Википедија:На денешен ден/Архива/Септември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е вторник, 29 мај 2012; часот е 00:36 (UTC)

Шаблон:Септември 2012 Извор

[уреди] 1 септември

Настани

1752  Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија.
1804  Јуно, еден од најголемите астероиди во главниот појас, бил откриен од страна на германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг.
1897  Се отвара подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка.
1905  Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација.
1939  Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората Светска војна.
1985  Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник.
1992  Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
2004  Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија.


Родени

1453  Гонзало Фернандез де Кордоба, шпански генерал
1566  Едвард Алејн, англиски актер
1588  Анри II, Принц од Конде, француски благородник
1653  Јохан Пахелбел, германски композитор
1795  Џејмс Гордон Бенет, американски издавач на весник
1854  Енгелберт Хумпердинк, германски композитор
1856  Сергеј Виноградски, руски научник
1858  Трајко Китанчев, македонски општественик, литерат, револуционер, просветен работник
1863  Александар Танев, генерал во бугарската армија
1888  Андрија Штампар, хрватски физичар
1896  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада, индиски хиндуистички теолог.
1898  Димитар Талев, македонски и бугарски писател.
1899  Герман Дамовски, комунистички деец.
1906  Франц Библ, германски композитор
1920  Ричард Фарнсворт, американски глумец
1929  Ане Рамси, американска актерка
1939  Лили Томлин, американска актерка и комедијантка
1940  Гордана Михаилова Бошнакоска, македонски поет, раскажувач и есеист.
1942  Ц. J. Шери, американски писател
1945  Харис Силајџиќ, босански политичар.
1948  Љубомир Цуцуловски, македонски философ.
1950  Филип Фулмер, рагби тренер
1950  Михаил Фрадков, руски политичар и поранешен Премиер на Русија
1958  Сергеј Гармаш, руски и советски актер.
1959  Кени Мајн, американски спортски новинар.
1962  Рууд Гулит, холандски фудбалер.
1970  Вана, хрватски пејач
1980  Крис Ригот, англиски фудбалер.
1983  Хозе Антонио Рејес, шпански фудбалер.
1983  Кирил Терзиев, бугарски борач.
1986  Гаел Монфис, француски тенисер.
1989  Бил Каулиц, позната германска поп-рок ѕвезда.
1989  Том Каулиц, позната германска поп-рок ѕвезда.
1994  Бијанка Рајан, американска пејачка.


Починале

1159  Адријан IV, римски папа.
1557  Жак Картие, француски морепловец.
1648  Марин Мерсене, француски математичар
1687  Хенри Мор, англиски философ
1715  Луј XIV, француски крал.
1957  Денис Брајан, англиски музичар.
1970  Франсоа Шарл Моријак, француски писател.
1985  Стефан Белоф, германски тркач со коли.
1988  Луис Алварез, американски физичар, добитник на Нобелова награда.
1994  Борис Маленко, професионален американски борач.
2003  Сер Тери Фрост, британски актер.
2006  Нели Конали, жена на тексашкиот гувернер Џон Конали.


[уреди] 2 септември

Настани

31 п.н.е.  Последната граѓанска војна во Рим: во битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра.
1666  Избувнува Големиот пожар во Лондон и гори три дена, уништувајќи 10 000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле.
1752  Обединетото Кралство го воведува Грегоријанскиот календар, скоро два века подоцна од западна Европа.
1807  Британската морнарица го бомбардира Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да ја спречи Данска од предавање на флотата на Наполеон Бонапарт.
1944  Ослободен е Демир Хисар.
1944  Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, што ја одржа во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донесе одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одигра мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
1945  Борбата во Втората Светска Војна завршува во тихоокеанското борилиште: Конечното предавање на Јапонија е прифатено на борбениот брод „Мисури“ во пристаништето на Токио.
1991  Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.


Родени

1548  Винченцо Скамоци, истакнат италијански ренесансен архитект.
1675  Вилијам Сомервил, англиски поет.
1853  Вилхелм Оствалд, германски хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1862  Фрањо Крежма, хрватски виолинист.
1901  Андреас Ембиркос, грчки поет-надреалист.
1913  Израел Гелфанд, руски математичар.
1933  Виктор Спинети, велшки актер.
1935  Валентин Гафт, руски актер.
1943  Џо Сajмон, американски пејач.
1946  Били Престон, американски музичар.
1957  Тони Алва, американски скејтер.
1958  Сергеј Главјук, руски поет.
1960  Рекс Худлер, безбол играч.
1963  Жанета Вангели, македонска сликарка.
1964  Кијану Ривс, американско-канадски актер.
1973  Џејсон Блејк, американски хокеј играч.
1980  Хироки Јошимото, јапонски автотркач
1982  Бергузар Корел, турска актерка.
1989  Алешандре Пато, бразилски фудбалер.


Починале

1680  Пер Брахе, шведски војник и државник
1688  Роберт Винер, Градоначалник на Лондон
1834  Томас Телфорд, шкотски цивилен инжинер
1865  Вилијам Рован Хамилтон, ирски математичар
1889  Захариј Стојанов, бугарски револуционер.
1910  Хенри Русо, француски сликар
1921  Хенри Остин Добсон, англиски поет
1934  Џејмс Алан, играч во унијата за рагби во Нов Зеланд
1941  Коле Неделковски, македонски поет
1964  Алвин Јорк, американски војник
1973  Џ.Р.Р. Толкин, британски писател
1984  Манос Катракис, грчки актер
1997  Рудолф Бинг, австриски менаџер на опера
2002  Дик Рејнолдс, австралијански фудбалер и тренер
2005  Боб Денвер, американски актер
2006  Вили Нинџа, танцувач и кореографер


[уреди] 3 септември

Настани

590  Григур I станува папа.
1650  Трета Англиска Граѓанска војна: Битка кај Данбар
1651  Трета Англиска Граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната.
1783  Американска Револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија.
1855  Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца.
1892  Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон.
1901  Четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка.
1939  Започнува Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска.
1943  Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1971  Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
1976  Викинг програм: Викинг 2 вселенското летало слетува кај Утопија Планитија на Марс.
1995  Основана е фирмата eBay.
1997  Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.


Родени

1568  Адриано Банчиери, италијански композитор.
1693  Чарлс Редклиф, британски политичар.
1851  Олга Константиновна, руска кнегиња.
1856  Луис Суливан, американски архитект.
1869  Фриц Прегл, словенски хемичар, добитник на Нобелова Награда.
1875  Фердинанд Порше, австриски автомобилски инжинер.
1897  Сали Бенсон, американски писател.
1900  Ристо Крле, македонски драмски писател.
1913  Алан Лад, американски актер.
1921  Христијан Тодоровски - Карпош, македонски народен херој.
1925  Манол Пандевски, македонски историчар и академик.
1931  Дик Мота, американски кошаркарски тренер.
1931  Радован П. Цветковски, македонски писател.
1939  Перо Миленковски, македонски писател за деца.
1945  Виолета Аларова, градоначалник на Општина Центар =.
1949  Хозе Пекерман, аргентински фудбалски менаџер.
1965  Чарли Шин, американски актер.
1969  Доминик Вест, британски актер.
1976  Ешли Џонс, американска актерка.
1977  Олоф Мелберг, шведски фудбалер.
1980  Б.Г., американски рапер.
1981  Ѓорѓи Крстевски, македонски пејач.
1983  Ники Хант, англиски фудбалер.
1986  Шон Вајт, американски сноубордер.
1986  Наталија Лобова, руска кануистка.


Починале

1658  Оливер Кромвел, лорд-протектор на Англија.
1662  Вилијам Лентал, англиски политичар.
1766  Арчибалд Боуер, шкотски историчар.
1860  Алексеј Комјаков, руски поет.
1866  Константин Флавитски, руски поет.
1883  Иван Тургенев, руски автор.
1970  Винс Ломбарди, американски фудбалски тренер.
1987  Мортон Фелдман, американски композитор.
1987  Азиз Кељменди, војник на ЈНА.
1993  Јован Ивањин, македонски поет.
1996  Ог Мандино, американски писател.
2001  Полин Каел, американски филмски критичар.


[уреди] 4 септември

Настани

476  Пад на римската империја.
1837  Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрираше работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 година веќе беше воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји.
1886  Индјански војни: По скоро 30 години борба, водачот на Апачите Џеронимо се предава со неговите останати војници на генералот Нелсон Мајлс во Аризона.
1939  Втора Светска војна: Јапонија прогласува неутралност во Европската војна.
1940  За прв пат во Втората Светска војна, Германска подморница напаѓа брод од САД (УСС Гир) без разлика на неутралноста на САД и предизвикувајќи тензиите да се зголемат.
1944  Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа.
1951  Првото трансконтинентално телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската Мировна Конференција.
1971  Боениг 727 од летот 1866 од Аљаска Ерлајнс паѓа блицу Џино, Аљаска, убивајќи 111 луѓе.
1995  Четвртата светска женска конференција се отвора во Пекинг со присуство на над 4,500 делегати од 181 земја.
1996  Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8.09.1996 година.


Родени

1241  Александар III од Шкотска
1383  Гроф Амадеус VIII од Савоја
1702  Легал де Кермур, француски шахист.
1717  Џоб Ортон, англиски министер
1824  Антон Брукнер, австриски композитор
1832  Антонио Аглиарди, аталијански дипломат
1851  Џон Дилон, ирски националист
1895  Нигел Брус, англиски актер
1913  Кензо Танге, јапонски архитект
1917  Хенри Форд II, автомобилски идустријалист
1945  Дени Гатон, американски музичар
1957  Патрициа Талман, амерканска актерка
1961  Кевин Кенеди, англиски актер
1972  Вања Изова Велева, македонски поет
1973  Џејсон Дејвид Франк, амеркански актер
1980  Луси Силвас, англиска музичарка


Починале

1907  Едвард Грег, норвешки композитор
1944  Методија Шаторов - Шарло, македонски комунист
1963  Жорж Брак, француски сликар
1965  Алберт Швајцер, француски хуманист, лекар, философ и музичар
1986  Валтер Вандерли, бразилски органист и пијанист во правците боса нова и лаунџ.
1989  Жорж Симеон, белгиски писател
1991  Димитар Стојанов - Мире, еден од основоположниците на архивската служба во Македонија.
1997  Ханс Ајзенк, германско-англиски психолог
1997  Алдо Роси, италијански архитект
2006  Стив Ирвин, австралијански природонаучник и телевизиски водтел


[уреди] 5 септември

Настани

1600  Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1774  Првиот Континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија.
1800  Малта е освоена од Велика Британија.
1914  Прва Светска Војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и порзауваат Германски сили кои напредуваат на главниот град.
1939  Втора Светска Војна: САД прогласува неутралност во војната.
1948  Роберт Шуман стаува премиер на Франција.
1977  Програм Војаџер: Војаџер 1 лансиран по мало задоцнување.
1992  Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на 29 годишна возраст.


