ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија
Крсте Петков Мисирков
| |
---|---|
во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“
| |
Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
| |
Место | |
Општина: | Општина Радовиш |
Наречено по: | Крсте Петков Мисирков |
Нас. место: | Калаузлија |
Адреса: | с. Калаузлија |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | турски |
Контактни информации |
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на истоименото училиште во Радовиш, Општина Радовиш.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на возвишение коешто му дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Новиот објект на училиштето бил пуштен во употреба во декември 2021 година. Објектот бил изграден со средства обезбедени од страна на ТИКА и со поддршка од Општина Радовиш.[2]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.
- ↑ „Радовиш: Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија“. Јавна администрација.
- ↑ „ООУ Крсте Петков Мисирков — Радовиш Архивирано на 13 јануари 2022 г.“. Општина Радовиш.