Вања Изова Велева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вања Изова Велева
Роден/а4 септември 1972
Струмица, Македонија Македонија
Занимањепоет
НационалностМакедонка
Апсолвент наФилолошки факултет во Скопје
Значајни наградиНаграда „Празник на липите“
награда „Гарави сокак“
„Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“

Вања Изова Велевамакедонска поетеса.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Вања Изова Велева е родена во Струмица на 4 септември 1972 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Македонска книжевност со јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма за постдипломски студии под наслов „Културолошки студии во книжевноста“, и се здобила со звање магистер по културологија.

Вања Изова Велева е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година[2], член на интернационалното друштво на поети, член на претседателството на ДПМ 2000-2002 и 2002-2004 година, член на жири комисијата за наградата „Ацо Шопов“ во 2006 и 2008, и член на жири комисијата за наградата „Ацо Караманов“.

Дел од нејзината поезија е препеана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.

Творештво[уреди | уреди извор]

Вања Изова Велева ги објавила книгите поезија:

  1. „Вентил во постоењето“ 1993
  2. „Смртта на рибата“ 1995
  3. „Зашиени грла“ 1997
  4. „Правта не зборува“ 2002
  5. „Плач во кутија“ 2007
  6. „Бездна угоре“ 2010
  7. „Позајмена прашина“ 2013
  8. „Безмалку“ 2016
  9. „Чекор по жица“ 2018

Исто така е автор е и на прозните записи:

  1. „Неколку легенди за Струма“ 2011
  2. „Жената и каменот“ 2013 (магистерски труд).

Соавтор е на монографското издание „Чекори по ѕвездените штици“.

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Вања Изова Велева во САД станала добитник нависоко поетско признание.[3]

Добитничка е на следните награди:

  • прва награда на манифестацијата „Празник на липите“
  • трета награда од „Меѓународното друштво за поезија“ (2005)
  • втора награда на „25-тите Караманови средби“
  • награда во книгата „Гарави сокак“ на Деветнаесеттата меѓународна средба на поети во 2008
  • општинска награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“ во Струмица, за посебен придонес во областа на културата и образованието во 2015.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jovan Pavlovski, Rade Siljan, Vele Smilevski (2004). Makedonski pisateli (3. изд.). Društvo na pisatelite na Makedonija.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 52.
  3. „Високо поетско признание од САД за Вања Изова Велева“. А1. 3 март 2006. Посетено на 2010-12-14.