Изадора Данкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изадора Данкан

Изадора Данкан (англиски: Isadora Duncan; 26 мај 1877 – 14 септември 1927) На почетокот, како датум на раѓање се сметал 27. Мај 1878г.) била американска танчарка. Родена како Ангела Изадора Данкан во Сан Франциско, Калифорнија. Многумина ја сметале за мајка на модерниот танц. Иако популарна само во Њујорк, САД, подоцна во нејзиниот живот настапувала и низ Европа.

Рани години[уреди]

Данкан е најмладото од четирите деца на Џозеф Чарлс Данкан – банкар и Мери Дора Греј, најмладата ќерка на Томас Греј- сенатор на Калифорнија. Останатите деца се Елизабет Аугустин и Рајмонд. Веднаш по раѓањето на Изадора, Џозеф Данкан ја изгубил банката, останувајќи јавно посрамотен. До 1880год. нејзините родители биле разведени (документите биле изгубени во земјотресот во Сан Франциско), а Дора се преселила со нејзината семејство во Оукленд каде што работела како пијанист и професор по музика. Во раните години, Данкан одела на училиште, но откако сфатила дека ù ја нарушува индивидуалноста, се откажала. Бидејќи фамилијата ѝ била многу сиромашна, заедно со сестра ù давале часови по танц на локалните дечиња, со цел да заработат некој денар.

Во 1895год. станала дел од театарската компанија Аугустин Дејли во Њу Јорк, но наскоро се разочарала од формата. Во 1899г.одлулачи да се пресели во Европа, пред сè во Лондон, а по една година во Париз. Во период од две години, успеала да се здобие и со озогласеност и со успех.

Кариера[уреди]

Изадора Данкан настапува боса. Слика на Арнолд Џенте за време на нејзината американска тура од 1915-1918год.

Боемската околина која што се развивала на Монтпарнасе не ù прилегала. Во 1909г. се преселила во два големи апартмани на 5 Ру Дантон (5 Rue Danton). Живеела на долниот кат, а првиот кат го користела за нејзиното танцово училиште. Боса, облечена во прилепени шалови и лажни грчки туники, таа создадала примитивистички танц за да им се спротистави на нефлексибилните стилови од тоа време. Таа била инспирирана од класиците, особено од грчкиот мит. Ги отфрлила традиционалните балетски чекори за да ја нагласи импровизацијата, емоцијата, човечката форма. Изадора верувала дека класичниот балет, со своите стриктни правила на држење и развивање е "гаден и против природата".Со тоа придобила широка маса на следбеници кои ù овозможиле да основа школо во кое ќе може да предава.

Станала толку позната што инспирирала уметници и автори да создаваат скулптури, накит, поезија, романи, фотографии, акварел, печатени текстови и слики. Кога се изградил Театарот на Елисејските Полиња во 1913 г., нејзиниот лик бил изгравиран во bas-relief над влезот од страна на скулпторот Антоан Бурдел и бил насликан на муралите за деветте музи од Маурис Денис во аудиториумот.

Во 1916г. Данкан патувала во Бразил и во август настапувала во Teatro Municipal во Рио де Жанеиро, а на 2ри, 3ти и 5ти септември во Teatro Municipal во Сао Паоло заедно со пијанистот Маурис Думеснил. Писателот и новинар, Паоло Барето, познат како João do Rio тврдел дека ја видел како игра "гола" во шумата Тијуха, пред најпознатиот водопад во Рио.

Во 1922г. на свое сожалување, учествувала во социјално- политичката револуција во Советскиот сојуз, преселувајќи се во Москва. Била главен лик во сè посуровиот пост-револуционистички главен град, но нејзината меѓународна проминенција ги добредошла новиот уметнички режим и културното ферментирање. Неуспехот на руската влада да ги следи екстравагантните ветувања за поддршка на делото на Данкан, искомбинирани со спартанските услови за живот во земјата, ја испратиле Данкан назад на Запад во 1924г.

Низ нејзината кариера, Данкан не ги сакала комерцијалните аспекти на јавниот настап, во однос на тури, договори и други практикалии како отргнувачи од нејзината вистинска мисија: содзавање убавина и образование на младите. Надарен, неконвенционален педагог, таа била основачот на три училишта, посветена да ја всади нејзината философија врз групи од млади девојчиња (краткиот напор да вклучи и момчиња бил неуспешен). Првото училиште, во Грунвалд, Германија ја истакнало нејзината најпозната група на ученици, наречена „Изадорабли“ (Isadorables) по нејзиното име, кои подоцна настапувале и со Данкан но и самостојно. Второто постоело многу кратко поради Првата Светска војна, во еден замок надвор од Париз, додека пак третото било дел од нејзините бурни искуства во Москва при будењето на Руската револуција.

