Црква „Св. Илија“ - Сулдурци
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Радовишко |
| Парохија | Ораовичко-воиславска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°34′56.6″N 22°29′08.9″E / 41.582389°N 22.485806°E |
| Место | Сулдурци |
| Општина | Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | 2004 |
| Завршено | 2010 |
| Осветување | 2010 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била осветена на 14 ноември 2010 година со света божествена литургија со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има полукружна ниша со фреска на којашто е насликан Свети Илија. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезарија, бунар и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна железна конструкција покриена со пирамидален кров. Сместена е нпосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на дворот на црквата
- Поглед на црквата
- Црквата со патот
- Влезот
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Трпезаријата
- Бунарот
- Поглед на црквата со сретселото
- Натписната плоча
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветена црква во с.Сулдурци“. Штип: МПЦ-ОА Брегалничка епархија. 14 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 2016-10-05. Посетено на 15 април 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Сулдурци на Ризницата ?


