Молец

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Молец
Вид на Австралиски молец, Opodiphthera eucalypti
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera

Молецот е инсект сроден со пеперугата, од истиот биолошки ред на опнокрилци (lepidoptera). Разликите меѓу молците и пеперугите се во обликот и составот на антените, поврзувањето на крилата за телото, изгледот на куклата, боите на крилата, но најзначајни особини по кои ги разликуваме се:

  • Времето на активност - молците се главно активни ноќе, и
  • Структурата на телото - молците имаат поздепасто и влакнесто тело и здебелени крилца.


Содржина

[уреди] Економски штети од молецот

Ларвите на домашниот молец (Tineola bisselliella) јадат волна.

Молците, односно нивните гасеници се големи земјоделски штетници во многу делови од светот. Гасениците на циганскиот молец (Lymantria dispar) предизвикуваат големи штети на шумите во северниот дел на САД.

Во Македонија најчести штетници од семејството молци се:

Tие главно ги напаѓаат шумите, и зависно од климатските услови, можат да се рашират и на површини од десетици илјади хектари.[1] ЈП Македонски шуми е задолжено за следење на штетниците и за дезинсекција.

Молците се обично поотпорни на пестицидите од комарците и мувите.

Иако се обвинети дека јадат облека, најголемиот дел од возрасните молци воопшто не јадат. Дури, некои видови немаат ни уста. Кога јадат, молците обично се хранат со нектар. Само ларвите од еден вид молци (Tineola bisselliella) јадат волна.


[уреди] Молецот како домашно животно

Некои молци се одгледуваат, најпознати од овие се свилените буби (Bombyx mori). Тие се одгледуваат заради свилата од која ја формираат куклата (чаурата). Индустријата на свила произведува вкупно околу 130 милиони килограми сирова свила, вредна околу 250 милиони УСД годишно.[2]

Постојат и други молци од кои се добива свилата, на пример неколку видови на Saturniidae, потоа Antheraea pernyi и јапонскиот свилен молец (Antheraea yamamai).


[уреди] Природни непријатели

Ноќните инсектојади често се хранат со молци: некои видови на лилјаци, бувови и птици. Исто така, и некои видови на гуштери, мачки, кучиња, глодачи па дури и мечки е забележано дека јадат молци. Ларвите на молците се исто така жрва на овие предатори, како и на паразити од родот (ichneumonidae).

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици