Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани
Воведение на Пресвета Богородица
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прва кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′7″N 21°19′45″E / 41.33528° СГШ; 21.32917° ИГДКоординати: 41°20′7″N 21°19′45″E / 41.33528° СГШ; 21.32917° ИГД |
Место | Кривогаштани |
Општина | Кривогаштани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Завршено | 1990 |
Осветување | 1996 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Воведение на Пресвета Богородица — селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена во селото Кривогаштани, на патот за селото Пресил. Во близина на црквата се наоѓаат остатоци на стари гробови.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Црквата била подигната во 1990 година врз темели на стара црква,[3] како што има потврдено за старото црквиште и Јован Трифуноски во своите истражувања на селото во 1952 година.[2] Во внатрешноста на црквата, старата црква е обележана со темни керамички плочки. Црквата била осветена во 1996 година од страна на митрополитите Петар Преспанско-пелагониски и Стефан Брегалнички.[3]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Црквата има еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.[3]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Црква „Света Богородица – Пречиста", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-15. Посетено на 2022-01-06.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани на Ризницата ?