И предавањето, како и нејзините ученици ù предизвикувале гордост но и патење. Сестра ú, Елизабет Данкан, го презела германското училиште и го приспособила според тевтонската [(пра)германска] философија на нејзинот сопруг – Германец. Изадораблите биле предмет на долготрајното заплашување од страна на Данкан поради нивната желба да настапуваат комерцијално, па дури и една девојка, Лиза Данкан била трајно исклучена поради настапите во ноќни клубови. Најистакнатата од групата, Ирма Данкан, останала во Советскиот сојуз по заминувањето на Данкан и го водела училиштетото таму, повторно нервирајќи ја Данкан со тоа што им дозволувала на студентите да изведуваат премногу јавно и премногу комерцијално.

Приватен живот[уреди]

Изадора Данкан и Сергеј Есенин

Таа им се потсмевала на традиционалните обичаи и на моралните норми како во професионалниот, така и во приватниот живот. Во 1922г. се омажила за рускиот поет Сергеј Есенин кој бил 18 години помлад од неа. Есенин ја придружувал на турата во Европа, но неговите чести пијани изливи на бес, кои резултирале со уништување на мебелот и кршење на вратите и прозорците од нивните хотелски соби, кои биле се позачестени, довеле до голем негативен публицитет. Следната година, ја напуштил и се вратил во Москва, каде што наскоро боледувал од ментално растројство и бил сместен во душевна институција. Како што се наведува, штом бил пуштен од болница, на 28ти декември 1925г. на возраст од триесет, извршил самоубиство.

Данкан родила две деца, двете вонбрачни – првото, Деирдре (родена на 24ти септември 1906г.) од театарскиот дизајнер Гордон Крег, а второто, Патрик (родено на 1ви мај 1910г.)[1], од Париз Сингер, еден од многуте синови на магнатот за машини за шиење, Исак Сингер. Нејзиниот приватен живот бил предмет на значаен скандал, особено по несреќата во која Деирдре и Патрик се удавиле во реката Сена на 19ти април 1913г. Децата биле во колата со нивната негувателка, враќајќи се дома по ручекот со Изадора и Парис Сингер. При обид да одбегне судар, шоферот ја запрел колата. Излегол надвор да го стартува моторот, но заборавил да ја активира кочницата за итни случаи, па веднаш штом пробал да ја стартува колата, таа се лизнала по булеварот Бурдон при што ја срушила банкината, слизнувајќи се во водата. Децата и негувателката се удавиле.[1].

По несреќата, Данкан поминала неколку месеци на Крф за да закрпне со брат и сестра ù. По ова, поминала неколку недели во одморалиштето покрај море, Виареџо со актерката Елеонора Дусе. Фактот дека Дусе само што излегувала од лезбејска врска со младата бунтовна феминистка Лина Полети предизвикал шпекулации во врска со природата на врската помеѓу Данкан и Дусе. Сепак, не постојат никакви сигурни докази дека двете биле љубовни.[2] Изадора Данкан, во својата автобиографија вели дека молела млад италијански странец да спие со неа поради очајноста да има друго дете. Впрочем и останала бремена веднаш по смртта на нејзините деца. Родила син кој живеел само неколку часа и никогаш не бил именуван.

На нејзината последна тура во САД во 1922-23-тата година, таа мавтала со црвена марама и ја разголела градата на сцена во Бостон, при што изгворила: "Ова е црвено! Како и јас!" Била бисексуалец, што и не било несвојствено за раните холивудски кругови. Имала долга и страсна афера со поетесата Мерцедес де Акоста и веројатно била блиска и со писателката Натали Барни.[се бара извор]

Данкан и де Акоста редовно си пишувале при што и ги откривале писмата. Во едно од 1927г. Данкан напишала: (цитира Иго Викерс во "Loving Garbo") "...Витка става, рацете нежни и бели, на мое уживање, две никулести гради, тркалезни и слатки, ја нудат мојата гладна уста со храна, каде две дојки, стегнати и розови, ја убедуваат мојата жедна душа да пие, а подолу пак, тајно место каде што со уживање би го сокрила моето верно лице..."[3] Во друго писмо за де Коста од Данкан, таа пишува: "Мерцедес, води ме со твоите мали силни раце и јас ќе те следам – на врвот од планината. До крајот на светот. кадешто ќе посакаш." Изадора, 28ми јуни 1926г.[3]

Еднаш де Акоста изјавила дека уште од моментот кога за прв пат ја здогледала Изадора Данкан,  си ја претставила како огромен генијалец и била понесена од неа целосно.[3]

