм во манастирот.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта
- Манастирската црква
- Конакот
- Конакот
- Споменик на Јонче Мишески
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 „Слеп дедо собирал пари за манастир: Денеска храмот Св. Георгиј во Бучин ја краси цела Пелагонија“. Маркукуле. 2019-06-16. Посетено на 2021-12-17.
- ↑ „Украден дел од покpивот и разбиени сите врати од конакот од манастирот Св. Вмч. Георгиј во село Бучин“. ИНФО КОМПАС. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 2021-12-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Бучински манастир на Ризницата ?