Паул Рудолф фон Билгер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Паул Рудолф фон Билгер
Bilguer.jpg
Цело име Паул Рудолф фон Билгер
Земја Flag of Germany (3-2 aspect ratio).svg Германска конфедерација
Роден(а) 21 септември 1815
Лудвигслуст, Германска конфедерација
Починал(а) 16 септември 1840
Берлин, Германска конфедерација

Паул Рудолф фон Билгер (германски: Paul Rudolph von Bilguer; 21 септември 1815, Лудвигслуст16 септември 1840, Берлин) бил германски шахист, познат како изумитеол на идејата за создавање на делото, „Handbuch des Schachspiels“, коешто денес се смета за класика на шаховската литература.

Роден е во Лудвигслуст во благородничко семејство. Бил запишан на воената академија во Берлин каде што станал поручник. За време на престојот во Берлин бил член на Берлинската шаховска заедница, а подоцна и еден од „Берлинските плејади“. Како шахист, особено воодушевувал со својата способност да игра шах на слепо. Собирал шаховски материјали, а ја проучувал и теоријата на шаховските отворања. Се разболел од туберкулоза, од што починал на 24-годишна возраст.

Биографија[уреди]

Рудолф фон Билгер се родил во Лудвигслуст во 1815 година, како втор син од петте деца. Неговиот татко, А. Луј фон Билгер, бил мекленбуршки благородник и градоначалник на градот Гистров. Во 1829 година, го завршил коњаничкото училиште на военото училиште во Шверин, покажувајќи особен интерес за математиката. Под притисок на родителите, во 1833 година стапил во офицерска служба во 24. пешадиски одред во Нојрупин, со кој управувало војводството Мекленбург-Шверинг. Од есента 1837, ја посетувал воената академија во Берлин достигнувајќи го чинот поручник. Истата година, се разболел од туберколоза, па во април 1839 година ја откажал службата.

За својата воена кариера, Рудолф фон Билгер бил помалку засегнат отколку што бил за неговите главни интереси: шахот и литературата. Поради неговата кратка служба не добил пензија. Летото 1840 година, речиси целосно ослепел, а кратко боледувал од споменатата туберкулоза.

Според зборовите на Тасило фон Хајдебранд унд дер Лаза, Рудолф фон Билгер:

„имал живи сини очи, црвеникава коса и силна брада.“[1]

Неговиот лик јасно бил претставен во литографијата од делото „Handbuch des Schachspiels“, за чиешто создавање имал особено големи заслуги.

Шаховска кариера[уреди]

Берлински шаховски мајстор[уреди]

Рудолф фон Билгер бил член на Берлинската шаховска заедница и бил дел од групата на шаховски мајстори, кои подоцна биле наречени, „Берлински плејади“. Негов предводник бил шаховскиот мајстор, Лудвиг Бледов.

Билгер се смета за исклучителен шахист, што го потврдуваат и неговите одиграни партии. Особено воодушевувал со неговата способност да игра шах на слепо. На 19 март 1840 година, одиграл симултанка, на која играл три партии, од кои две на слепо. Обете партии кои ги играл на слепо ги добил, но ја загубил третата партија. Овој успех за тоа време, бил повторен дваесетинагодини подоцна, кога Пол Морфи и Луис Паулсен постигнале сличен успех.

Шаховски теоретичар[уреди]

Иако важел за доста надарен шахист, Билгер е значаен во историјата и по неговиот придонес во шаховската теорија. Во 1839 година, издал монографија за отворањата под наслов „Одбрана со два коња“ (германски: Zweispringerspiel im Nachzuge), коешто во минатото било познато и како „Прусиска одбрана“. Во монографијата, варијантите во отворањето биле табеларно прикажани и дообјаснети со белешки.

Подоцна, Билгер го искористил начинот на објаснување во својата монографија како модел за делото „Handbuch des Schachspiels“. Делото се појавило три години по неговата смрт, а за издавањето се погрижил неговиот пријател, Тасило фон Хајдебранд унд дер Лаза. Делото станало многу влијателно и значајно во шаховската историја, а Рудолф фон Билгер постхумно добивал признанија за вложениот труд во неговото создавање.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Tassilo von Heydebrand und der Lasa: Paul Rudolph v. Bilguer, a.a.O.

Литература[уреди]

  • Peter Gütler: Paul Rudolph von Bilguer. Schachtheorie als Wissenschaft, Kaissiber, Nr. 12, Oktober-Dezember 1999, стр. 58-64.
  • Max Lange: Bilguer, Paul Rudolf von, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB), Bd. 2, Duncker & Humblot, Leipzig 1875, стр. 635 f.
  • Tassilo von Heydebrand und der Lasa: Paul Rudolph v. Bilguer, Deutsche Schachzeitung, Mai 1864, стр. 132-135.
  • „Шахматный словарь“, Москва, Физкультура и спорт, 1964, стр. 198.
  • „Шахматы: Энциклопедический словарь“, Москва, Советская энциклопедия, 1990, Стр. 37, ISBN 5-85270-005-3.

Надворешни врски[уреди]