Подоцнежен живот[уреди]

При крајот на живот, изведувачката кариера на Данкан постепено исчезнувала, а таа се озлогласувала не само поради финансиските маки, скандалозниот љубовен живот и премногу честите пијанства, туку и поради придонесите за уметноста. Последните години од својот живот ги поминала селејќи се низ Париз и медитеранот, покривајќи хотелски трошоци или поминувајќи малку време во апартманите што намалениот број на пријатели и поддржувачи ги изнајмувале во нејзина корист. Повеќето од нив се труделе да ù помогнат во пишувањето автобиографија, со надеж дека тоа ќе биде доволно успешно за да може да се издржува. Во груби црти, Зелда Фитцгералд се присеќава како таа и Скот седеле во едно париско кафуле гледајќи ја пијана Данкан. Ф. Скот Фитцгералд би рекол дека тоа било толку вредно за паметење, додека пак Зелда се сеќава дека додека сите очи биле вперени во Данкан, таа можела да ги украде солниците (во форма на минијатурни такси-возила) од масата.

Сивел Стоукс, кој ја запознал Данкан во последните години од нејзиниот живот, кога била без скршен денар и сама, во нејзината книга Isadora, an Intimate Portrait ја опишува нејзината екстравагантна самоволност. Автобиографијата на Данкан, My Life била издадена во 1927г. Композиторот Прси Грејгер, автобиографијата на Изадора ја нарекува “ремек-дело, збогатено со живот“.[4]

Смрт[уреди]

Гробницата на Изадора Данкан на гробиштата Père Lachaise

Нејзината наклонетост кон марами кои се веат била причината за нејзината смрт во една налудничава, автомобилска несреќа во Ница, Франција, вечерта на 14ти септември 1927г. на возраст од 50. Марамата била рачно насликана од уметникот кој е роден како Русин, Роман Чатов. Несреќата дала повод за саркастичната забелешка на Гертруд Штајн дека "преправањата можат да биде опасни."

Данкан била минувач во Амилкар[5] – автомобилот на згодниот француско-италијанскиот механичар Бенут Фалчето, кого таа го нарекувала "Бугати". Пред да влезе во автомобилот таа ù рекла на пријателка си, Мари Дести и на некои придружници, "Adieu, mes amis. Je vais à la gloire!"(„Пријатно, пријатели, заминав по слава!“). Сепак, според дневниците на американскиот раскажувач Гленвеј Вескот, кој во тоа време бил во Ница и го посетил телото на Данкан во мртовечницата (неговите дневници се наоѓаат во библиотеката Бајнек при универзитетот Јеил), Дести признала дека лажела за последните зборови на Данкан. Наместо тоа, таа му рекла на Вескот – Данкан всушност рече: "Je vais à l'amour"(„Заминав по љубов!“). Дести сметала дека тоа што го рекла Данкан било премногу срамно за да влезе како последен епилог во историјата на легендите, особено што тоа објаснувало дека Данкан се надевала дека таа и Фалчето оделе до нејзината хотелска соба на љубовен состанок.

Без разлика на нејзините последните зборови, кога Фалчето го запалил автомобилот и тргнал, долгата свилена марама на Данкан, подарок од Дести, се заглавила на едно од тркалата и задната осовина. Како што The New York Times објави во посмртницата – "Изадора Данкан, американската танчерка, вчера трагично загина на ривиерата во Франција. Според соопштенија од Ница, г-ца Данкан на чуден начин паднала од отворениот автомобил во кој се возела и веднаш починала поради јачината на ударот со која паднала на плочникот."[6] Други извори ја опишуваат незијанта смрт како последица од давење, каде што се споменува дека дури и главата и била отсечена од счучајното затегнување на марамата околу нејзиниот врат.[7]

Изадора Данкан била кремирана, а нејзината пепел била сместена до тие на нејзините сакани деца[8] во „колумбариумот“ на гробиштата Пер Лашез во Париз.

Кога починала била првиот граѓанин на Советскиот сојуз, кој сакал да биде условно ослободена во САД.


Наследство[уреди]

Инсисистирањето на Данкан на поприродни движења во балетот, неограничените костуми и емоционални изрази, во широки размери, влијаеле врз другите танчари. Иако нејзините училишта не траеле долго, нејзиното дело имало влијание во уметноста. Честопати се сметала за основач на модерниот танц.