Родени

1187  Луј VIII, крал на Франција.
1638  Луј XIV, крал на Франција и Навара.
1568  Томазо Кампанела, италијански философ
1585  Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII.
1750  Роберт Фергусон, шкотски поет
1847  Џеси Џејмс, американски отпадник
1881  Ото Бауер, австриски социјалдемоктратски политичар
1919  Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник и истакнат писател
1929  Андријан Николаев, космонаут од Советскиот Сојуз
1946  Фреди Меркјури, британски музичар
1947  Бади Мајлс, американски музичар
1959  Рефет Елмази, македонски политичар
1963  Кристиан Алфонсо, американска актерка
1973  Роуз Мекгауан, актерка од италијанско потекло
1981  Дру Картер, американски рагби играч
1984  Руслан Нахушев, руски фудбалер.


Починале

1566  Сулејман Величенствениот, отомански султан
1629  Доменико Алегри, италијански композитор
1808  Џон Хоум, шкотски писател
1906  Лудвиг Болцман, австриски физичар
1920  Роберт Харон, американски актер
1926  Карл Харер, германски новинар
1961  Алексо Демниевски - Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна и во НОВ на Македонија
1988  Петар Ширилов, раскажувач, романсиер и литературен критичар
1990  Ванчо Михајлов, раководител на ВМРО
1997  Мајка Тереза, добитничка на Нобеловата награда за мир


[уреди] 6 септември

Настани

1522  Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано.
1776  Ураган го погодува Гвадалупе, убивајќи повеќе од 6000 луѓе.
1885  Источна Румелија е присоединета кон Бугарија.
1901  Во Бафало, САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1939  Втора Светска војна: Јужна Африка ѝ објавува војна на Германија.
1944  Ослободено е Кратово.
1944  Царската влада на Бугарија ѝ објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962  Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.
1974  Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975  Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе.
1976  Студена Војна: пилотот од воздухопловството на Советскиот Сојуз Виктор Беленко слетува со МиГ-25 воен авион кај Хакодате на островот Хокаидо во Јапонија и бара политички азил во САД.
2000  Одржан е Милениумскиот самит.


Родени

1620  Изабела Леонарда, италијански композитор
1666  Иван V (Русија), цар на Русија
1766  Џон Далтон, британски хемичар и физичар
1829  Марие Закревска, полски физичар
1869  Феликс Салтен, австриски автор
1898  Џорџ Гершвин, американски композитор и музичар
1904  Макс Розенблум, американски боксер
1923  Петар II Караѓорѓевиќ, српски престолонаследник
1928  Роберт М. Пирсиг, американски автор
1956  Бил Ритер, американски политичар
1965  Џон Полсон, австралијански актер и филмски режисер
1975  Дерек Ли, американски безбол играч
1978  Димитри Соле Љубин, македонски писател
1980  Џозеф Јобо, нигериски фудбалер
1986  Равен Рајли, американска порно актерка
1986  Александар Грим, германски слалом-кајакар
1987  Кристос Цакмакис, грчки слалом кајакар


Починале

972  Папа Јован XIII, римски папа
1625  Томас Демпстер, шкотски историчар
1783  Бертинаци, италијански актер и писател
1950  Олаф Стапледон, британски писател и филозоф
1984  Ернест Туб, американски пејач
1994  Ники Хопкинс, британски музичар
2000  Ѓорѓе Мартиновиќ
2003  Хари Гоз, американски актер
2007  Лучијано Павароти, италијански тенор


[уреди] 7 септември

Настани

70  Римската армија под водство на генерал Тит го окупира и уништва Ерусалим.
1764  Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска.
1822  Бразил прогласува независност од Португалија.
1901  Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи.
1940  Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“.
1992  Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
1993  Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.
1997  Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 „Мекдоналдс“ ресторани).


Родени

1533  Кралица Елизабета I од Англија.
1615  Колонел Џон Бирч, англиски војник.
1726  Франсоа-Андре Даникан Филидор, француски шахист.
1816  Фердинанд Ритер вон Хебра, австриски физичар.
1829  Август Кекуле, германски хемичар.
1842  Јоханес Цукерторт, германски шаховски мајстор.
1866  Тристан Бернард, француски писател.
1908  Пол Браун, американски рагби тренер.
1911  Тодор Живков, бугарски комунистички лидер.
1936  Брајан Харт, британски инжинер.
1947  Авни Енѓулу, македонски поет.
1948  Ленче Милошевска, македонски поет.
1951  Морис Алберт, бразилски пејач.
1955  Ефим Зелманов, руски математичар.
1955  Мира Фурлан, хрватска глумица.
1960  Игор Сечин, вицепремиер на Русија.
1980  Емре, турски фудбалер.
1984  Вера Звонарева, руска тенисерка.


