Валентин Гафт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валентин Гафт
Роден(а)Валентин Јосифович Гафт
Занимањеглумец
Активен1956 – 2020

Валентин Гафт (руски: Валенти́н Ио́сифович Гафт, 2 септември 1935 во Москва - 12 декември 2020 во Московска област) — советски и руски филмски глумец.

Неговиот татко, Јосиф, бил адвокат. Неговото семејство се преселило во Москва од Полтава, Украина. Во текот на Втората светска војна, неговиот татко служел во Црвената армија, а по завршувањето добил ранг на мајор.

Валентин Гафт дипломирал на Московскиот уметнички театар во 1957 година. Тој студирал заедно со други идни популарни глумци како Олег Табаков и Маја Менглет. Во кино Гафт започнал да работи во 1956 година. Кога дипломирал работел во голем број на други кина и театри.

Денеска, тој е еден од најпопуларните руски глумци. Во брак е со Олга Остроумова, исто така позната руска глумица.