Бад Доберан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Доберан
Доберан Минстер, најважна религиска градба во тулна готика
Доберан Минстер, најважна религиска градба во тулна готика
Грб на Бад Доберан
Бад Доберан се наоѓа во Германија
Бад Доберан
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Градоначалник Торстен Земрау (независен)
Основни податоци
Површина 32,74 км2
Надм. височина 15 м
Население 11.427 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 349 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18209
Повик. бр. 038203
Портал Матична страница
Местоположбата на градот Бад Доберан во рамките на округот Росток
Карта
Координати 54°06′25″ СГШ 11°54′19″ ИГД / 

Бад Доберан (германски: Bad Doberan) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Претставувал административно седиште на поранешниот истоимен округ. Градот воедно претставува административно седиште на општинската заедница Бад Доберан-Ланд, иако не влегува во рамките на општинската заедница.

Географија[уреди]

Бад Доберан се наоѓа 15 километри западно од Росток и со тоа е дел од најразвојните области во североисточните делови на Германија. Градот се наоѓа помеѓу убави букови шуми на само шест километри од Балтичкото Море и е една од најстарите германски населби во Мекленбург. Денес, градот е многу популарно бањско одморалиште, благодарение на Хајлигендам, округ на Бад Доберан, сместен директно на балтичкиот брег. Историски, Доберан бил летна резиденција за мекленбуршките војводи, кои престојувале во Шверин и за нивната придружба.

Историја[уреди]

Име[уреди]

Името Доберан, првично Добран (Dobran), е име кое веројатно потекнува од словенско старополапско име, кое означува „добро“ (dobry).

Според легендата, името Доберан потекнува од манастирот кој бил тука изграден. Се вели дека галопирачки елен уплашил неколку лебеди, кои викале со страв „добре добре“. Поради тоа монасите го нарекле местото Доберан. Дури и денес, елен и лебед се наоѓаат на грбот на градот.

Среден век[уреди]

Бад Доберан бил запишан во 1177 како „вила Славика Доберан“ (villa Slavica Doberan), но уште во 1171 цистерцијанските монаси од манастирот Амелунгсборн во висорамнините Везер основале манастир во Алтхоф (Althof), три километри југоисточно од градот, сега дел од Бад Доберан. Во 1179, овие манастири биле главно уништени во словенското востание. Седум години подоцна, монасите повторно го основале манастирот на денешниот. Романескната манастирска црква, осветена во 1232, била заменета со готска црква по пожарот во 1291, изградбата веројатно започнала во 1295, со преостанатите делови на романескната црква вклопени во новата градба. Готската црква била осветена во 1368. Манастирот Доберан станал многу богат поради неговите економски активности и поради големиот имот. До распуштањето на манастирот во текот на Реформацијата во 1552, манастирот го обликувал развојот на селото Доберан. Дополнително манастирот постоело занаетчиско село, Камерхоф (Kammerhof), два паба, тулани, ковачници и неколку колиби (Kötter). Малку се изменило откако манастирот во 1552 бил предаден на војводата. Во манастирот било основано војводско биро, воденица и ловачка куќа.

Ран понов период[уреди]

Бад Доберан околу 1900
Шталбад
Парниот воз Моли (Molli) во Бад Доберан

Доберан поминал многу лошо во Триесетгодишната војна.

Статусот на Доберан бил значително подобрен во XVIII век, кога војводата на Мекленбург Фридрих Франц I го одбрал како место за рекреација и одмор на војводството семејство, мекленбуршкото благородништво, а подоцна и на богатата буржоазија. По Англија било сфатено дека пливањето во морето било особено корисно за здравјето. Поради тоа, во 1793, војводата се капел по совет на неговиот лекар од Росток, Самуел Готлиб Фогел, на Хајлигер Дам (Heiliger Damm) во Балтичкото Море, означувајќи го првото приморско одморалиште во Германија, Хајлигендам. Капачите останувале во Доберан и таму се забавувале, танцувале и јавеле коњи (веројатно првата коњска трка во Германија се одржала тука на 10 август 1822).