Починале

1151  Џефри Плантагенет, гроф на Анжу.
1362  Јована, кралица на Шкотска.
1719  Џон Харис, англиски писател.
1881  Сидни Ланиер, американски писател.
1907  Сили Придом, француски книжевник.
1910  Кјока Изуми, јапонски романсиер.
1932  Аргир Манасиев, македонски револуционер.
1939  Вилијам Холман Хант, англиски предрафаелитски сликар.
1962  Исак Динсен, дански автор.
1994  Теренс Јанг, британски режисер.
2003  Варен Зевон, американски музичар.
2005  Хоуп Гарбер, канадска актерка.
2011  Виталиј Аникенко, руски хокејар.
2011  Михаил Баландин, руски хокејар.
2011  Александaр Васјонов, руски хокејар.
2011  Јозеф Вашичек, чешки хокејар.
2011  Александар Вјухин, руски хокејар.
2011  Павол Демитра, руски хокејар.
2011  Роберт Дитрих, германски хокејар.
2011  Марат Калимулин, руски хокејар.
2011  Александр Калјанин, руски хокејар.
2011  Андреј Кирјухин, руски хокејар.
2011  Никита Клјукин, руски хокејар.
2011  Стефан Лив, шведски хокејар.
2011  Јан Марек, чешки хокејар.
2011  Сергеј Остапчук, руски хокејар.
2011  Карел Рахунек, чешки хокејар.
2011  Руслан Салеј, белоруски хокејар.
2011  Карлис Скрастинш, латвиски хокејар.
2011  Павел Снурницин, руски хокејар.
2011  Даниил Собченко, руски хокејар.
2011  Иван Ткаченко, руски хокејар.
2011  Павел Траханов, руски хокејар.
2011  Јуриј Уричев, руски хокејар.
2011  Генадиј Чурилов, руски хокејар.
2011  Максим Шувалов, руски хокејар.
2011  Артјем Јрчук, руски хокејар.


[уреди] 8 септември

Настани

1331  Стефан Душан се прогласува за крал на Србија.
1831  Вилијам IV е крунисан за крал на Велика Британија.
1940  На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
1941  Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник.
1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер го објавува примирјето на сојузниците со Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им наредува на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.
1943  Ослободен е Дебар.
1944  Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1966  Беше емитувана „Човечка стапица“, првата епизода од научно-фантастичната телевизиска серија Ѕвездени патеки.
1991  Ден на независноста на Македонија.
1992  Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.


Родени

1474  Лудовико Ариосто, италијански поет.
1779  Мустафа IV, отомански султан.
1804  Едуард Морике, германски поет.
1841  Антонин Дворжак, чешки композитор.
1880  Јордан Тренков, македонски револуционер.
1881  Хари Хилман, американски атлетичар.
1914  Димитриј Константинополски, патријарх на Константинопол.
1915  Франк Кади, американски актер.
1937  Вирна Лиси, италијанска актерка.
1946  Александар Авдеев, Министер за култура на Русија.
1962  Кристофер Клим, американски новелист.
1972  Маркус Бабел, германски фудбалер.
1979  Пинк, американска пејачка.
1980  Ирена Јорданова, македонска писателка.
1981  Џо Кол, англиски фудбалер.
1983  Џинг Јинг, кинески кану-спринтер.
1983  Питер Каузер, словенски кајакар.
1986  Кирил Набабкин, руски фудбалер.
1989  Табаре Виудез, уругвајски фудбалер.


Починале

701  Папа Сергиј I, римски папа.
1397  Томас, Прв војвода од Глостер.
780  Лав IV Хазар, византиски император.
1613  Карло Џезуалдо, италијански композитор.
1645  Џон Коук, англиски политичар.
1945  Атанас Стојаноски, борец во НОВ.
1949  Рихард Штраус, германски композитор и диригент.
1977  Зеро Мостел, американски актер.
1979  Видое Смилевски - Бато, македонски народен херој.
1981  Хидеки Јукава, јапонски физичар, добитник на Нобелова награда.
2004  Франк Томас, американски аниматор.
2006  Ерк Русел, рагби тренер.


[уреди] 9 септември

Настани

1499  Бродот São Gabriel на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки.
1776  Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1850  Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД.
1924  Се случува Ханапепе Масакрот на Кауаи, Хаваи
1943  Втора Светска Војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија.
1947  Првиот познат случај на компјутерска бубачка: молец се населил во релеј од компјутерот на универзитетот Харвард.
1956  Елвис Присли се појавува на Ед Суливан Шоуто за прв пат.
1959  Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ла Манш.
1969  Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ла Манш за време од 13 часа и 20 минути.
1991  Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз.
1994  Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.


Родени

1585  Арман Жан ди Плеси де Ришелје, француски државник и кардинал.
1737  Луиџи Галвани, италијански физичар
1828  Лав Толстој, руски новелист
1887  Алф Ландон, американски политичар
1890  Курт Левин, германски психолог.
1894  Артур Фред, американски песмописец и филмски продуцент
1900  Џејмс Хилтон, англиски новелист
1911  Џон Гортон, австралијански политичар
1913  Ричард Никсон, претседател на САД.
1925  Клиф Робертсон, американски актер
1932  Силвија Мајлс, американска актерка
1941  Петер Бонети, англиски фудбалер
1947  Благоја Чоревски, македонски актер.
1949  Наде Проева, македонска историчарка.
1960  Хју Грант, англиски актер
1967  Ана Мале, американска порно ѕвезда
1972  Горан Вишниќ, хрватски актер
1980  Мишел Вилијамс, американска актерка
1984  Никола Стојчевски, македонски ракометар