Популарна култура[уреди]

Филм[уреди]

Животот на Изадора Данкан највидно е отсликан во филмот Isadora, од 1968г. каде Ванеса Редгрејв ја игра главната улога. Вивијан Пиклс ја играше во биографскиот филм на Кен Расел од 1966-та г. за БиБиСи, насловен како 'The Biggest Dancer in the World' и воведен од страна на биографот на Данкан, Сивел Стоукс.

Во други филмови, сценаријата вклучувале референици од Данкан како инспирација.

  • Kако поттема во филмот Four Friends (1981), главниот лик Џорџија, Џуди Телин постојано алудира на Изадора Данкан како нејзина сродна душа.
  • Во анимираниот филм Anastasia (1997), Изадора Данкан лик се појавува кратко за време на делот "Paris Hold the Key to her Heart".
  • Во Bull Durham, Ени Севој (ја игра Сузан Сарадон) споменува обожавање на Буда, Алах, Брахма, Вишу, Сива, дрвја, печурки и Изадора Данкан, во почетниот монолог "Church of Baseball".
  • Во Serpico, Френк Серпико (Ал Пачино) споменува дека ја читaл "My Life" од Данкан.
  • Во цртаниот Дизни филм, The Weekenders'', Тиш оди во продавница за костуми да бара Данкан костум.

Танц и театар[уреди]

Музика[уреди]

  • Данкан се споменува во песната на насловната шпица на популарното шоу Maude. од 1970-тите години.
  • Роберт Калверт сними песна за Данкан на неговото Revenge LP. Песната се вика "Isadora".
  • Салса дивата, Челиа Круз испеа песна, насловена како "Isadora" во чест на Данкан.
  • Данкан е "кутрата девојка која танцува", на која се алудира во песната "Radio America" на Д Либертинс (The Libertines).
  • Финскиот музичар Џус Лескинен сними песна, наречена "Isadora Duncan".
  • Д Магнетик Филдс (The Magnetic Fields) испеале "Like Isadora Duncan II, in impossibly long white scarves" во нивната песна "Jeremy".
  • Вик Чеснат сними песна, наречена "Isadora Duncan", на неговиот прв албум Little. Ја нарече "песна со која се проби".
  • Токинг Хедс (Talking Heads) пеат "Je me lance vers la gloire", нејзините (веројатно) последни зборови, во нивната песна "Psycho Killer".
  • Елиот Мрфи напиша песна, наречена "Isadora's Dancers" на неговиот албум Night Lights од 1976г. *Рускиот пеач Александар Малнин сними песна за смртта на Изадора Данкан.
  • Рускиот бенд Ленинград (Leningrad) има песна за неа на нивниот албум Pulya.
  • Д Константинс(The Constantines), пеат "Collect the body of Isadora Duncan" во нивната песна "The Long Distance Four", од албумот Constantines''.
  • Соло песната "Salome" на Пит Доерти содржи лирика, "as she dances and demands the head of Isadora Duncan on a plate".
  • "Isadora Duncan" е песна од бендот Берден оф а деј (Burden of a day). Тоа е песна број 7 на нивниот албум OneOneThousand.

Литература[уреди]

  • Во Passage, на Кони Вилис, како глава 15 се употребуваат последните зорови на Изадора.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Kurth, Peter (2001). „Isadora, a Sensational Life“. Little Brown. ISBN 0316507261. 
  2. „Duse, Eleanora (1859-1924)“. „glbtq: An Encyclopedia of Gay, Lesbian, Bisexual, Transgender, and Queer Culture“. 2006-09-10. http://www.glbtq.com/arts/duse_e.html. конс. 2 јули 2007. 
  3. 3,0 3,1 3,2 The Old Dyke (2001-05-12). „Mercedes de Acosta and her Friends!“. „The Old Dyke: Omnibus Edition“. http://www.theolddyke.co.uk/mercedesfriends.htm. конс. 2 јули 2007. 
  4. "Self Portrait of Percy Grainger", ed. by Malcolm Gillies, David Pear, & Mark Carroll, Oxford University Press, 2006, p. 116.
  5. http://www.historicracing.com/top100.cfm?driverID=2892&today=on&fromrow=1
  6. ISADORA DUNCAN, DRAGGED BY SCARF FROM AUTO, KILLED; Dancer Is Thrown to Road While Riding at Nice and Her Neck Is Broken“ (Fee), „The New York Times“, 1927-09-15 (конс. 2 јули 2007).
  7. Biographical page at the Isadora Duncan Dance Foundation
  8. Nicola Kavanagh (May 2008). „Decline and Fall“. „Wound Magazine“ (London) (3): 113. ISSN 1755-800X. 
  9. Isadora (1981 ballet): Barry Kay Archive website. Retrieved on 6 април, 2008.

Понатамошно читање[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Портал „Dance