Гистров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гистров
Гистровскиот замок, ремек-дело на ренесансната архитектура
Гистровскиот замок, ремек-дело на ренесансната архитектура
Знаме на Гистров
Грб на Гистров
Гистров се наоѓа во Германија
Гистров
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Градоначалник Арне Шулт (независен)
Основни податоци
Површина 70,86 км2
Надм. височина 14 м
Население 28.540 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 403 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18273
Повик. бр. 03843
Портал www.guestrow.de
Местоположбата на градот Гистров во рамките на округот Росток
Карта
Координати 53°47′38″ СГШ 12°10′35″ ИГД / 

Гистров (германски: Güstrow) — град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Росток, а воедно е и седиште на општинската заедница Гистров-Ланд, иако самиот не е член на општинската заедница.

Со население од 28.600 жители (2012) претставува седми најголем град во Мекленбург-Западна Померанија. Од 2006, Гистров службено го добил префиксот Барлахштат (Barlachstadt), наречен така по големиот експресионистички вајар и писател Ернст Барлах.

Градот е добро познат по Гистровскиот замок изграден во ренесансна архитектура и неговата катедрала во тулна готика со скулптурата „Летечки ангел“ на Барлах.[2]

Географија[уреди]

Градот Гистров се наоѓа 45 километри јужно од Росток на реката Небел, притока на Варнов. Каналот Бицов-Гистров е пловната врска до Варнов и се користи од туристите. Постојат пет езера (Инзелзе, Сумпфско Езеро, Парумско Езеро, Грундлоско Езеро и Глинско Езеро) и неколку пошумени подрачја околу Гистров.

Историја[уреди]

Името Гистров доаѓа од полапскиот збор „Гушчеров“ и означува место на гуштери.[3]

Во 1219 бил изграден вендскиот замок на местото на кое денес се наоѓа ренесансниот замок. Се верува дека Гистров е основан од Хајнрих Борвин II, внук на Хајнрих Лавот во периодот 1219-1226 и бил прв пат споменат во 1228 во декрет за градските права на Шверин, потврдени од синовите на Хајнрих Борвин II, кои ја изградиле катедралата како соборна црква во 1226. Гистров бил резиденција на војводите од Верле од 1229 до 1436. Во 1441 било основано првото здружение за стрелање во Гистров.

Судењето за осквернувањето на хостијата во 1330 завршило со палење на 23 Евреи и уништување на синагогата. Капелата на светата крв (Kapelle des heiligen Bluts) била изградена на местото на синагогата. Во 1503, 1508 и повторно во 1512 пожарите го уништиле градот, а во 1556 бил запален замокот.

По поделбата на Мекленбург (1621) станал главен град на малото војводство Мекленбург-Гистров.

Во 1695 умрел последниот војвода на Мекленбург-Гистров и со тоа војводството престанало да постои. Гистров станал дел од војводството Мекленбург-Шверин.

Познатиот вајар Ернст Барлах живеел во Гистров од 1910 до неговата смрт во 1938.

Знаменитости[уреди]

Постојат неколку познати знаменитости во Гистров:

  • Гистровски замок (Schloss Güstrow) — изграден во 1589 во ренесансен стил, како резиденција на војводите на Мекленбург. Замокот претставува една од најважните градби во областа на Балтичкото Море во ова време. Помеѓу 1963 и 1981 биле изведени сериозни зафати и била додадена ренесансна градина, прилагодена по описите во старите графики.
  • Гистровска катедрала — катедрала во тулна готика, изградена помеѓу 1226 и 1335. Поседува убав готски олтар (околу 1500), гробовите на војводата Улрих III и неговите две жени (XVI век) и прославениот „Летечки ангел“ (Schwebende Engel), најпознатото дело на експресионистичкиот вајар Ернст Барлах, создадено во 1926 во чест на жртвите од Првата светска војна.
  • Црква Св. Богородица — парохиска црква во тулна готика, делумно обновена во XIX век.
  • Ателјето на Ернст Барлах — прикажана е голема збирка на негови дела.
  • Градското собрание — првично изградено во XIII век и обновено околу 1800 година на главниот плоштад.

Луѓе[уреди]

Збратимени градови[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Гистров е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]