Починале

1087  Вилијам I, крал на Англија.
1569  Питер Бројгел Постариот, холандски ренесансен сликар
1891  Џулс Греви, претседател на Франција
1901  Анри де Тулуз-Лотрек, француски сликар
1932  Стојан Заимов, бугарски револуционер
1934  Васил Пасков, македонски револуционер
1942  Кочо Чолаковски, македонски партизан
1976  Мао Це Тунг, лидер на Кина
1978  Џек Варнер, канадски основач на филмско студио
1901  Жак Лакан, француски психоаналитичар и психијатар
1984  Јилмаз Гинеј, турски синеаст и писател
1994  Патрик О’Нил, американски актер
2006  Жерард Брах, француски сценарист
2010  Бент Ларсен, дански шаховски велемајстор


[уреди] 10 септември

Настани

1608  Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија.
1823  Симон Боливар е избран за Претседател на Перу.
1939  Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна.
1944  Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоналистичкото движење ја формира првата влада на новата Четврта република.
1963  20 Афро-Американски студенти влегуваат во јавните училишта во Алабама.
1991  Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.
1993  Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).
1994  Во селото Арачиново, скопско е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.


Родени

1487  Папа Јулиј III, римски папа.
1588  Николас Ланиер, англиски композитор.
1659  Хенри Персел, англиски барокен композитор.
1786  Николас Браво, мексикански политичар и војник.
1839  Чарлс Парс, американски философ.
1905  Алексо Демниевски - Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна.
1929  Арнолд Палмер, американски голфер.
1933  Јевгени Крунов, космонауот од Советскиот Сојуз.
1933  Карл Лагерфелд, германски моден креатор.
1941  Стивен Џеј Гулд, американски палеонтолог.
1947  Иван Василевски, македонски поет.
1948  Георги Пирински, бугарски политичар.
1949  Мирослав Спироски, македонски новинар.
1958  Крис Колумбус, американски филмски режисер.
1959  Петер Нелсон, американски актер.
1974  Мирко Филиповиќ, хрватски боксер.
1974  Евгениј Чичваркин, руски бизнисмен.
1975  Виктор Кашаи, унгарски фудбалски судија.
1977  Сашо Алексовски, македонски фудбалер.


Починале

1167  Матилда, кралица на Англија
1759  Фердинанд Коншчак, хрватски истражувач
1867  Симон Сечтер, австриски композитор
1931  Дмитри Егоров, руски математичар
1937  Сергеј Третјаков, руски писател
1944  Данаил Крапчев, македонски револуционер
1948  Крал Фердинанд I на Бугарија
1979  Агостињо Нето, анголски политичар
1988  Александар Гаревски, македонски градежен инженер
1989  Јордан Ѓорѓевски, македонски агроном
1999  Алфредо Краус, шпански тенор
2004  Брок Адамс, американски политичар


[уреди] 11 септември

Настани

1683  Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада.
1941  Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната хемисфера. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур.
1944  Сојузничките сили го завзеле Луксембург и се пробиле на германска територија.
1944  Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944  Ослободен бил Ресен од фашистичкиот окупатор.
1973  Во заговор во Чиле предводен од Аугусто Пиноче убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура.
1996  Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997  Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2001  Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен.
2003  Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло.


Родени

1524  Пјер Ронсар, француски писател.
1913  Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“), полски комунист.
1914  Павле, српски патријарх.
1919  Ота Шик, чешки економист и политичар.
1939  Сократ Лафазановски, македонски сликар и балетски уметник.
1945  Франц Бекенбауер, германски фудбалер.
1965  Моби, американски музичар.
1978  Дејан Станковиќ, српски фудбалер.
1979  Бујар Османи, министер за здраство на Македонија.
1980  Александар Корнев, руски одбојкар.
1992  Марија Габриела де Фарија, венецуелска актерка и пејачка.


Починале

1733  Франсоа Купрен, француски композитор.
1794  Свети Атанасиј Радовишки, македонски светец.
1823  Давид Рикардо, англиски економист.
1971  Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник.
1973  Салвадор Аљенде, претседател на Чиле.
2003  Ана Линд, шведски министер за надворешни работи.
2009  Јоргос Папуљас, грчки министер за надворешни работи.


[уреди] 12 септември

Настани 12 септември (настани)

Родени

1494  Франсоа I, француски крал.
1897  Ирен Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири.
1913  Џеси Овенс, американски атлетичар.
1921  Станислав Лем, полски писател.
1927  Грејс Кели, принцеза на Монако.
1944  Бери Вајт, американски текстописец.
1951  Берти Ахерн, ирски политичар.
1962  Дино Мерлин, босански пејач.
1973  Пол Вокер, американски актер.
1980  Јао Минг, кинески кошаркар.
1983  Карли Смитсон, ирска пејачка.
1986  Еми Росум, американски филмски актер.


Починале

1362  Папа Инокентие VI, римски папа.
1612  Василиј IV, руски цар.
1874  Франсоа Гизо, француски политичар и историчар.
1912  Стамат Икономов, бугарски офицер.
1924  Георги Атанасов, бугарски офицер.
1942  Стив Наумов народен херој на Македонија.
1942  Мите Богоевски народен херој на Македонија.
1981  Еуџенио Монтале, Италијански поет, најпознат претставник на Италијанскиот херметизам.
1986  Драгутин Аврамовски - Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар.
1986  Жак-Анри Лартиг - француски фотограф
1996  Тома Прошев, македонски композитор.
2003  Џони Кеш, американски пејач.


[уреди] 13 септември

Настани

1924  Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење
1924  Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен Штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација
1995  Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи.
1995  Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина.


