Ленче Милошевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ленче Милошевскамакедонски поет, романописец и преведувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Милошевска е родена е на 7 септември 1947 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет, група англиски јазик и книжевност, во Скопје. Работела како уредник во издавачките куќи „Култура“ и „Македонска ннига“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1999 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Милошевска е авторка на книгите: Жедната земја моја (поезија, 1992), Кадилница на денот (поезија, 1996), Кумова слама (роман, 1997), Камени пораки (поезија, 1999), Три жени во три слики (роман, 2001), Сатанска печурка (роман, 2008), Одложена мисла (поезија, 2009), Аксиос ги дели приказните (роман 2010), Зборот е светлина (поезија, 2015), Шех Вардар (раскази, 2017), Недопрени бисери (раскази и блиц приказни, 2020).

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Има направено повеќе од дваест книжевни преводи и добитник е на наградите: „Божидар Настев“, „Ванѓа Чашуле“. Во 2019 година ја добила наградата на „Нова Македонија“ за краток расказ.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 159.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 93-96.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 357.