Доцен понов период[уреди]

Познати архитекти, како Карл Теодор Северин, студент на двата мајстори на класичната архитектура, Карл Готхард Лангханс и Фридрих Жили, и Јохан Кристоф фон Зајдевиц изградиле повеќе објекти во чист класичен стил: гостилницата (Logierhaus), салонот (Salongebäude) со неговата престижна балска соба, дворецот на принцот (Prinzenpalais), бањата Шталбад, неколку градски куќи и кинеските павалјони, вклучувајќи го прекрасниот парк Камп (Kamp). Благодарноста на принцот до градителот кој толку го изменил изгледот на Доберан бил мал и незначително, поради што Северин умрел во сиромаштија и заборав во Бад Доберан, каде е погребан на непознато место. Врвот траел само неколку декади (1793: 900; 1840: 3.000; 1870: 4.000 жители). Постепено се развивал Хајлигендам, некогаш само додаток на Доберан, во независно одморалиште, додека Доберан стагнирал.

Ни доделувањето на градските права на Доберан во 1879, ни изградбата на железничката линија од Росток преку Бад Доберан до Висмар во 1883/84, ни основањето на теснолиниската железница помеѓу 1886 и 1910 не ја изменила многу состојбата. Железницата, локално позната како Моли (Molli), сè уште работи денес преку Хајлигендам до Килунгсборн, поминувајќи низ центарот на градот.

Градот го заработил статусот на одморалиште и префиксот „Бад“ (Bad) во 1921 („Бад“ означува „бања“ или „одморалиште“ и е вообичаен префикс во Германија).

Во август 1932, Адолф Хитлер станал почесен граѓанин на градот; Бад Доберан бил првиот град во Германија кој го направил тоа. Всушност, бидејќи документот бил изгубен, постоело несогласување неколку години дали станал почесен граѓанин или не. Меѓутоа, во пролетта 1932, Нацистичката партија имала апсолутно мнозинство во Градскиот совет и објавувал статии во кое наведувано такво нешто, па така општо е прифатено дека на Хитлер му било навистина доделен ваквиот статус. Кога градот бил домаќин на самитот на Г8 во јуни 2007, на 2 април било одлучено дека Хитлер треба да биде отстранет од списокот на почесни граѓани, иако обично овој статус од овој вид завршувал по смртта на лицето.[2]

На 12 јуни 2011 се појавил документ кој наведува дека Розенкопф бил прв германски град кој го прогласил Адолф Хитлер за почесен граѓанин (на 22 јули 1932), а не Бад Доберан.

Повоен период[уреди]

Место на самитот на Г8 во 2007: Гранд Хотел Кемпински во Хајлигендам

Од околу 1965 до 1985 биле изградени големи станбени блокови во Бухенберг (1.049 единици) и Камерхоф (589 единици). Откако Источна Германија се распаднала, стариот дел на градот и манастирот Бад Доберан биле значително обновени како дел од програмната за урбан развој. Во 1994 бил создаден истоимениот рурален округ од окрузите Бад Доберан и Росток Ланд и општинската заедница Шван. Клиниката Морбад била отворена во 1996 во Бад Доберан, а во 1997 била отворена клиника во Хајлигендам. Од 2000, Бад Доберан поседува бања. Во 2005 било отворено новото Градско собрание. На 13 јули 2006, американскиот претседател, Џорџ В. Буш, преноќил во Хајлигендам.[3] Од 6 до 8 јуни 2007 се одржал самит на Г8 во Хајлигендам, на кој присуствувале Стивен Харпер (Канада), Никола Саркози (Франција), Ангела Меркел (Германија), Романо Проди (Италија), Шинзо Абе (Јапонија), Владимир Путин (Русија), Џорџ В. Буш (САД), Тони Блер (Обединето Кралство) и Жозе Мануел Барозо (ЕУ).