Родени

1874  Арнолд Шенберг, аврстиски композитор.
1941  Ахмед Сезер, претседател на Турција.
1949  Павлина Климкар - Меанџиева, македонски поет.
1976  Ивица Антески, македонски поет.
1987  Цветана Пиронкова, бугарска тенисерка.


Починале

1336  Јован, Ерл од Корнвол.
1409  Изабела Валоа, кралица на Англија.
1592  Мишел де Монтењ, француски писател.
1598  Филип II, шпански крал.
1872  Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ.
1924  Димо Хаџи Димов, македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица.
1924  Владислав Ковачев, македонски револуционер.
1989  Стерјо Спасе, македонски писател од Албанија.
1993  Јон Исаја, македонски артист.


[уреди] 14 септември

Настани

1847  По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупирале Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската Влада била принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс.


Родени

1486  Хајнрих Корнелиус Агрипа, германски писател.
1847  Димитар Греков, бугарски премиер.
1849  Иван Петрович Павлов, руски научник.
1928  Алберто Корда, кубански фотограф.
1935  Олга Милосавлева, македонска балерина.
1942  Боро Пејчинов, македонски карикатурист.
1956  Костас Караманлис, грчки политичар.
1959  Трајче Кацаров, македонски поет.
1962  Нихат Ергун, турски политичар.
1965  Димитриј Медведев, Претседател на Русија.
1983  Ејми Вајнхаус, англиска пејачка и текстописец.
1983  Филип Миркуловски, македонски ракометар.


Починале

775  Константин V Копроним, византиски император.
891  Папа Стефан V, римски папа.
1435  Јован, Прв војвода од Бедфорд.
1495  Елизабет Тјудор, ќерка на Хенри VII.
1523  Папа Адријан VI, римски папа.
1901  Вилијам Мекинли Џуниор, претседател на САД.
1906  Армен Купциос, член на Елиномакедонскиот комитет.
1924  Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист.
1942  Борка Велески, Народен херој на Југославија.
1976  Павле Караѓорѓевиќ, син на кнезот Арсен Караѓорѓевиќ.
1977  Леополд Стоковски, американски диригент.
1982  Грејс Кели, принцеза на Монако
1996  Пеце Атанасоски, македонски инструменталист.
1996  Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор.
2009  Ристо Давчевски, македонски поет.
2009  Патрик Свејзи, американски актер.


[уреди] 15 септември

Настани

1786  Италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена - галванска.
1812  Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва.
1821  Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност.
1822  Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата.
1830  Отворањето на железничката линија ЛиверпулМанчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон.
1835  Бродот Бигл со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос.
1916  Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во битката кај Сома во Франција.
1993  Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
1995  Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје.
2002  Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски.


Родени

1254  Марко Поло, венецијански трговец.
1878  Јон Драгумис, грчки дипломат.
1890  Агата Кристи, британска писателка.
1894  Жан Реноар, француски филмски режисер.
1913  Ристо Кордалов, македонски револуционер.
1925  Кирил Лавров, советски и руски филмски актер.
1937  Роберт Лукас, американски економист.
1941  Јуриј Норштејн, руски аниматор.
1941  Виктор Зубков, руски премиер.
1959  Драги Митревски, македонски археолог.
1978  Ненад Трповски, македонски кајакар.


Починале

668  Констанс II Ираклиј, византиски император.
885  Папа Адријан III, римски папа.
1852  Артур Велсли Велингтон, британски маршал.
1896  Димитар Матов, македонски фолклорист.
1936  Александрос Зајмис, премиер на Грција.


[уреди] 16 септември

Настани

1810  Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигуел Идалго и Хозе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од шпанските колонизатори. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година.
1941  Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.
1959  Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на Алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување.
2010  НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Република Македонија.


Родени

1846  Ана Кингсфорд, англиска медицинска сестра.
1885  Карен Хорнај, германски психолог.
1891  Карл Дениц, последниот канцелар на нацистичка Германија.
1923  Ли Куан Ју, сингапурски државник.
1925  Би Би Кинг, американски блуз гитарист.
1943  Петар Ангеловски, македонски биолог.
1948  Санде Стојчевски, македонски поет.
1950  Мехмет Али Шахин, Претседател на Собранието на Турција.
1952  Фатос Нано, албански политичар.
1988  Димитрис Сиовас, грчки фудбалер.
1989  Роберт Пен Ворен, американски поет.


Починале

827  Папа Валентин, римски папа.
1087  Папа Виктор III, римски папа.
1380  Шарл V Мудриот, крал на Франција.
1824  Луј XVIII, крал на Франција.
1840  Паул Рудолф фон Билгер, германски шахист.
1932  Александар Танев, генерал во бугарската армија
1977  Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран од грчко потекло.
1980  Драган Ташковски, истакнат македонски историчар и публицист.
1989  Роберт Пен Ворен, американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда.


[уреди] 17 септември

Настани

1685  Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе.
1939  Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943  Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1978  Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел.
1996  Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.


Родени

1922  Агостињо Нето, анголски политичар.
1552  Папа Павле V, римски папа.
1956  Владимир Димов, македонски политичар.
1968  Анастасија, американска пејачка.
1975  Џими Кенет Џонсон, американски автомобилски тркач.
1977  Ролан Гусев, руски фудбалер.
1985  Томаш Бердих, чешки тенисер.
1986  Фенг Лиминг, кинески кајакар.


Починале

1665  Филип IV, шпански крал.
1924  Чудомир Кантарџиев, бугарски револуционер.
1961  Даг Хамаршелд, генерален секретар на ООН.
1985  Џулијан Бек, американски режисер.


