Црква „Св. Никола“ - Свето Митрани
Изглед
Свети Никола | |
Страничен поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Прва кривогаштанска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°19′22.6″N 21°18′2.2″E / 41.322944°N 21.300611°E |
| Место | Свето Митрани |
| Општина | Крушево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1990-ти |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Свето Митрани, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа над селото, до која води асфалтиран пат. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа над селото,[2] сместена во самиот западен крај на селото.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата во минатото била срушена, но не се знае точната година кога тоа се случило. До 1950-тите години, од црквата се забележувале остатоци од ѕидовите.[2]
Изградбата на новата црква започнала во 1990-тите години врз темелите на старата црква, чии остатоци се видливи во дворното место.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Споредниот влез
- Црковните порти
- Апсидата
- Задниот дел
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Главниот влез
- Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 „Црква „Свети Никола", село Свето Митрани“. Old Prilep. 1 март 2012. Посетено на 24 декември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Свето Митрани на Ризницата ?