Култура и знаменитости[уреди]

Знаменитости[уреди]

Класицистичките градби кои се белег на Бад Доберан и Хајлигендам биле изградени помеѓу 1801 и 1836 од архитектот Карл Теодор Северин. Меѓутоа, најпознатата градба е Доберан Минстер (Doberaner Münster, 1368), која некогаш била црква на манастирот Доберан и е една од најизвонредните примери на тулна готика во балтичката област. Монументалниот гроб на Албрехт III може да се најде тука.

Бад Доберан е исто така дом на „Моли“, историската парна железница од XIX служи како туристичка атракција, како и секојдневен јавен превоз во градот и блиските села.

Градот одржува годишен фестивал посветен на музиката на Франк Запа, Запанале.

Музеи[уреди]

Градски музеј „Мекелхаус“ (Möckelhaus)
  • Градскиот музеј: постојана поставка за историјата на Доберан-Хајлигендам во старата куќа на архитектот и мајсторот Готхилф Лудвиг Мекел, кој ја изградил оваа неоготска вила од 1886 до 1888.
  • Куќа Ем Велк: културен дом во поранешната резиденцијата на писателот, Ем Велк

Историски споменици[уреди]

Споменик на паднатите војници во Првата светска војна
  • Споменик на војниците од Доберан кои загинале или исчезнале во Првата светска војна на ридот Бухенберг (локално познат како Бакенцан). Првичниот споменик бил отстранет. Денес постои бел крст пред споменикот. Бил изграден кон крајот на 1920-тите по дизајн на Ханс Карлсон.
  • Споменик од 1960-тите, дониран од писателот, Ем Велк, пред средното улилиште Бухенберг за жртвите на фашизмот.
  • Споменик од 1986 од вајарот, Рајнхард Дитрих, близу Минстер за жртвите на фашизмот.
  • Споменик од 1970 пред училиштето на Бетовенштрасе во чест на комунистичкиот пратеник, Ернст Шнелер, кој бил убиен во концентрацискиот камп Заксенхаузен. Училиштето го отстранило неговот име кое го носело во текот на Источна Германија.

Згради и култура[уреди]

Споменик на Фридрих Франц I во Хајлигендам
Крстот во Доберан Минстер
  • Манастирот Доберан и Минстер.
  • Капела Алтхоф од XV век. Еднокорабна градба, во тулна готика, која била украсена од Мекел во периодот 1886-1888.
  • Руини на манастирскиот амбар во Алтхоф, готска градба.
  • Хајлигендам, најстарот приморско одморалиште во Германија.
  • Камп, парк во англиски стил со прекрасни дабови, липи, костени и брези, кои создаваат уметничка единица со зградите во чист класичен стил.
  • Курхаус (Kurhaus), порано Logierhaus (изграден во 1793 од Фон Зајдевиц);
  • Салонот (Salongebäude), изграден во 1802 од Северин; неговата фестивалска сала има најдобро зачувана класицистичка внатрешност во Бад Доберан;
  • Големиот дворец (Großer Palais), изграден во 1806/09 од Северин.
  • Во близина на Северинштрасе се наоѓа куќата на војводскиот личен помошник, Гаетано Медини, (бр. 5), изградена од Северин во 1825, особено позната по неговата фасада.
  • На другата страна на Камп е Дворецот на принцот и куќата Готесфриден, кои биле изградени од Северин.
  • Црвениот и белиот павилјон (изграден 1808/09 и 1810 до 1813) во средина на паркот.
  • На ридот Темпелберг е старата водена куќа, изградбата започнала во 1927.

Спорт[уреди]

  • Коњска трка Балтичко Море (Ostseerennbahn): првата коњска трка во Германија, основана во 1823 година.
  • Фудбалски клуб Доберан (Doberaner FC).
  • Велосипедски/триатлонски клуб Доберан (Doberaner SV).
  • Ракометен клуб Доберан (Doberaner SV)
  • Атлетски клуб (Doberaner SV).

Партнерства[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]