[уреди] 18 септември

Настани

1820  Францускиот математичар и физичар Андре-Мари Ампер ја објавил теоријата за електромагнетното поле.
1851  Во Њујорк, излезегол првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот.
1931  Откако го предизвикале инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнале нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупирале оваа азиска област. Окупацијата траела се до 1945 година кога советските трупи ги протерале Јапонците.
1944  Германските единици повлекувајќи се од Грција упаднале во Струмица, но не успеале да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.
1962  Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе.
1973  Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските острови.


Родени

1535  Хенри Брендон, втор војвода од Суфолк.
1765  Папа Григур XVI, римски папа.
1849  Леон Фуко, француски физичар.
1912  Густав Влахов, македонски револуционер.
1938  Бошко Смаќоски, македонски поет.
1978  Миле Јанакиески, министер за транспорт на Македонија.
1988  Фатљум Жута, македонски боксер.


Починале

1180  Луј VII Младиот, француски крал.
1535  Хајнрих Корнелиус Агрипа, германски писател.
1753  Христофор Жефаровиќ, уметник и сликар од Македонија.
1783  Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар.
1996  Ристо Ничевски, македонски шахист.
1996  Даг Хамаршелд, шведски дипломат.


[уреди] 19 септември

Настани

1985  Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари.
1992  Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
1996  Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.


Родени

1551  Анри III, француски крал.
1911  Вилијам Голдинг, англиски писател.
1949  Лесли Хорнбај, aнглиски модел.
1958  Лита Форд, американска рок пејачка.
1966  Андреј Луговој, руски политичар и бизнисмен.
1968  Лила Даунс, мексиканска пејачка .
1970  Игор Исаковски, македонски поет.
1972  Ашот Наданјан, ерменски шахист.


Починале

1881  Џејмс Гарфилд, претседател на САД.
1929  Георги Баждаров, македонски револуционер.
1941  Аце Дорев, македонски револуционер.
1942  Рампо Левков - Левката, македонски борец и народен херој.
1944  Ѓоце Стојчевски - Амбарче, македонски борец и народен херој.
1944  Тодор Циповски - Мерџан, македонски борец и народен херој.
1985  Итало Калвино, италијански писател.


[уреди] 20 септември

Настани

331 п.н.е.  На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1519  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1950  Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.
1963  Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината.


Родени


1878  Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот.


Починале

2006  Свен Никвист, шведски кинематограф.


[уреди] 21 септември

Настани

1529  Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.


Родени

1411  Ричард, Трет војвода од Јорк.
1815  Паул Рудолф фон Билгер, германски шахист.
1842  Абдул Хамид II, отомански султан.
1844  Светомир Николаевиќ, српски пистаел.
1866  Херберт Џорџ Велс, англиски писател.
1927  Христо Андонов Полјански, македонски историчар.
1931  Воислав Костиќ, српски композитор.
1934  Леонард Норман Коен, канадски автор.
1936  Јуриј Лужков, руски политичар.
1947  Стивен Кинг, американски писател.
1948  Кирил Кангов, македонски поет.
1954  Шинзо Абе, јапонски политичар.
1958  Милан Младеновиќ, југословенски рок музичар.


Починале

687  Папа Конон, римски папа.
1327  Едвард II, англиски крал.
1520  Селим I, отомански султан.
1832  Валтер Скот, шкотски поет.
1860  Артур Шопенхауер, германски филозоф.
1891  Александра, принцеза на Грција.
1903  Тодор Христов - Офицерчето, македонски револуционер.
1903  Трпен Марков, македонски револуционер.
1908  Атанас Бадев, македонски композитор.
1973  Лидија Русланова Андреевна, руска пејачка.


[уреди] 22 септември

Настани

1792  Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република.
1862  Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.
1933  Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.
1991  За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
1992  Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.
1992  Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.
1993  Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.


Родени

1515  Ана Клевска, сопруга на Хенри VIII.
1552  Василиј IV, руски цар.
1791  Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар.
1882  Вилхелм Кајтел, германски генерал.
1885  Гунар Асплунд, шведски архитект.
1898  Борис Спиров, македонски лекар и политичар.
1935  Беќир Жута, македонски економист и политичар.
1958  Андреа Бочели, италијански пејач.
1979  Дивна Пешиќ, македонска спортистка.
1984  Тијаго Силва, бразилски фудбалер.


Починале

530  Папа Феликс IV, римски папа.
1774  Папа Климент XIV, римски папа.
1921  Иван Вазов, бугарски поет.
1938  Тодор Станков, македонски револуционер.
1944  Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија.
2009  Коле Чашуле, македонски писател.


[уреди] 23 септември

Настани

1903  Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
2011  Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“.


Родени

1158  Џефри II, гроф од Бретања.
1865  Сузан Валадон, француска сликарка.
1883  Чудомир Кантарџиев, бугарски револуционер.
1885  Иван Илиев Ајдински, македонски револуционер.
1889  Волтер Липман, американски новинар и писател.
1914  Јован Трифуноски, македонски антрополог.
1928  Томе Арсовски, македонски поет.
1949  Брус Спрингстин, американски пејач.
1988  Хуан Мартин дел Потро, аргентински тенисер.


Починале

877  Игнатиј I Константинополски, Патријарх на Константинопол.
1885  Карл Шпицвег, германски сликар.
1923  Георги Казепов, македонски револуционер.
1939  Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата.
1968  Свети Пио, католички свештеник.
1973  Пабло Неруда, чилеански писател.
1984  Владо Малески, македонски револуционер.


[уреди] 24 септември

Настани

1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под доминација на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон Седми.
1908  Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.
1941  Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1993  Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство како 195-ти член.


Родени


1949  Педро Алмодовар, шпански режисер и сценарист.
1981  Игор Крајчев, македонски писател и поет.
1982  Стеф Клемент, холандски велосипедист.


Починале

1835  Винченцо Белини, Италијански оперски композитор.


[уреди] 25 септември

Настани

1940  Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946  Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990  Нелсон Мандела е пуштен на слобода


Родени


1599  Франческо Боромини, италијански архитект
1896  Сандро Пертини, италијански политичар, адвокат и новинар
1897  Вилијам Фокнер, американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1944  Мајкл Даглас, американски актер и филмски продуцент
1961  Хедер Локлир, американска актерка.
1965  Скоти Пипен, американски кошаркар
1968  Вил Смит, американски актер, продуцент и пејач
1969  Кетрин Зета Џонс, британска актерка.
1979  Микеле Скарпони, италијански велосипедист.


Починале

1849  Јохан Штраус.
1943  Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко.
1958  Џон Вотсон, американски психолог
1970  Ерих Марија Ремарк, германски писател, голем противник на војната и на нацизмот.
2003  Едвард Саид, палестинско-американски теоретичар.
2006  Петре М. Андреевски, македонски писател.


[уреди] 26 септември

Настани

1371  Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Угљеша Мрњавчевиќи, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на прилепското кралство и турски вазал.
1604  По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигуел де Сервантес.
1960  Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ
1962  Се прокламира арапската Република Јемен
1993  Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
1993  Во селото Довезанце, кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.


Родени

1889  Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистецијализмот во Германија. Извршил големо влијание врз современите философи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се „Битие“, „Кант и проблемот на метафизиката“ и „Што е метафизика“. Умрел во 1976 година.
1898  Џорџ Гершвин, американски композитор, пијанист и музичар
1948  Оливија Њутон-Џон, австралиска актерка и пејачка
1956  Линда Хамилтон, американска актерка
1961  Вил Селф, англиски писател и колумнист


Починале

1371  Јован Углеша, српски крал.
1868  Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента.
1945  Бела Барток, унгарски композитор, пијанист и етномузиколог
1973  Ана Мањани, италијанска актерка
1990  Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели.
2010  Димитар Зози, еден од најголемите македонски актери.


[уреди] 27 септември

Настани

1822  Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1825  Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
1905  Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
1939  По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи.
1940  Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио.
1993  Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994  Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994  Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995  Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.


Родени

1920  Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог
1958  Ирвин Велш, шкотски писател
1972  Гвинет Палтроу, амриканска актерка
1976  Франческо Тоти, италијански фудбалер
1982  Лил Вејн, американски рапер.
1984  Аврил Лавињ, канадска пејачка


Починале


1590  Папата Урбан VII
1917  Едгар Дега, француски сликар и скулптор


[уреди] 28 септември

Настани

1371  Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Угљеша Мрњавчевиќи, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на прилепското кралство и турски вазал.
1604  По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигуел де Сервантес.
1960  Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ
1962  Се прокламира арапската Република Јемен
1993  Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
1993  Во селото Довезанце, кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.


Родени


551 п.н.е.  Конфучиј, прочуен кинески философ († 479 п.н.е.)
58 п.н.е.  Ливија Друсила, сопруга на Римскиот император Октавијан, мајка на императорите Тибериј и Друз († 29)
1571  Микеланџело Мериси да Караваџо, италијански сликар († 1610)
1841  Жорж Клеменсо, француски политичар.
1982  Александар Ањуков, руски фудбалер.


Починале

1891  Херман Мелвил, еден од најголемите американски писатели кој низ симболи и алегорија многу често укажувал на себичноста и комерцијализацијата на општеството. Своите доживувања на морнарите и ловците на китови ги изнел во многу приказни и романи. Најпознато негово дело е романот „Моби Дик“.
1895  Луј Пастер, француски хемичар и биолог. Ја открил вакцината против беснило, утврдил дека ферментацијата е биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната реакција на микроорганизмите.
1960  Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија.
1994  Вангел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство.
2010  Михаил Левенски, познат македонски поет, раскажувач, драмски автор, хуманист, филозоф и невропсихијатар.


[уреди] 29 септември

Настани

1938  Британија, Франција, Нацистичка Германија и Фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941  Почнало Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1991  Во селото Усје, скопско е осветена црквата „Свети Атанасиј“.
1993  Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.


Родени

1758  Хорацио Нелсон, британски адмирал.
1901  Енрико Ферми, италијански физичар.
1904  Николај Алексеевич Островски, руски писател.
1912  Микеланџело Антониони, италијански режисер.
1922  Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар.
1936  Силвио Берлускони, италијански бизнисмен и политичар.
1943  Лех Валенса, поранешен полски претседател
1956  Себастијан Коу, британски атлетичар.
1976  Андриј Шевченко, украински фудбалер.


Починале


1902  Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внел толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“ и „Слом“.
1914  Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликувал со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии.
1930  Илја Репин, руски сликар.


[уреди] 30 септември

Настани

1814  По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864  Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија.
1903  Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Марцштеска реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991  Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993  Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998  Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.


Родени


Починале


1955  Џејмс Дин,американски актер
2001  Џон Лили, американски психолог


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици